Во основата на мажественоста лежи силата на волјата, но мажественоста може да израсне во вистинска мажественост само тогаш, кога волјата отстапува. И колку повеќе волјата отстапува, толку посилно се пројавува мажественоста.
Нема на земјата поподобна за мажите постапка , освен, кога мажот е во расцветот на своите сили, како малечко дете, со љубов да се приклони пред своите немоќни родители, укажувајќи им почит и уважување.
Ние знаеме дека кога Тој ни откажува во нашата прозба, дека нејзиното исполнување би било за наше лошо; Кога Тој нè води не по таа патека по која што ние сме тргнале, Тој е во право; Кога Тој нè казнува или нè исправува, тоа го прави со љубов. Ние знаеме дека Тој се прави заради нашето најголемо добро.
Душата ја пишува својата историја на телото.
Додека се живи родителите, детето секогаш си останува дете и должно е да им одговара на родителите со љубов и почит. Љубовта на децата кон родителите се изразува во полна доверба кон нив. За вистинската мајка важно е сè за што се интересира нејзиното дете. Таа со толкава жед слуша за неговите авантури, радости, разочарувања, достигнувања, планови и фантазии, како што другите луѓе слушаат некоја романтична повест.
Децата треба да се учат на самооткажување. Тие нема да можат да имаат сè што ќе им се присака. Тие треба да се учат да се откажуваат од сопствените желби заради другите луѓе. Тие исто така треба да се учат да бидат грижливи. Безгрижниот човек секогаш нанесува штета и болка, не намерно, а едноставно заради негрижа. За да се пројави грижа, и не е потребно којзнае колку – ободрувачки збор кога некој има непријатности, малку нежност, кога другиот изгледа тажен, навреме да се дојде на помош на тој што се изморил. Децата треба да се учат да принесуваат полза и на родителите и еден на друг. Тие можат тоа да го направат не барајќи отповеќе внимание, не правејќи има на другите грижи и беспокојство заради себеси. Само што малку ќе потпосратат, децата треба да се учат да се полагаат на себеси, да се учат да се снаоѓаат без помош од другите, за да станат силни и независни.
Родителите некогаш грешат со прекумерното беспокојство или со неумните и постојано раздразнувачкки совети, но синовите и ќерките треба да се согласат со тоа, дека во основата на сета таа прекумерна грижливост лежи длабока тревога за нив.
Благородниот живот, силноста, чесноста, сериозноста, богоугодниот карактер – тоа е најдобрата награда на родителите за истоштувачките години на самозаборавената љубов. Нека живеат децата така, за нивните родители во староста да би можеле да се горедеат со нив. Нека децата ги наполнуваат со нежност и ласкавост нивните години на гаснењето.
Меѓу браќата и сестрите треба да има силна и нежна дружба. Во нашите срца и нашиот живот ние сме должни да чуваме и растиме се што е убаво, вистинско свето. Другарските врски во нашиот сопствен дом, за тие да би биле длабоки, искрени и срдечни, треба да ги формираат родителите, помагајќи да се зближат со душите. Нема во светот дружба почиста, побогата и поплодотворна, од дружбата во семејството, само ако се насочува развивањето на таа дружба. Младиот човек треба да биде пољубезен со својата сестра, отколку со било која друга млада жена во светот, а младата девојка, додека нема маж, треба да го смета братот за најблизок за неа човек во светот. Тие треба да се чуваат во овој свет еден со друг од опасности и измами и од погубни патишта.
Над секого од нас секогаш лебди невидлив Ангел-Чувар.
-Татко, што е животот?
-Битка, дете мое.
Каде што прецизниот може да промарше,
А најумниот да се прелаже,
И ќе се трогне срцето на храбриот,
Каде што непријателот ни ден, ни ноќ не спие,
Таа битка цел свет ќе го опфати –
Да стоиме во неа треба до крајот.
За секој млад човек животот е особено тежок. Кога тој влегува во него, нему му е потребна помош од сите кои го љубат. Нему му се потребни молитвите и помошта од сите негови другари. Заради тоа, што недостига поддршката од љубените, многу млади луѓе губат во животните битки, а тие, кои излегуваат како победители, често се обврзани за таа победа на љубовта на верните срца, која што вселила во нив во часовите на нивната борба, надеж и мажественост. Во овој свет е невозможно да се дознае вистинската ценост на вистинската дружба.
Секоја предана сестра може да изврши толку силно влијание на својот брат, која ќе го води , како прст Господов, по вистинската животна патека. Во својот сопствен дом, со сопствен пример покажете им ја сета возвишена убавина на вистинската благородна женственот. Стремејќи се кон сè нежно, чисто, свето во божествениот идеал на жената, бидете воплотување на добродетелите и направете ја добродетелта за сите толку привлечна, та порокот во нив секогаш да би предизвикувал одвратување. Нека видат во вас таква чистота на душата, такво благородство на духот, таква божествена светост, та вашата светлост постојано да би ги охранувала, каде и да би оделе, како заштитна покривка или како ангел, лебдејќи над нивните глави во вечен благослов. Нека секоја жена со Божја помош се стреми кон совршенство. Кога кај вашиот брат ќе се појават искушенија, тогаш пред неговите очи ќе никнат виденијата на таква љубов и чистота, што тој со одвратност ќе се одврати од искусителницата. Жената за него – е предмет или на уважување, или на презир, и тоа зависит од тоа, што гледа тој во душата на својата сестра. Затоа сестрата треба да се труди да ја завојува љубовта и почитта на братот. Таа не може да направи поголема штета, ако му внуши помисла, дека сите жени се бессрдечни и лесномислени, жеднеат само за задоволства, и сакаат да им се восхитуваат. А браќата, од своја страна, треба да ги чиваат сестрите.
Својата не целосно ја оснознаваме сила,
Дека секој ден правиме добро ил зло.
Некого зло слово го погубило,
А добро – некого спасило.
Слова тивки, постапки ситни,
Од тие, кои веднаш ги забораваме,
Ние воопште не им придаваме значење,
А слабите од тоа се кршат.
Односот кон жените – ете најдобар начин да се провери благородството на мажите. Мажот е должен кон секоја жена да се однесува со почит, независно од тоа, богата ли е таа или сиромашна, зазема висока или ниска општествена положба, и да ù укажува секакви знаци на уважување. Братот треба да ја заштитува својата сестра од секакво зло и непожелно влијание. Тој е должен да се однесува заради неа беспрекорно, да биде великодушен, правичен, бескорисен, да го љуби Бога. Секој, кој има сестра, должен е да ја лула и љуби. Власта, која таа ја има, е власт на вистинска женственост, која покорува со чистотата на својата душа, а нејзината сила е во мекоста.
Чистота на помислите и чистота на душата – ете, што навистина облагородува.
Без чистота невозможно е да се представи вистинска женственост. Дури и во овој свет, извалкан од гревови и пороци, можно е да се зачува таа света чистота. „Видов лилија, што плива во црна каллива вода. Наоколу сè згнило, а лилијата остануваше чиста, како ангелска облека. Во темното мочуриште се појави бран. Тој полека ја занишуваше лилијата, но ни точка не се појави на неа“. Така да, и во нашиот безморален свет младата девојка може да ја зачува неизвалкана својата душа, излачувајќи света, бескорисна љубов. Срцето на младиот човек треба да ликува ако има таква прекрасна благородна сестра, која што му верува и го смета за свој заштитник, советник, и другар. А сестрата треба да се радува, ако нејзиниот брат станал силен маж, способен да ја заштитува од животните бури. Меѓу братот и сестрата треба да има длабока, силна и блиска дружба и тие треба да си веруваат еден на друг. Дури нека лежат меѓу нив и мориња и континенти, нивната љубов засекогаш ќе остане предана, силна и верна. Животот е премногу краток да го трошиме на борби и кавки, посебно во свештениот круг на семејството.
Тешката работа, тешкотиите, грижите, самопожртвуваноста и дури и тагата ја губат својата оштрина, мрачност и суровост, кога се омекнати со нежна љубов, исто како што и ладните, голите и нерамните карпи стануваат прекрасни, кога дивите лози ги обвиткуваат со своите зелени венци, а нежните цветови ги исполнуваат сите длабнатини и брчки.
Во секој дом има свои искушенија, но во вистинскиот дом царува мир, кој не може да се наруши со земните бури. Домот – тоа е место на топлина и нежност. Дома треба да се зборува со љубов.
Нека биде само еден збор,
Но со љубов кажи го.
И молитва кон Господа прошепти,
И ангелскиот хор ќе ликува,
И душата твоја со Небото ќе векува.
Слушнав слово тихо, нежно,
Како здив на летното пладне,
Го примив во срцето толку блиску
И засекогаш го запомнив,
Во моето срце, чиј удар и биење,
Тој збор не го заглушува.
И до последните негови мигови,
Нека продолжи во него да жубори.
Во таков дом може да се воспитуваат само убавина и мекост на карактерот. Една од несреќите на нашето време е тоа, што тивките фамилијарни вечери се истеснуваат со работа, забави, и одвраќање во обштеството.
Секоја прекрасна мисла, која доаѓа на ум на детето, подоцна го закрепнува и го облагородува неговиот карактер. Нашите тела, и против нашите желби, стареат, но зошто нашите души да не останат засекогаш млади? Едноставно, престап е – да се подавува детската радост, и да се тераат децата да бидат мрачни и важни. Многу брзо на нивните плеќи ќе паднат животните проблеми. Многу брзо животот ќе им донесе и тревоги, и грижи, и тешкотии, и тежината на одговорноста. Затоа остави колку што е можно подолго да останат млади и безгрижни. Нивното детство е потребно, според можностите, да се исполни со радост, светлина, и весели игри.
Родителите не треба да се срамат од тоа, што играат и се забавуваат заедно со своите деца. Можеби имено тогаш тие се поблиску до Бога, отколку кога мислат дека ја исполнуваат најважната, според нив, работа.
Никогаш не се забораваат песните од детството. Сеќавањата за нив лежат под товарот на годините исполнети со грижи, како на зима, под снегот нежните цвеќиња.
Во животот на секој дом, порано или подоцна, доаѓа горк опит – опитот на страдањата. Може да има години на непомрачена среќа, но најверојатно ќе има и таги. Потокот, кој толку долго бегал, како весела рекичка, која тече под јарката сончева светлина низ зимните полиња меѓу цветовите, се вдлаобчува, темнее, нурка во мрачни дупки или се исфрла низ водопад.
Во осаменоста и тишината манастирска,
Каде Ангели Чувари летаат,
Далеку од искушенија и грев
Живее таа, која за умрена ја сметаат.
Сите мислат, таа веќе обитува
Во Божествената небесна сфера.
Таа зад ѕидовите на манастирот стапува,
Покорна на својата порастена вера.
Никој не знае, какво свето таинство се случува во младенецот, кому му е судено само час да проживее на земјата. Не залудно тој го проживува. За тој краток час, тој може да направи повеќе, да остави подлабока трага, отколку други, живеејќи долги години. Многу деца, умирајќи, ги приведуваат своите родители кон свештените стапала на Христос.
Има мака, која ранува уште повеќе од смртта. Но љубовта Божја може да го претвори секое искушение во благослов.
„Зад облаците се крие ѕвездена светлина,
После бурата, сјае сончев зрак,
Кај Бога нема твар нељубена,
На сите созданија им праќа дар благ.
И така тече животот на вистинскиот дом, некогаш при силна сончева светлина, некогаш во мрак. Но при светлина или во мрак – тој секогаш нè учи да се обраќаме кон Небото, како кон Велик Дом, во кого се преточуваат сите наши мечти и надежи, каде што повторно се соединуваат сите раскинати врски на земјата. За сè што имаме и што правиме, нам ни е необходен благословот од Бог. Никој, освен Бог, нема да нè поддржи во време на голема жал. Животот е толку кревок, што секоја разделба може да испадне вечна. Ние никогаш не можеме да бидеме уверени, дека ќе имаме уште една можност да побараме прошка за лошиот збор и дека ќе бидеме простени.
Нашата љубов на еден кон друг може да биде искрена и длабока во сончевите дни, но таа никогаш не е толку силна, колку во деновите на страдања и тага, кога се откриваат сите нејзини дотогаш скриени богатства.
(Продолжува)
Подготви: Златко Дивјаковски
Друго:
- Александра Феодоровна Романова- За бракот и семејниот живот
- Александра Феодоровна Романова- За бракот и семејниот живот (2)
- Александра Феодоровна Романова- За бракот и семејниот живот (3)
- Александра Феодоровна Романова - За бракот и семејниот живот (4)
- Aлександра Феодоровна Романова - За бракот и семејниот живот (5)