логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

janko.jpg

Јанко Илковски

Остави трага во вечноста! Барање на шанса? Обиди се  да направиш нешто!... Разбрав, јасни ми се и догмите и постулатите на логиката на овој свет, на овој универзум.  Господ Бог ги кажа со човечки јазик, обичен, разбирлив секому. Не е остварувањето на целта резервирано за доблесни, за просветлени и посветени...Не e логиката на човекот е помала од онаа на Бога оти од него ни е дадена, само е намерно извртена od nas оти нам ни е ќеф да ја извртуваме, а потоа како полтрони да се умилкуваме до духовникот за да се осетиме подобро, дека сме посебни, спасени, заслужни, дека знаеме повеќе од другите или да измолиме само оправдување за сопствените гревови кои безобразно ги повторуваме. Логиката Божја сепак е едноставна како љубовта на таткото кој го сака своето дете, така и  Бог го  сака, го сакал и ќе го сака, секое суштество  кое некогаш било, е  и ќе биде. Заслепен од сопственото его на себезначење, самобендисан и горделив, влегувам на миса со наведната глава и погани помисли, затоа што знам дека не сум поолош од ближниот за кој со сигурност дебатиравме , да не речам го оговараме, какви мани има братот и што све лошо прави во животот. Залудени, наместо да сме кандила кои ќе го осветлуваат најдоброто од светот, да сме најдоблесното нешто во општеството, и самите тонеме во калта на себичноста. Сите сме прекрасни и побожни додека не дојде криза, особено ако на некој близок му зтареба помош, стана меинстрим  веднаш се создаваат неверојатни обврски кон семесјтвото, децата работата и се правдаме дека не сме сакале да сметаме кога ќе не запрашаат каде сме досега кога на нашиот брат му требала помош и поткрепа... Мислевме, ... да не  сметаме...нели?  Многумина се откажаа од верата кога требаше да бидат фрлени во арената со лавови – не од друго, да не им сметаат на гладните мачки додека се гостат со оние – грешници, кои според вас, ги снашло тоа што ги снашло оти, ете, имале гревови за откупување...  Гревот негов бил што делел ист воздух со вас!!!!!!!

Некаков табиет ми е вроден како карактерна мана дека не можам нешто да правам, а тоа да биде тајно, скромно, без општа бука. Не, се мора да биде јавно и мојата телесна и духовна грдотија со која стојам пред вас разголен во мигот кога како праведници  се положувате во вашите постели без чувство на грижа на совест. Во право сте, и мене не ми е гајле, што ако сум тука каде сум, така сакам. Себичен во сопствениот еготрип на кој станав кормилар на Бродот на Медузите, само храбро драги мои, сите сме заедно на овој пат, сите во надеж дека ќе избегнеме лична одговорност,  дека Страшниот Суд ќе биде пресуда на целиот универзум, колективно за сите, а потајно знаеме дека делата ни се лоши и дека нема да заслужиме вечност но и лукавост дека ќе смуваме некако да се протнеме. Сите го имаме тој избор на нашиот јарем кој сами си гоставивме и се правдавме – толку можев, немам сила за повеќе, се направив за децата и семејството...

А јас сум убеден дека  не сте направиле ништо, дека молитвата ви е бедна! Од каде знам?  Од себе! Додека има неправда на овој свет и ниеден скршен џам на прозорците на крадците и оние кои ја испоганија нашата света мајка Црквата, ние сме и ќе бидеме виновни за сета беда која ни се случи, во која дозволивме наши браќа и сестри – нашиот народ да страда и пати, да трулеат и умрат како последни грешници лижеејќи си ги раните во локва на улицата – ете го нашиот соборен подвиг. Не ни  го направи светот ваков некој друг – ние сами го направивме! Не сте слепи, знам дека ве боли, инаку немаше да пиете литри ракија, да конзумирате нелегални дроги и или самите да си препишувате легална дрога- терапија за да можете да заспиете. Затоа седиме до доцна во ноќта гледаајќи порно канали или ток шоу-а, додека не не скрши уморот до последна коска и сонот се спушти како течно олово, а не како покров од лесна свила. А покровот е мек и лесен и носи спокој, но кога душата се дави во гревот на телото и помислата, тој покров, на нашата Владичица, е потежок од лиено врело железо, а солзите нејзини се како потоп во кој се давиме. Апчиња против притисок, средства за смирување, алкохол, огормни количини на храна само да се цеди ендорфин, незаслужена хемија за да даде чувство на нормалност и смирение, лажна нагрда со вештачи предизвикано чувство на задоволство и еуфорија, нешто од кое никој не се откажал,  вештачко смирение, згора на тоа и оштетен црн дроб,  дуење на стомакот од прејадување и затруеност на крвта од триглицериди и холестерол,  стоиме кротко и се причестуваме лажеејќи се себеси, духовникот и самиот Бог дека ете сме направиле подвиг, дека сме достојни да се обожиме со Неговото Крв и Тело! Да, спремни сме да го примиме Бога и каде ќе го сместите најдобриот гостин? Каде ќе му постелете на вашиот татко да легне? Каде ќе му укажете чест на оној кој ви дал се и на крај се дал и себеси за вас? Каде? Во вашето тело? Храмот на душата? Погледнете се, црни усти од кариес и распаднати заби од изговорени гадости и мигрени од неизговоени пакости. - Владиката ми благослови, владиката ми благослови!!! – врескате и ми ги дупите ушите. Секако, а што да прави? Нема вош-сервис за душа, а сака да ви даде шанса за искупување. Нема хемиско за вадење дамки од срцето и умот, мора самиот да се оплакнам од гревови и во белина да застанам пред Бога. Да не  е прогледувањето низ прсти,  ретко кој ќе се причести, а Бог слегол по наши молитви да се спои со нас . До толку памет не ни доаѓа што ни кога најмилите  чеда ги губиме запаѓаме во патосот на самосожалувањето и се вртиме кон Господ со пцовката - зошто? Со што заслужив да добијам одговор? – ќе се праша ли некој?

Дела?! Немам дела, патната торба ми е празна и ме плаши тој факт. Кое дело ќе ми се препише во вечноста? Се тешам само со она со што се теши секој демон, секоја црна душа на самоубиец, наркоман, чедоморец на сопствено дете – не сум само јас, има и други како мене. Така е  ќе се надоврзе домаќинот со шубара додека пече ракија со која веќе дробот го изгорел до цироза, а до него вредната домаќинка која не може маката да ја издржи па ете, секоја вечер пред спиење малку, 2-3 милиграма за сон, за здравје.  Сите сме обични наркомани со одлично подготвени реченици да лажеме, да лажеме и на крај и во обид Бога да го прелажеме дека за здравје се работи. Ако сме причестени тогаш што ќе ни е лек,  апче, дрога, ракија, цигара? Ионака ја примаме за здравје и спасение – значи ли дека ниедно не сме стекнале? Бог е жив и постои, доказ затоа е сме сите ние кои пливаме во грев,а сеуште сме живи. Неспособни ни себе да си помогнеме, а камо ли на светот. Ние сме сведоштво дека без Него ништо нема, но непотребна жртва и сведоштво правиме затоа што така ни е полесно. Во устите и вилиците послини одошто во трицепсите и вољата, маестрални да ги најдеме маните кај секој друг, било кој, ида колнеме дека тие ни се виновни за овој неправеден свет. Живели, сипи уште една мајсторе, - празник е!

Имате име? И да го носите со гордост но и да се заслужи името на светецот кој го носите. Алал да ви е. Блазеси ви. Ви завидувам оти сум крстен од комунист, а добар – прекрасен човек, кој ете, за атер на светот ми подари име за да биде меѓу пооригиналните.

Се посрамив и погледнав во земја кога низ смеа ме праша еден добар човек

- Кој ден го славиш како именден?

-Немам именден, нема...име...

-Еј, ете ти шанса како никој!

-Каква шанса? Што бладаш?

-Шанса да си го осветиш името?

Почна да ми се тресат колениците и долната вилица во исто време.  Па на сета мака уште тоа ли? Ко ј, јас? Со што? Со скршена навлака во устата да потечат Божји зборови? Не, ќе го преварам Бога, ќе се пикнам во подрум и ќе викам – Нема никој тука, остави ме! -  како тинејџер кога ќе стави натпис на вратата -  Забранет Влез, за да не му додева татко му кој со наведната глава стои пред неа, замислен во маката дека мора да влезе внатре, во собата на синот, за да му укаже, поткрепи, да го подготви да стане наследник, а во исто време да ја почитува неговата воља и одлука за забранет влез.  Го оставив Бога да чека пред врата, наместо да паднам на колена и со челото да ја допрам земјата, во солзи и покајание да го молам да ми прости за се, лежам во својата соба опкружена со разни помагала кои треба да ја отргнат мислата од секоја молитва, компјутери, двд-а, книги, стрипови, весници, Ајпод-ови и најнови модели на мобилни – да позеленеат од завист кога ќе седнам во кафеана, а потоа скришум ќе излезам, само за празник, ќе се причестам кога најмногу можат да ме видат и да глумам и пред Оној кој е постојано пред мојата врата – ете, се причестив, што сега? Остави ме! А тој ме моли, - Дете мое, остави трага за навек! Освети си го името. Врежи ги своите иницијали во дрвото на животот, земи го клучот и влези во твојата соба во небесниот Ерусалем, не пропуштај ништо,  направи подвиг и обожи се, возможно е! На, еве ти рака, дојди со Мене . ... Татко мој, проклет да сум, зошто моето страдање е и твое? 

Слава ти Исусе Христе, Боже мој, татко мој, земи ја мојата воља и нека биде само твојата, не ги слушај моите празни зборови и сврти го лицето од моите гревови. Немам каде, немам  кому, само тебе те имам и топлината на твоите прегратки. Скрши ја вратата која ти ја треснав  и земи ме за рака, како што го поведе Адам од адот, така  поведи и мене кај тебе  дома, како изгубено дете, грабни ме и не ме прашувај за мојата воља. Носи ме во твоите одаи да се најдам себеси во светлината на твојот лик. Нека не остане ништо од мене, затоа што сум недостоен и нека моите гревови не прејдат на моите поколенија, биди милостив кон нив и нека искушенијата им бидат благи, оти они растеа во Тебе, нив не ги покани, не ги повика, не ги молеше да бидат твои, да се крстат на стари години, како што беше со мене – тие се Твои. Чувај ги, Господи,  а мене остави ме оти, верувај ми, за ништо не ме бива освен да плачам и молам за прошка.

 Објавено во Премин



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3211
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7696
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная