логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Vindz.Bozik.jpg
 
ДЕ П Р Е С И J А
Oдвреме навреме сите ние запаѓаме во лошо расположение или во атмосфера на разочараност и очаj. Понекогаш лошото расположение може да помине брзо а во многу случаи тоа може  да го тишти човек и подолго време. Кога лошото расположение потрае подолго и кога е комбинирано со чувства на апатиjа, малодушност, незаинтересираност и разочарување, тогаш се работи за ментално  растроjство кое во науката е познато како депресиjа.
Што е депресиjа? Кои се причините за запаѓање во неа и како може да се надмине?
Депресиjата е броj еден ментален проблем на денешниот современ човек. Тоа е поразувачко ментално пореметување кое многу често предизвикува фатални последици по животот на луѓето. По разни статистики се констатира дека 6% од вкупното население во високоразвиените индустриjски земjи боледува од оваа ментална болест. Всушност преку 20 милиона возрасни американци денес годишно страдаат од ова болест. Исто така депресиjата е броj еден за разните самоубиjства, така што околу 15% од оние кои страдаат од депресиjа извршуваат самоубиjства.
Кога човек е заробен од депресиjата животот му изгледа безначаен, невреден, енергиjата и духот се долу, радоста и хуморот исчезнуваат, времето застанува. Секоjа мисла е негативна и болна, смртта изгледа како единствена алтернатива за ослободување од таквата безнадежна состоjба. За многумина  депресиjата е како темен тунел или пештера без излез.
Каква е оваа мистериозна ментална болест коjа може да нападне секого:  и богати и сиромаси и млади и стари, одненадеж без предупредување?  Каква е оваа болест коjа може да уништи кариери, бракови и цели фамилии?
Инаку, во екот на депресиjата и Господ изгледа далеку, нереален, така што и верата ако била присутна пред тоа, многу не помага.
Некои сметаат дека верниците се имуни на депресиjата, но Svetoto Pismo ни дава многу примери кои го потврдуваат спротивното.  Имено можат да се наjдат во неа полно примери на Божjи луѓе, кои страдале од депресиjа и очаj.
Библиjата како Божjа книга, книга на реалноста, третира и опишува разни ситуации, разни карактери, луѓе кои триумфираат и луѓе кои пропаѓаат, луѓе кои се горе и луѓе кои се долу.  Интересно е да се нагласи и тоа дека, многу од добрите луѓе чии истории се опишани во Библиjата, се опишани заедно со моментите на нивните неуспеси или разочарувања, односно со моментите на очаj и депресиjа, со моментите кога посакуваат да умрат, се да заврши.
Идеален пример на ваквва личност во моменти на депресиjа од Стариот Завет е светиот пророк Илиjа. Сите ние го знаеме пророкот Илиjа како громогласен и бестрашлив борец за правдата, како човек коj имал огромна храброст да му се исправи и на наjсуровиот цар Ахав и да го прекори за сите неправди кои ги вршел на народот.  Но истиот тоj силен и бестрашлив пророк запаѓал во депресиjа и очаj.
Во I-ва Цареви, 18-19 глава, се опишува дека веднаш по неговиот триумф над лажните Ваалови свештеници, тоj бега преплашен од царицата Jезевела.  Така пророк Илиjа е хероj во една глава, а во друга се однесува како наjголем страшливец, кога бегал да го спаси голиот живот.   Кога побегнал во пустината, се вели седнал под едно дрво и почнал да се моли да умре што поскоро.  Тоj вели: " Што е доста, доста е, сега Господи земи го моjот живот, бидеjќи ниту jас не сум подобар од моите претци ".
Пророк Илиjа се чувствувал поразен и разочаран, сакал што поскоро да умре.
Некоj може да рече дека пророк Илиjа не бил доволно блиску до Бога затоа паднал духовно толку долу.  Но во секоj случаj тоа не била причината, бидеjќи во негово време немало човек коj можел поблизу да општи со Бога.
Посебно го наведувам примерот на Светиот пророк Илиjа, со цел да укажам на фактот дека и наjголемите Божjи угодници не се имуни на депресиjата, дека и тие како и сите други луѓе можат да западнат во очаj.
Како можеме да jа препознаеме депресиjата? Кои се неjзините карактеристични знаци?
Карактеристичните симптоми на депресиjата не се разликуваат многу од оние општи состоjби кога се чувствуваме нерасположени, лежерни, незаинтересирани и разочарани, кога имаме лоши денови, денови на недоразбирања, напнатост и конфликти со ближните.
Една од главните карактеристики на клиничката депресиjа е кога овие симптоми траат подолго време, кога не се менуваат во период од 2-3 недели и подолго, кога нивниот интензитет се зголемува; кога се поврзани со пореметување на спиењето, губење на апетитот, и воопшто губење на интерес за работи кои претходно ни биле интересни.
Депремираниот човек постанува негативно интроспектив.  Губи доверба во себе, се чувствува беспомошен, сам, напуштен, со впечаток дека никогаш нема да се опорави. Се чувствува празен, безначаен, без вредности и цели.
Депремираните луѓе се чувствуваат несакани и недостоjни за сакање и прифаќање од другите.  Депремираните своите животи ги сметаат уништени, тотално безвредни, без никакви шанси за помош и поправање. Нивната душа претставува како црна дупка коjа ги абсорбира сите напори за надминување на болеста, без никакви позитивни знаци.
Исто така, каj овие луѓе се приметува недостаток на грижа за нивниот надворешен изглед. Обично не се бричат, не се чешлаат и одат запуштено.  Не им е важно дали се чисти или не.
Овие промени во мислите, расположението и однесувањето, се jасни знаци за паѓање во депресиjа, особено ако сето  ова се случи брзо и без предупредување.  Ова укажува на фактот дека депресиjата е пореметување на расположението со предвидливи знаци и карактеристики.  Инаку депресиjата е болест за коjа може  лесно да се постави диjагноза и коjа може успешно да се лекува преку разни терапии и медикаменти.
Што предизвикува депресиjа?
Постоjат повеќе причини за паѓање во депресиjа. Наjпрво мораме да истакнеме дека депресиjата може да биде нормална реакциjа на загубата.  Пример, губење на брачен другар или член на фамилиjа, може да предизвика депресиjа.  Исто така губење на работа, позициjа, одредени материjални добра, или губење на можност за остварување на некоj стремеж или желба, може да биде причина за депресиjа.
Овоj тип на депресиjа се нарекува реактивна депресиjа, бидеjќи претставува реакциjа на некое неприjатно или разочарувачко искуство.  Но одредени силни поразителни загуби можат да предизвикаат хронична депресиjа.
Многу луѓе со време се опоравуваат од реактивната депресиjа предизвикана од некоjа загуба и повторно си живеат нормален ментално здрав социjален живот.  Но каj некои депресиjата постанува доминантно чувство кое преовладува над се.  Тие го очекуваат наjлошото. Нивните негативни мисли постануваат причина и за развивање на одредени физички аномалии и болести.
Како што реков, реактивната депресиjа може да биде нормална, но треба да се умее и да се знае да се контролира. Во животот човек треба да прифати дека нормално е да има издигнувања и падови, успеси и неуспеси.  Човечки е да се умее, да се прифаќаат и двете искуства. Но за да се умее да се прави ова потребна е голема емоционална зрелост понекогаш и повеќе од она што можеме да процениме.
Друга главна причина за депресиjа се нашите тела и начинот на коj живееме и се однесуваме кон сопственото битие. Во оваа смисла, недоволната грижа како за нашата душа, така и за нашето тело може да биде причина за депресиjа.  Ова значи дека неутралноста и пасивноста на духот како и недоволната физичка активност на телото може да предизвика нарушување на психо-физичкиот баланс и активирање на хемиски процес во организмот што предизвикува нерасположеност и очаj.  Така со време може лесно да се развие хронична депресиjа.
За да се превентира ваквата можност, се препорачува физичка активност и вежбање. Резултатите од многу научни студии сврзани со спортувањето и физичкото вежбање укажуваат на фактот дека вежбањето во голема мера го подобрува емоционалното чувство.
Ова укажува на заклучокот дека, луѓето кои вежбаат психолошки се разликуваат од оние кои се пасивни и неактивни.  Затоа кога ке се прашаат многу луѓе кои вежбаат зошто со години вежбаат, тие наjчесто одговараат затоа што се чувствуваат подобро.  Таквото чувство во секоj случаj ги прави емоционално отпуштени, послободни и помалку склони на депресивни напади.  Вежбањето им jа поправува сликата за себе, така што стануваат позадоволни од себе позитивно настроени кон животот и помалку се жалат.
Ова укажува на фактот дека физичкото вежбање во голема мера го поправа емоционалниот баланс на човекот, помага во превенциjата или надминувањето на депресиjата. 
Ова го потврдува ставот на Светиот Апостол Павле коj вели:  "да се прославува Бога во своите тела и во своите души" (I Коринт.)  Занемарувањето како и неправилното одржување и негрижа за телото, jа намалуваат неговата ефикасност и ги зголемуваат негативните тензии за дестабилизациjа на нашиот психо-физички систем.  А сето тоа води кон нарушување на нашето психо-физичко здравjе.  Така стануваме лесен плен на депресиjата и на разните други ментални пореметувања.
Вежбањето го подига духот и го поправа нашето расположение. Современата медицина знае дека со вежбањето се зголемува присуството на "ендорфин " во мозокот, hormon коjа го прави нашето расположение.  Значи повременото вежбање денес се смета како главно средство за превенциjа и надминување на депресиjата.  Повременото вежбање може да направи голема разлика во квалитетот на нашиот живот.  Затоа повелете, вежбаjте! 
Druga va`na sodr`ina za nadminuvawe na depresijata e dietata,  odnosno potrebata od konsumirawe na pravilna hrana, hrana koja sodr`i omega 3 i omega 6.  Ovie elementi naj~esto gi sodr`at morskite ribi i raznite semiwa. Isto taka, deprimiranite lu|e treba da zemat sekoj den multivitamini so minerali i da jadat dosta ovo{je i zelen~uk.
Но што да се прави кога сето ова го знаеме и исполнуваме а депресиjата и понатаму останува присутна?
Кога депресиjата е присутна подолго време и кога постанува хронична, потребно е да се побара помош веднаш за да се намалат неjзините последици. Кога личноста е заробена од хронична депресиjа, прво што треба е да се побара помош од фамилиjарниот доктор.  Ова е потребно бидеjќи многу често постоjат физички пореметувања кои предизвикуваат депресиjа.
Многу физички болести се пропратени со депресиjа како еден од нивните симптоми.  Така, депресиjата коjа е предизвикана од некоjа физичка болест се нарекува клиничка депресиjа иако болеста може да биде лесно излечива.  Околу 10-12 милиони годишно на овоj Северно-Американски континент страдаат од оваа депресиjа. Но важно е да се нагласи и тоа дека од 80% до 90% овоj тип на депресиjа успешно се лекува.
Биолошката депресиjа е посебен тип на депресиjа коjа е резултат на пореметувањето на хемиската структура во мозокот.  Како причина за биолошка депресиjа може да биде хормонолошкото пореметување сврзано со менструалниот циклус каj жените или раѓање на деца. Кога се работи за биолошка и генетска депресиjа, многу малку помага психологиjата и разните психотерапии.  За вакви типови на депресиjа потребен е медикаментен третман, односно лекување преку земање на лекови (апчиња) кои се нарекуваат антидепресонанти.
Затоа кога ќе се случи некоj од нашите блиски да западне во депресиjа, потребно е веднаш да се реагира и лицето наjхитно да се однесе на лекар. Денешната медицина успешно jа лекува депресиjата од секаков вид.  За некои видови на депресиjа доволна е психо-терапиjа, за други медикаментна терапиjа а во наjкритични ситуации и лекување во болница.  Како наjважно е депремираното лице што побрзо да се однесе на лекар.  Што побрзо, толку подобро и побрзо излекување.
Инаку, кога член во фамилиjата сериозно е депримиран, сите членови се болно ефектирани.  Така кога таткото или маjката или брат или сестра одненадеж се наjдат во состоjба на очаj и разочарување, како ќе постанат различни, тогаш целото семеjство треба да биде спремно за постоjана помош и подршка на болното лице. Наjважно е фамилиjата да jа разбира природата на болеста и да создаде организирана помош. Треба да се знае коj, кога и како ќе помага на болното лице.
Постоjана и траjна подршка и помош, е она што наjповеќе и е потребно на депремираната личност.  Исто така потребно е и постоjано убедување на болното лице дека ќе биде подобро и дека ке се промене полека состоjбата на подобро.  Потребно е да му се влее надеж и да се потстрекни во него желба за промена на состоjбата. Ова може да биде многу тешка работа, но тоа ќе го зацврсти фамилиjарното единство и ќе jа зголеми фамилиjарната взаемна љубов.  Паралелно со постоjаната грижа, потребни се и постоjани молитви за и со депремираниот член.  Ова значи дека треба да се бара помош и од Бога, Бог да интервенира во нивната мака и со Своjот Свет Дух духовно и телесно да го оснаже болниот.  Многу пати Бог одговарал на топлите и искрени молитви на верните кога искрено се молат за некоj своj ближен.  Господ Коj сочувствува со маките и страдањата на луѓето, никогаш не останува глув на молитва во коjа провеjува чувството на љубовта.  Неслучаjно Он рекол: "Доjдете при мене сите вие кои имате тешкотии и маки и jас ќе ве успокоjам".
Од сето ова можеме да заклучиме дека депресиjата е резултат на внатрешни и надворешни причини, на причини кои наjчесто се од духовна природа. Умот, телото и душата се неразделно поврзани заедно. Затоа многу е погрешно кога како причина за депресиjата се зема само еден дел од овие три важни компоненти на човечкото битие. Депресиjата пред се е емоциjа, нешто што го терети и уништува духот.
Бо Библиjата Господ jа поврзува нашата емоционална состоjба на среќа или жалост со нашето однесување, односно како емоционална последица на нашето добро или лошо однесување.  Господ Исус Христос вели: "Ако ги знаете овие работи и ги извршувате, ке бидете среќни".
Значи среќата, позитивната емоционална состоjба зависи од правењето на добри и правилни работи.  Затоа е потребно да се види врската помеѓу нашето расположение и нашето однесување.
Во барањето на причините за депресиjа треба да погледнеме на нашиот живот.  Искуството покажува дека ние, заедно со нашите акции, сме причина за многу наши проблеми.  Затоа пред да ги бараме причините за депресиjа во разните надворешни фактори, потребно е наjпрво да направиме ревизиjа на нашиот живот, односно на сето она што предизвикува нашите тешки и негативни емоции.
Нашата православна вера отсекогаш обjаснувала дека два различни начини на живот имаат различни последици.  Божjи начин коj предизвикува задоволство, мир и позитивни и приjатни емоции и погрешен начин на живот коj произведува негативни и неприjатни емоции како лутина, омраза, љубомора, страв и кривица.
Гледано од перспектива на нашата вера, квалитетот на нашиот духовен живот зависи од нашите избори, од нашите вредности и однесувања.  Затоа треба внимателно да водиме грижа за тоа, со што е окупиран нашиот ум и што го заробува нашето срце.  Мислите во умот и желбите во срцето кои jа градат духовната содржина на нашето битие се главните фактори кои ги условуваат и нашите акции и интеракции со светот што не опкружува.
Ако нашите мисли и стремежи се во склад со Христовото евангелие и неговите принципи, тогаш и нашите акции и интеракции со ближните ќе бидат позитивни и правилни.  Како што видовме резултатот од правилниот однос кон светот во коj и со коj живееме,, предизвикува емоции на задоволство, спокоjство, мир и среќа.  "Плод на духот е љубовта, радоста, мирот, милоста, самоконтролата и нежноста". Ова се евангелски зборови со кои се потврдува дека навистина од содржината на духот зависи квалитетот на човечката радост и среќа.
Затоа драги браќа и сестри, внимателно водите грижа за содржината на вашите души.  Гледаjте вашите мисли, желби и стремежи кои го условуваат вашето однесување и расположение, да бидат во согласност со вечните Божjи закони.  Само така, ако одите по Божjиот пат ке ги елиминирате многу од предусловите кои предизвикуваат депресиjа и ќе чекорите во посигурен, поисполнет и порадосен живот.


 Vindz.Bozik.jpg

 http://preminportal.com.mk/content/view/3264/53/

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная