логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ПРЕДГОВОР НА ПИСАТЕЛОТ

Во оваа книга е опишано добродетелното подвижништво и чудесниот начин на животот на блажените и свети отци - монаси и отшелници на пустината, со цел да ги поттикнат на ревност и следење оние, кои сакаат да водат небесен живот и кои сакаат да одат по патот кој води во Царството Небесно. Исто така, во неа се забележани спомените на жените старици и славните и богољубиви мајки, кои со храбра и совршена душа ја издржаа борбата на добродетелното подвижништво, што треба да послужи како пример на љубов кон Бога за оние жени кои сакаат да се украсат со венецот на воздржливоста и чистотата.
Оваа книга е напишана според желбата на еден прекрасен човек, многу учен, тивок според карактерот, побожен според срцето, според душата богољубив, отворен кон неволниците, поради својата чест воздигнат на највисоката положба пред мнозина други одбрани луѓе, и во сето тоа несомнено чуван со силата на Божјиот Дух. Таков е човекот кој ни порача да ја напишеме оваа книга, односно подобро кажано, оти треба вистината да ја кажеме, тој го поттикна нашиот мрзлив ум за осознавање на подобри нешта и за натпреварување и следење на подвижничките добродетели на светите и бесмртни наши отци, кои својот век го поминаа во богоугоден живот и во големо истоштување на телото. И ние, откако ги опишавме животите на овие непобедливи борци, овој спис му го испративме со опис на очигледните добродетели на секој од овие големи луѓе. Љубителот на оваа богоугодна и духовна желба е прекрасниот човек Лавс, кој според Божјата волја е поставен за чувар на нашето побожно и благочестиво царство.
Впрочем јас, нешколуван во изразот, и како човек кој токму што го вкусив духовното знаење и кој сум недостоен да го опишувам духовниот живот на светите отци, се исплашив од оваа особено важна порака која ја надминува мојата сила, и не сакав да ја примам, бидејќи таа бара и светска мудрост и духовно разбирање. Меѓутоа, ценејќи ја високо, на прво место, добродетелната ревност на човекот кој не поттикна на оваа работа, и потоа земајќи ги во предвид и користа на читателите, а исто така плашејќи се да не бидам ставен во опасност за разумна непослушност, јас ја припишав на Божјата промис-ла оваа благородна порака и откако од моја страна употребив голема грижа, застанав на полето на овој подвиг. Но, јас ги опишав, и тоа само накусо, само најголемите дела и чудеса на славните подвижници и големи луѓе. И не само на славните луѓе кои живееја со совршен живот, туку и на блажените и благородни жени, кои се подвизуваа во возвишен живот.
Јас бев удостоен со своите очи да ги видам светите лица на некои од нив, а за небесниот начин на животот на оние кои веќе се беа усовршиле на арената на побожноста, дознав од богоносните Христови подвижници. Со голема грижливост, која доликува на мојата побожна цел, јас пеш обиколив многу градови и многу села, пештери и многу пустински монашки живеалишта. Некои работи ги напишав врз основа на моето лично истражување, а некои според раскажувањето на светите отци. И во оваа книга ги изнесов подвизите на големите луѓе и жени, кои со надеж во Христос ја совладаа својата природа. И сега тебе ти ја испраќам оваа книга, чии уши ги љубат божествените зборови, вистинскиот и христољубив слуга Божји, Лавс, кој си величие за најдобрите и богољубиви луѓе и украс на благочестивото и богољубиво царство. Јас со мојата својствена кроткост го споменав славното име и го опишав секој од Христовите подвижници, и мажи и жени. Од множеството многуте и особено големи подвизи јас опишав само некои за секого од подвижниците, во повеќето случаи додавајќи го потеклото, градот и местото на живеење.
Исто така ги спомнав и оние луѓе и жени кои достигнаа до најголемиот степен на добродетелта, но кои, поради гордост и суета, се ничкосаа во најдлабоката бездна, на дното на пеколот. Така, славните подвижнички достигнувања, толку многу посакувани и напорно задобиени, се уништени за еден миг преку гордоста и самоизмамата. Но преку благодатта на нашиот Спасител и преку провидувањето на светите отци и соучеството на духовната љубов, тие беа оттргнати од мрежите на ѓаволот, и по молитвите на светиите се вратија на својот поранешен добродетелен живот.

ПРЕДГОВОР НА ПРЕВЕДУВАЧОТ

Почетокот на IV век во животот на Црквата носи суштински промени во односот помеѓу Црквата и Државата. Се дотогаш римската власт во ликот на царот Кесар, или Цезар, гледа неповолно на христијанството. Христијаните се прогонувани и убивани; со нивната крв и тело се хранети ѕверовите во арените; родот христијанин за царството представува отпадништво и болест која треба да се уништи. Откажувањето. пак, на маченикот од Името Христово за царот представува најголема победа, но не и чест настан. Крвата на мачениците ги раѓа новите христијани и победата на христијанството веќе се наѕира. Државата во ликот на рамноапостолниот Цар Константин го прима крштевањето и христијанството со закон е државна религија. Црквата излегува од скриеноста и катакомбите, незнабожечките прогонстава престануваат и Невестата Христова во своите свештени сводови го прима античкиот свет. Но овој свет со себе ја носи незнабожечката култура и начин на живеење. Сето тоа треба Црквата да го преобрази и да го исполни со Светлината која не заоѓа. Макар што примањето на христијанството започнува со закон, сепак суштинската промена на античкиот свет бара повеќе време.
Во рамките на овој христијанизиран антички свет, се појавуваат луѓе богобаратели, кои Светлината на Словото Божјо, овој пат не во катакомбите, туку во пустината, присно ја бараат и следат, преку подвизи и молитва. Подвижниците кои ги запазуваат заповедите на нашиот Учител и Спасител. Токму за нив ни говори и книгата која е пред нас.
Писател на ова чудесно аскетско-житејско дело. е епископот Еленополски Паладиј. Тој е роден во Галатија. околу 363 година, а околу 386 година го прима монаштвото во Ерусалим, сериозно предавајќи се на аскетските подвизувања. Набрзо потоа, 388 година, преминува во Египет, во Александрија, за да ги види со свои очи тогашните свети и богокопнеж¬ливи подвижници. Во 390 година преминува во Нитриската пустина, а една година подоцна и во пустината позната под името Келии. Тука останува девет години, најнапред заедно со свети Макариј, а подоцна по раководство на Евагриј. После смртта на Евагриј (+399) тој се враќа во Палестина, каде што во 400 година е хиротонисан за епископ на Еленополис, во Витанија. Можно е неговото посветување во епископски чин да го извршува свети Јован Златоуст, бидејќи тие двајца биле големи пријатели. Подоцна Паладиј го опишува и животот на Златоуст. Во 405 година тој патува во Рим за да го одбрани свети Јован Златоуст од клеветничките напади, та затоа тој паѓа во немилост, та дури и ја губи својата катедра. Во прогонство поминува до 412 година, живеејќи во Тиваида, каде што ги запознава големите и надалеку познати подвижници. Истата година тој е вратен на епископскиот престол. Тој се преселува во Цраството Небесно, околу 425 година, вбројувајќи се во ликот на светиите.
Во Аспуна, Галатија, после своето враќање на епископскиот престол, во 420 година тој ја пишува својата книга за египетските монаси, која е позната под името "Лавсаик". Како што самиот писател епископ Паладиј вели во својот предговор на книгата, тој ја пишува според желбата на Лавс, кој бил великодостојник на дворецот на царот Теодосиј Младиот. Таа е причината што насловот на оваа книга го содржи името на нарачателот на делото. Во неа Паладиј на-кратко ги опишува животите и делата на светите подвижници и подвижнички, кои самиот ги видел при своите патувања и за време на неговото живеење во пустините, или за кои слушнал и има сведоштво од автентични очевидци. Паладиј пишува со прост јазик, но течно, опишувајќи го преку животот и делата на различните светии аскетскиот идеал на бестрасноста.
Говорејќи накратко за египетските отци, историчарот од петиот век Сократ во својата Црковна историја вели:„3а оној, кој што сака да знае како живееле отците на египетска¬та пустина, што правеле, што кажувале корисно за слушателите, та дури и како им се покорувале и ѕверките, постои една посебна книга, која ја има составено монахот Паладиј, ученик на Евагриј. Во таа книга тој дава подробни податоци за нив, а ги споменува и жените, слични според својот живот на оние луѓе за кои погоре говориме" (Ессlеѕ. Нiѕtоr. Lib. IV, сар.23).
Оваа книга внимателно се чува и чита и во богослужбената свест на Православната Црква. Имено, за време на светата Четириесетница, во текот на Великиот Пост извадоци од Лавсаик се читаат на секоја утреба (после втората катизма), во сите денови, освен во сабота и недела.
Преводот, пак, на Лавсаик, го направивме од српски на македонски јазик, земајќи го преводот на јеромонах Јустин Поповиќ. Тој е издаден во Битола во 1933 година, во две книги во рамките на познатите „Мисионерски писма". Самиот, пак, преведувач како извор го користи 34 том од грчката патрологија на Миње.
Преводот го изработивме со благослов на епископот Брегалнички Господин Агатангел.

На св. 15 Тиверополски маченици
11 декември/28 ноември 2002.
Гакон Игор Никовски

ПИСМОТО НА ЕПИСКОП ПАЛАДИЈ ДО ГОЛЕМЕЦОТ ЛАВС

Ја пофалувам твојата желба. Вистина, ти заслужуваш моево писмо да го започнам со пофалба: бидејќи додека сите итаат по суетните работи, од кои немаат никаква корист, ти собираш книги и љубиш да учиш. Единствено на Бога сесветиот не Му е потребно да учи, оти Он е самобитен, и пред Него нема друг, а за сите други созданија учењето им е потребно, бидејќи се создадени. Првите ангелски чинови за учител ја имаат Севишната Троица; другите се учат од првите, а третите од вторите, и така со ред до последните. Оние кои се посовршени во знаењето и добродетелта ги поучуваат тие што се несовршени во знаењето. Впрочем, оние кои мислат дека не им се потребни учители, страдаат од болеста незнаење, која, пак, е мајка на гордоста, и затоа не им се покоруваат на оние кои ги учат со љубов. На таквите луѓе на патот на пропаста им претходат ѓаволите, кои поради гордоста отпаднаа од небесниот живот и летаат по воздухот, бидејќи и тие ги отфрлија небесните учители. Но, учењето не се состои во зборови и слогови, оти таквото учење го имаат понекогаш и најлоши-те луѓе, туку во добрите особености на карактерот: добродушноста, бестрашноста, храброста, негневливоста и смелоста, која, пак, и зборовите ги раѓа како огнен пламен. Кога не би било така тогаш Големиот Учител не би им рекол на Своите ученици: поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце (Мат. 11, 29). Он Своите апостоли ги учеше не на накитена говорливост, туку на благиот карактер, и никого не изобличуваше освен оние кои го мразат учењето и учителите. Затоа душата која се подвизува според Христа треба или са-мата потполно да го изучи она што не го знае, или другите јас-но да ги учи на она што го научила. Ако, пак, таа не го прави ниту едното ниту другото, тогаш таа страда од лудило. Бидејќи заситеноста од учењето и презирањето на учењето, по кое постојано копнее богољубивата душа, е почетокот на отпадништвото. Ти испраќам поздрав, и што е најглавно, Бог нека ти го подари познанието Христово.

ВОВЕДОТ НА ПИСАТЕЛОТ ВО ЖИВОПИСОТ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ

Мнозина зад себе оставија многу множество различни списи, кои се однесуваат на различни епохи. Некои пишуваа според вишното вдахновение и богодадената благодат, за поука и окрепување на оние кои со искрена намера следуваат на учењето на Спасителот. Други, пак, пишуваа залудени од човекоугодничката и лоша намера за охрабрување на суетните. Трети, пак, повторно пишуваа зафатени од некое лудило и дејноста на добромрзителот ѓаволот, и во својата гордост и гнев планираа пропаст на лесномислените луѓе и лага на непорочната вселенска Црква, и со таквото пишување ги наведоа душите на безумните на одвратност кон чесниот и свет живот. Така мене смирениот ми се стори добро, поради надежта во Христос, и почитувајќи ја заповедта на твојата великодушност, ти голем љубителу на науката, најнапред да ти раскажам се што се однесува на мене и на напредокот на мојата душа во добродетелта Божја, започнувајќи од мојата младост.
Тоа беше триесет и третата година од мојот живот со браќата и од осаменичкиот живот, односно дваесеттата од моето епископство, и педесет и третата од моето раѓање, кога се решив поради духовна корист, на тебе кој тоа го сакаш, да ти ги опишам делата на светите отци и светите жени, како на оние кои самиот ги бев видел, така и на оние за кои слушав од најверодостојните лица, со кои живеев во Египетската пустина, и Ливија, и Тиваида, и Сиена, во чија близина се таканаречените Тавенисиоти, потоа во Месопотамија, Палестина и Сирија, и во западните краишта, Рим и Кампанија и нивната околина. Мојата желба е во оваа книга да ти изложам потполно и точно се од почетокот. Оваа книга да ти биде прекрасен и душекорисен потсетник и непрекинат лек на вистината, и со неа да ја одгонуваш секоја дремливост која во душата се јавува од неразумната страст, секој сомнеж во верата, секоја неодлучност и ситничарство во работите, секоја опуштност и малодушност во карактерот, гневот, неразумното бунило и бесмислениот страв. И уште, та со неа да ја избегнеш суетата на овој распадлив свет, и со постојаната желба да напредуваш во надежта на Бога и во делот на побожноста, станувајќи водач на себеси, и на своите другари, и на своите потчинети, и на благочестивите цареви. Сите христољупци итаат преку ваквите славни дела да се соединат со Бога. Ти треба секој ден да го очекуваш заминувањето на твојата душа од телото, како што е пишано: Сакам да умрам и да бидам со Христа (Филип. 1, 23); и: Уреди Ги работите надвор од куќата, сврши Ги на нивата своја (Изрек. 24, 27). Бидејќи оној што постојано се сеќава на смртта како нешто неминовно што мора да дојде и не ќе задоцни, таквиот не ќе падне со голем пад, како што е напишано: Во сите твои работи спомнувај си за твојот крај, и никогаш нема да згрешиш (Мудр. Сир. 7, 39). Немој да ги забораваш сите овие мои напомени, ниту да ги презираш простотата и неукрасеноста на мојот стил, бидејќи да се зборува накитено не е работа на божественото учење, туку да се убеди душата со причини на вистината, како што е кажано: Отворај ја устата своја за слава Божја... и праведно суди (Изрек. 31, 8.9); и уште: Не потценувај го говорот на старците, зашто и тие се учеле од своите родители (Мудр. Сир. 8,11).
Следувајќи на ова правило, вистинољубив Божји човеку, јас се состанував со мнозина светители. И самиот, не од празна љубопитност, патував по триесет дена, па и два пати по толку. Зборувам како пред Господа, јас на моите патувања пешки ја пропатував целата римска земја и радосно ги поднесував сите маки по патот, штом ќе сретнев богољубив човек и ќе добиев од него нешто што го немав. Бидејќи кога и блажениот апостол Павле, кој е многу пати подобар од мене и од целиот свет, и мнозина ги надминуваше со својот начин на живеење, со знаењето и духовниот разум, го презеде патува-њето од Тарс во Јудеја, за да ги види Петар, Јован и Јаков, за што самиот пишува со еден вид на пофалба, ги спомнува своите напори со желба да ги поттикне оние кои го поминуваат животот во мрзливост и неработа, и вели: Отидов во Ерусалим за да се видам со Петра (Гал. 1, 18). Значи, кога и тој не се задоволи само со тоа што го слушнал за добродетелта на Петар, туку самиот копнееше лично да се состане со Него, толку повеќе требаше тоа да го направам јас, кој сум должник на десет илјади таланти (алузија на Матеј 18, 24), не затоа што би можел да направам некое добро на светиите. туку да користам за себе грешниот. Бидејќи и оние кои ги опишуваа животите на отците, Авраам, Исаак, Мојсеј и Илија и другите, тоа го правеа не за да ги прослават, туку за да им користат на читателите.
Знаејќи го тоа, верен и чесен Христов слуго, Лавс, и потсетувајќи се себеси, поднесувај го трпеливо нашево дрдорење, чија намера е да го сочува побожното расположение на твојата душа која е изложена на видливите и невидливите бури на злото, и која може да ги ужива мирот и тишината единствено преку постојаната молитва и духовното самообработување. Оти мнозина од особено богобојажливите браќа, допаѓајќи си се самите на себе поради своите подвижнички трудови и милостини, и фалејќи се со својата безбрачност и потполна невиност, и надевајќи се во изучувањето на божествените зборови и делата на ревноста, сепак не го достигнаа бестрастието. Немајќи духовно расудување, и под изговор на побожноста, тие станаа жртви на болеста која се појавува во делата на празната љубопитност, од која, пак, се раѓа зла дејност, која ја искоренува добрата дејственост - мајката на духовното самообработување.
Затоа те молам, биди јунак во секоја мудрост и немој да натрупуваш богатство. Ти веќе доброволно така постапи, бидејќи го намали своето богатство разделувајќи го на несреќниците. Со таквата работа ти и послужи на добродетелта. Ти не се предаде на некаква моментна одушевеност и неразумна предвремена одлука, или на желба да им угодиш на луѓето, и својата слободна волја не ја ограничи со заклетва, како што тоа го направија некои, кои со суетното натпреварување во непиење и нејадење ја заробија својата слободна волја со судбоносна заклетва и жално подлегнаа или кон љубовта кон овој свет и униние, или во телесни болести, или во желбата за некакво уживање, и така ја нарушија заклетвата. Впрочем, ако разумно јадеш и разумно се воздржуваш, никогаш не ќе згрешиш, оти разумот во нас е божествен и тој го изгонува од нас тоа што е штетно, а го прима корисното. Бидејќи, според зборовите на апостолот, законот не е поставен за праведникот (1. Тим. 1, 9). Бидејќи подобро е разумно да се пие вино, отколку со гордост да се пие вода. Те молам, погледни на оние што разумно и побожно пијат вино, кои, пак, се свети луѓе; и оние кои непромислено и со гордост пијат вода, а се несвети и расипани луѓе. И повеќе немој да ја омаловажуваш или фалиш храната, туку да ја сметаш за блажена или жалосна душата на оние кои добро или лошо ја употребуваат. Во стари времиња Јосиф пиеше вино кај Египќаните, но не му наштети на својот разум, оти својата душа ја држеше под контрола. Питагора, Диоген и Платон, пак, пиеја вода, а исто така и манихејците и другите таканаречени философи, но со нескротливоста на своите мисли тие дојдоа до таква суета, така што не знаеја ниту за Бога Творецот и ги обожуваа мртвите идоли. Блажениот апостол Петар и другите негови ученици, употребуваа по малку вино, та затоа Јудејците му приговараа на нивниот учител, Господ и Спасителот на сите луѓе, велејќи: Зошто учениците Јованови и на фарисеите постат, а Твоите ученици не постат (Марко 2, 18). Во друга прилика. пак, неверниците ги нападнаа учените, и им префрлаа велејќи: Зошто вашиот Учител јаде и пие со митници и грешници (Мат. 2, 18). Јасно е дека тие не би нападнале само поради лебот и водата, туку тоа го направиле поради јадењето и виното. И повторно, кога тие сосема неразумно го осудуваа пиењето на вино, а го фалеа пиењето (само) на вода, Спасителот им рекол: Оти дојде Јован, кој не јаде, ниту пие, - и сосема е јасно: не јаде месо и не пие вино, бидејќи без друга храна тој не би можел да живее - а велат: ,Бес има.' Дојде Синот Човечки, Кој и јаде и пие, и велат: еве човек ненаситен и пијаница, пријател на митниците и грешниците' (Мат. 11, 18-19) - бидејќи тој и јаде и пие.
Тогаш што да правиме? Да не одиме по оние што осудуваат, ниту по оние што пофалуваат, туку или со Јован да постиме разумно, та макар и да ни велат: ѓаволот е во вас; или со Исуса мудро да пиеме вино, ако тоа му е потребно на нашето тело, та макар и да ни велат: еве луѓе јадачи и пијаници. Оти вистина, ниту јадењето е нешто, ниту воздржувањето е нешто, туку верата која преку љубовта се пројавува во делата. Бидејќи кога верата го следи секое дело, тогаш оној кој поради верата јаде и пие - не подлежи на суд, а се што не е според верата, грев е (Рим. 14, 23). Но, кога некој од сластољупците или од оние кои во нешто грешат, рече: јас имам вера, или. потпирајќи се на верата, прави нешто според неразумната желба или според расипаната совест, тогаш тој греши. Бидејќи Спасителот заповеда: По нивните плодови ќе ги познаете (Мат. 7,16). Родот, пак, на оние што живеат според божествениот разум и духовната мудрост, како што вели апостолот, е следново: љубовта, радоста, мирот, трпението, благоста, добрината, верата, кроткоста, воздржувањето, чистотата (Гал. 5, 22-23). Бидејќи и блажениот Павле вели: Родот на Духот е ова и ова. А дека, пак, оној кој се грижи да здобие такви родови нема неразумно или безвремено или нецелисходно да јаде месо, или да пие вино, или да трпи во себе нечиста совест, покажува повторно истиот блажен апостол Павле, велејќи: Секој што се бори, од се се воздржува (1. Кор. 9, 25). Ваквиот човек, кога телото му е здраво, се воздржува од масни јадења, а кога тоа е болно, или е во мака, или во тешкотии, или во неволји, тогаш тој ќе ги употреби јадењата или пиењата како лекови за излекување, и ќе се воздржува од се што и наштетува на душата: од гнев, завист, суета, униние, озборување и неразумно промислување, и притоа ќе му благодари на Господа.
Откако веќе доволно зборував за ова, јас на твојата вистинољубива душа ќе и предложам уште една поука. Колку што е можно избегнувај ги средбите со луѓе чие присуство не ти дава корист и кои на недоличен начин ја украсуваат својата кожа, та макар и да се православни; а за еретиците, пак, и да не зборувам. Тие ќе ти наштетат со своето лицемерие, та дури и кога изгледаат многу стари, со побелена коса и збрчкано чело. Бидејќи, да претпоставиме дека тие не можат ниту малку да ти наштетат поради благородството на твојот карактер, сепак, трпејќи го тоа божемно малечко зло, ти можеш да се надуеш и да се возгордееш, и да ги исмееш, а тоа, пак, ќе ти штети. Но најдобро е да пријдеш до осветлениот прозорец и да бараш средби со светите луѓе и жени, та со нивна помош да бидеш способен јасно да го видиш своето сопствено срце и да го прочиташ како некоја ситно пишувана книга, и по патот на споредбата да ја најдеш во себе и својата мрзливост и својата грижливост. Многу работи сведочат за нивната благост: бојата на нивните лица, која доаѓа од начинот на нивниот живот, и изгледот на нивната облека, и простодушноста на нивниот карактер, и скромноста на нивните зборови, и нивната смиреност во однесувањето, и неизвештаченоста на нивното изразување, и облагодатеноста на нивната душа, и мудроста на нивните мисли. И Господ ќе ја засили твојата кроткост и на сите оние кои следуваат на целта на побожноста, та макар и да се случи да се наоѓаш во униние или во некоја друга неволја. Бидејќи, како што вели мудроста: Облеката, држењето и начинот на одот покажуваат каков е човекот (Прем. Сир. 19,27).
Впрочем, започнувајќи со изложувањето на животот на светите отци, јас не ќе пропуштам да ги споменам ниту оние по градовите, ниту оние по селата, ниту оние во пештерите, ниту оние во пустините, а ќе ги додадам и оние кои се наоѓаат во општожитијата. Бидејќи главниот предмет на нашето истражување не е местото каде што тие живееле, туку начинот на дејственоста на нивната слободна волја, преку која со помошта Христова живееја ангелски живот.

Издавач:

ЃаконијА

Скопје, 2002

Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Агатангел

Преведе: ѓакон Игор Никовски

vozdvizenie.jpg

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная