логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Монах Павле од Лавра 

ЖИТИЕ И СЛУЖБА НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

vozdvizenie.jpg

 

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 НА УТРЕНА

На „Бог Господ...", тропар на светителот (двапати). Слава, и сега и секогаш, богородичен воскресен:

По првата катизма, седален, глас 1. Подобен на: Гровъ тв0й спaсе...


Славно си се подвизувал на Гората, богомудар Нек-тарие, и си станал чисто огледало на Господа, προ-светлувајќи ги сите што со вера пристапуваа кон тебе. Моли го твојот владика да ги просветли душите на оние што со љубов го празнуваат твојот божествен спомен.

Слава, истото:
и сега и секогаш, богородичен:


 
М
 арија, ти си чесен сосад на владиката, воскресни не  нас што сме паднати во бездната на страшниот очај, грев и страдање. Ти си им спасение на грешните, помош и силна поткрепа, спаси ги твоите слуги.

По втората катизма, седален, глас 4.
Подобен на: Скоро прeдвaри...


К ако дрво што вечно дава плодови на праведност, си процветал обилно среде потоци од солзи, богоносен

 

Нектарие. Сите заедно достојно да те прославиме, цвету на подвижниците и преку твоите молитви сите да се спасиме.

Слава, истото:
и сега и секогаш, на истиот глас:

Господарке, брзо прими ги нашите прозби и пренеси му ги на твојот Син и Бог. Пренепорочна владичи-це, ослободи ги од искушенија оние што со вера пристапу-ваат кон тебе и растерај ги, Дево, лукавствата и измамите што им се подготвуваат на твоите слуги.

По полиелејот, катизма, а потоа седален, глас 4.
Подобен на:
ОУДИВИСА Иѵѵсифъ...


Како пчела слета во карејската лавра и мудро влегу-вајќи таму, ги собра божествените добра и медот на доблестите. Оче, подај им смирение на сите што верно те чествуваат, те величаат и ти пеат славословија, биди им и по смртта поткрепа на оние што те почитуваат.

Слава, глас 1.
Подобна на
: Гровъ ТВФЙ СПДСЕ...

Откако во страв Божји го заврши животот на земјата, оче богомудар, како чист сосад беше познаен од Духот. Осветли ги, блажени, сите оние што со вера ти пристапуваат и моли го нашиот владика и спасител да им ги просветли душите на оние што горешто те чествуваат, богомудар оче наш Саво.


и сега и секогаш и сега и секогаш, на истиот глас:


Сите знаеме дека си мајка Божја и дека и по раѓањето си останала Дева. Ние грешните со љубов ја бараме твојата добрина, зашто си ти единствена пренепорочна, наша застапница и помош во искушенијата.

 Степени, прв антифон, глас 4.

Прокимен, глас 4: Чесна е пред Госиода смртта на него-вите преподобни. Стих: Со што да му возвратиме на Господа за се што ни даде. „Се што дише да го фали Господа"; Евангелие според Лука (зачало 24)

По псалмот 50, стихира самогласна, глас 6:


Πο целата земја се разнесе гласот за твојот доблесен живот, пресвет оче, затоа на небесата доби награда за своите подвизи. Си ги погубил легионите демонски, а живеејќи како ангел живот непорочен си ги достигнал дури и ангелските чинови. Бидејќи можеш, застани пред Христа Бога и моли го да им подари мир на нашите души.
 

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg


Канон на пресвета Богородица на 6 и на светиот на 6.

Канон на свети Нектариј со акростих: „Подај ми го твојот нектар, Нектарие".
Богородичниот, творба на Теодорит. Глас 4.

Песна прва
Ирмос:
Ѿтверз8 оỶстÀ МОÂ...


Од висините, Слово Божјо, беспочетно, подај ми ја божествената благодат на Духот, просветли ми го умот, достојно да го прославам твојот светител што тебе, овде на земјата, низ подвиг те прослави.


Свето копнееше на Христа да му послужиш, бла-жени, и нему му ги посвети внатрешните сили на умот. Како Феникс процвета во пустината и се покажа како нектар божествен, затоа со право го носиш името Нектариј.


М удро ја избегна угодноста на световниот живот, бо-гомудар Нектарие, за да му послужиш на Христа, од којшто ги доби вечниот живот и неминливата радост.


Г
осподарке, богоневесто, ти ја устрои Гората Атос за да им биде дом на богољубивите монаси. Со тво-ите молитви спаси ги милостиво сите што живеат во неа.

 

Песна трета
Ирмос: Твоа пѣснословцы..

У ште од утробата му беше посветен на создателот Христос, блажени Нектарие, и затоа Дева владичи-ца во Битола те избави тебе и твоите родители од агарјан-ско ропство.


Како млад по возраст, си успеал да го уништиш древ-ниот крилест непријател, и откако зеде божествен нектар, со такво име се упати кон божественото.
К
ако потомок на карејците, со божествени доблести си ја украсил големата лавра, таа денес тебе те προ-славува, светителу, пеејќи ти песни и славословија.
О
д утробата, Дево, јас грешниот ти се посветив тебе, ти ми го покажа патот кон милостите на твојот Син, затоа сега, господарке, прифати ме мене отфрлениот.

Седален, глас 8.
Подобен на
:
Прeм£дрости...
Д
окрај си го возљубил блажениот живот во послуша-ние, оче, си се молел постојано и во мир и во страда-ња, и затоа, блажени, си станал миризлив како кипарис. Примајќи го твоето страдање како мирис на благоухание, владиката на сё го прослави споменот на тебе. Биди ни застапник пред Христа Бога и нека им подари тој просту-вање на гревовите на сите што со љубов го слават твојот свет спомен.

 

Слава, на истиот глас:
А
јде сега сите народи, богоугодно да ја прославиме мајката на творецот, велејќи и: радувај се, огнови-ден престолу на седржителот Христос; радувај се, госпоѓо на сето создание; радувај се, сосаду на Светата Троица, на Отецот, Синот и Светиот Дух. Пречиста Марие, блес-кава и благословена, биди ни застапница пред твојот Син и Бог, за да им подари тој простување на гревовите на сите што кон тебе пристапуваат со вера и со љубов.

и сега и секогаш, богородичен:
Ј
ас грешниот, од утроба скверна, ја понижив со збо-рови и дела мојата понижена душа, Дево. Немам што да правам, ниту каде да бегам. За друга надеж освен за тебе, Дево, не знам. Тешко мене неполезниот! Сега како бегалец прибегнувам кон тебе пречиста и те молам, исповедајќи го својот грев, да го молиш твојот Син и Бог да ми даде простување на гревовите, зашто сета своја надеж на тебе ја полагам, Дево.

Песна четврта
ИрМОС:
СѢДАЙ въ слaвѣ...

О
и го возљубил Исуса животодавецот и тој ти го по-кажа патот кон живеалиштата на светите, во редот на монасите. Тие нему непрестано му воспеваат химни и му воскликнуваат: „Слава й Христе на твојата сила".


Иако си бил млад по возраст, си имал старечка мисла, а си упразнувал и добар живот, во воздржувања, страдања и молитви, и постојано си воскликнувал: „Слава й Христена твојата сила".


Како што кошута жеднее по извори водни, така и ти си жеднеел по возвишен живот. На Гората Атос си нашол лек за секоја мака, а старецот Филотеј духовно те водеше напред.

Богородичен:
П
остојано те молам, Богородице, да се смилуваш на мене, зашто сум безнадежно изгубен. Немам добри дела што можат да ме спасат. Но ти преку твојата прва рожба, мајко пренепорочна, можеш да ме воскреснеш дури и од мртвите.


Песна петта
ИРМОС:
ОУЖAСОШДСА ВСАЧ6СКЛА...
З
а божествениот Јагари си бил како ангел Господов и како оној што има постојано добра мисла за Бога, таа на сите што горешто ја согледуваат им воскликнува: „Ајде сите да го возљубиме спасителот".

З
а место на своето божествено живеење си го избрал небесниот храм - манастирот на архангелите, а за учители Божјите слуги, богољубивиот филотеј и Диони-сиј; вие заедно станавте како небесни ѕвезди.

И
 моторот на ангелитебожествено го осветливте, блажени, иѕвршувајки ги ѕаповедите на божествената

Троица, а откако ја примивте трисолнечната светлина, на сите им ја покажавте како благовесници на спасени-ето.

Богородичен:
У

крас си им на оние што те сакаат, владичице, украс што е недофатлив за мојот ум. Животот ми е испол-нет со пустош, врева и грижи, но ти осветли ме со твојата божествена светлина и зачувај ме за да можам со љубов да те славам.

Песна шеста
Ирмос:
БожествЕнное с'1е...
С
и се крепел со голема духовна сила и лесно си ги истрпил сите искушенија, блажени Нектарие. Твојот живот за карејците стана образец за спасение.
О
слободи ги од сите маки оние што со љубов го чес-твуваат твојот светол спомен, оче Нектарие, и по твоите молитви, подај им срдечно да тргнат по Божјиот пат.
С
паси ги од сите зла, болести и опасности, оние што живеат во овој град и во твојот манастир, Нектарие, во кои и ти некогаш живееше, себлажени.

 

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg


Богородичен:
П
ослушна на божествената благовест и подучена од архангелот Гавриил, ти го роди во плот првоначал-ното Слово, кое го спасува светот од безумие.

Кондак, глас 3.
Подобен на:
Двл днесь...
Н
а оние од Атос, од Кареја, си им бил како ангел, кој подвигот добро го заврши. Си израснал како дрво плодоносно во реки од воздржание, а душата си ја исчистил со потоци од солзи. Сите те познаваат како божествен сосад на Духот, оче Нектарие.

Икос
Н
е забележувајќи го минливото, си го избрал немин-ливото. Уште во утробата си ги замразил земните насладувања на телото, а си ги претпочитал небесните и бесмртните. Си избегал од светот и од неговиот кнез, насочувајќи ја мислата единствено кон Бога, од кого до-аѓа секој добар дар. Сите те познаваат како божествен сосад на Духот, оче Нектарие.
Β
ο овој месец, во овој ден, го празнуваме споменот на нашиот свет отец Сава освештени. Во истиот ден го празнуваме и споменот на светиот и богоносен отец наш Нектариј Битолски, кој е роден во Битола, а се подвизувал во Големата лавра на
Света Гора Атос, во Кареја, во манастирот на светите архангели, кај старецот Јагари... Според она што беше речено, Господи, Нектариј сега навистина пие нектар од твоето изобилие. Тој си за-мина од овој земен живот на петтиот ден од дванаесет-тиот месец. Во истиот ден во мир се упокои и светиот Филотеј Карејски, кој го раководеше и му беше духовен отец. Си го возљубил Бога и ти, Филотеј триблажени, и сега горе стоиш пред неговото лице. По нивните моли-тви, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилувај и спаси не. Амин!

Песна седма
Ирмос:
НЕ посл8жйшл твдри...
С
илно си ја возвишил твојата мисла спрема царот на сё, блажени Нектарие; кон него и ние се возвишува-ме и радосно воскликнуваме: „Пејте го Господа и Бога на отците, зашто е благословен".
С
и ги отфрлил кожените одежди на смртноста, свети-телу, и си се облекол во Христа, кој е непобедлив и непроменлив; нему да му запееме: „Благословен си Боже во сите векови".
Ц
елосно си ги отфрлил плотските наслади и секаков вид на земно живеење. Ние, пак, посакувајќи го крстот Христов врз плеќите, воскликнуваме: „Господи и Боже на отците, благословен си".
В
о плот ни го роди животодавецот и човекољубецот Исус и стана мајка на животот, богоневесто. Удостој ги со живот тој ги со живот оние што со вера го воспеваат превоспе-ваното чедо твое, како Бог на вековите.


Песна осма
ИрМОС:
ОтрОКИ ВЛДГОЧЕСТИЕЫА ВЪ ПѓЦЈИ...


Како друго небо се покажа божествениот имот на бестелесните, имајќи ги како сонце твоите свети доблести, кои како чудесни ѕвезди сите ги охрабруваат: „Пејте го Господа со восхит и превознесувајте го во сите векови".


С
о право го носиш името на божествениот нектар, Нектарие. Бидејќи копнееше, си вкусил и пиеш сега од бесмртното и слатко вино. Моли се да им се даде тоа и на оние што пеат со копнеж: „Воспевајте го Господа сите созданија и превознесувајте го во сите векови".
И
мајќи во себе чувства за единствените и бескрајни убавини од Бога, посака нив постојано да ги гледаш, затоа радосно воскликнуваш, оче Нектарие: „Пејте го Господа сите созданија и превознесувајте го во сите ве-кови".
Е
огородице, благодатта на твојата промисла ги ос-ветли, ги возвеличи, ги украси и чудесни ги покажа меѓу сите народи Битола и Света Гора. Зачувај ги непо-вредени, Дево, зашто тие постојано ќе те слават во сите векови.

 

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

Песна деветта
Ирмос:
Всакъ земнородный...

О
ваа кратка песна составена од сегашните наследни-ци на твојот град и на твојот свет манастир, во кои ти, оче, светло растеше и се подвизуваше, богобојазливо ија принесуваме на твојата благородност и воскликнува-ме: „Погледни ја Битола и твојот манастир од сите страни и нас што сега те чествуваме".
П
огледни ги одозгора сите верни што со љубов го празнуваат твојот спомен, светителу, и дај им откуп за гревовите. Удостој ги со твојата помош, неповредени да ја преминат бурата на животот, себлажени Нектарие.
Д
ојди при монасите сега и погледни на нивната не-моќ, укрепи ги со сеугодни молитви пред Бога и води ги кон него по патот на оние што него вечно го гле-даат, што ј а презреле насладата на овој свет и уживањето во минливите страсти.
О
вета мајко, ти ни го роди премилостивиот Христос, прими ја оваа химна што ти ја принесуваме со страв Божји и со смелост за твојот слуга, кој верно ти служеше, прими ја како што некогаш го прими твојот Син, врз тво-ите нежни раце.

Светилен.
Подобен на:
оучнкѵѵлѵъ...
А
нгелски си поживеал во Кареја, богоносен Некта-рие, заедно со светиот Филотеј и Дионисиј; си се закитил закитил со молитва и пост и со други добри дела на дејс-твителното созерцание; благодарејќи им ним, ти сега сто-иш пред непристапната Троица. Моли се за нас кои те чествуваме, блажени.

Богородичен:
З
латоткаена тврдино, дванаесетѕиден граду, излеан трону од сончеви зраци, царски престолу, ти си над-умно чудо што некогаш ни го одгледа владиката.

Хвалитни стихири на 8, глас 8.
Подобни на:
СЭ преслдвндгш ЧЅДЕСЕ...
О
че, богоносен Нектарие! Од дете си го засакал Христовиот крст и цврсто си го изврвил спасител-ниот пат на евангелието, кој те доведе до небесниот град, блажени. Таму душите на праведниците му се радуваат на Христа, славејќи го со божествени песнопеења.
О
че, богоносен Нектарие! Ние, сегашните жители на твојот град, Битола, ти ја принесуваме оваа праз-нична химна во твој спомен, обземени со копнежот на верата. Ти, пак, преблажени, примија милостиво и јави им се на оние што те повикуваат, богољубиво дарувајќи им небесна благодат.
О
че, свет Нектарие! Мудрувањето на плотта си го потчинил на умот, преку воздржување и постојани молитви. Си се исполнил и со благодатите на Светиот Дух, светителу! Со неговите духовни зраци одбиј ги и од нас што те прославуваме сите чети демонски.

Други стихири, глас 2. Подобни на: Егда ẅ древа...


О
д младоста си бил обземен со копнеж во душата, блажени, и од божествените совети на преслаткиот Христос. Со содејството на Отецот, а преку видението на мајката Божја, си се укрепил во божественото. Си го оставил светот и веселбите во него, брзајќи од Битола кон Гората Атос, за да се подвизуваш со божествени под-визи, радувајќи го Бога, себлажени.
О
и го засакал најслаткиот јарем на послушанието врз рамената, мудар следбенику Христов. Си се пока-жал како голем подвижник на смирението, Нектарие. Си им станал образец на сите оние што, гледајќи те тебе, го прославуваат Христа. Затоа, покажи им ги на сите твои следбеници и на оние што ти се молат, твоите божес-твени подвизи.
И
мајќи го умот горе на небесата, богомудар, си ги отфрлил насладите на плотта и сите минливи задо-волства. Времето си го исполнил со постојано постење и молитва, а солзите како темјан си му ги принесувал на Бога. Затоа тој ти даде дар да исцелуваш. Подај ни и нам телесно и духовно исцелување.
С
и им станал горешт застапник на оние што го праз-нуваат твојот спомен, славенику, свет Нектарие, верен слуго Христов. Бидејќи имаш смелост, не престану-вај да се застапуваш за нас, да добиеме простување за нашите гревови, зашто од љубов ти ја принесуваме оваа химна. Прими ја милостиво, оче, и премилостивиот Хрис-тос одоброволи го.

Богородичен.
Д
ево, таинствено си го родила едниот од Троица, кој е со две природи и две енергии, но е еден по ипостас. Него смилостиви го да ги избави од секакви лукавства на непријателот оние што со вера ти се поклонуваат, зашто сите кон тебе прибегнуваме, Дево Богородице.

Слава.
Х
ор од отци во Битола и на Атос, на небото и на земјата денес приредуваат празник во спомен на Нектариј: на небесата во престолнината на првенците, а на земјата во Битола, неговата родна престолнина и во Кареја, во престолнината на монасите, во кои тој припа-ѓаше по тело. Ние на земјата заедно со оние што гледаат со духот весело воскликнуваме и велиме: Божја војско, богоизбрани војници во војската Господова, многусвет-лосни ѕвезди на мислениот столб, неразорливи кули на таинствениот Сион, многумирисни цвеќиња на рајот. доблесници на Битола и на Атос, украс сте на свештен-ството и монасите, сесрдно молете се за нашите души.

и сега и секогаш, на претпразникот, истиот глас:
П
окажи ја, Витлееме, престолнината Божја, зашто најсветлата светлина доаѓа да засветли кај тебе. Ангели на небото восхитувајте се, луѓе на земјата славете, мудреци вете, мудреци од Персија триславен дар принесете. Пастири што сте под ведрото небо, трисвета песна запејте: се што дише да го фали оној што се создаде.

Големо славословие и отпуст.

НА ЛИТУРГИЈА

Блажените од канонот на светиот, песните 3 и 6.
Прокимен, глас 7: Чесна е пред Господа смртта на неѓовите преподобни. Стих: Со што да му возвратиме на Господа за се што ни даде.
Апостол кон Галатјаните (гл. 5: 22-26; 6:1-2).
Алилуја, глас 8: Блажен е оној човек што се бои од Господа... Стих: Ке биде силно на земјата неговото по-томство.
Евангелие според Матеј (зач. 43).
Причесен: Споменот на праведникот ќе биде вечен...

Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

 

Со благослов на митрополитот австралиски и новозеландски и администратор преспанско-пелагониски господин Петар

 Korica.zitie.sv.Nektarij.jpg

Наслов на изворникот:
ΠΑΥΛΟΥ ΜΟΝΑΧΟΥ ΛΑΥΡΙΩΤΟΥ,
Ό "ΟΣΙΟΣ ΝΕΚΤΑΡΙΟΣ Ό ΑΓΙΟΡΕΙΤΗΣ,
Αθήναι 1991 (Έκδοση: Επτάλοφος ΑΒΕΕ)

Превод од Грчки:
Весна Калпаковска
Валентина Гулевска

 Подготви: Стојанка Тежак

Друго:

Житие на св. Нектариј Битолски (2)

Житие на св. Нектариј Битолски (!)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7595
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная