29 12. 2007 г.
Новата година е ден кога по соларните и сличните календари почнува следниот календарски, датумски, циклус, односно тој е првиот ден во следната година.
Во денешно време, повеќето земји го имаат прифатено сметањето на времето по григоријанскиот календар и почетокот на новата година го сметаат од 1.јануари. Прославата на Новата Година во Србија, односно во Југославија, посебно значење почнала да добива дури после Втората светска војна кога е направен обид да се спречи значењето, на кое голем број на христијанското население од овие простори му придавал на прославата на Божиќ, така да вниманието се восредоточило на дотогаш помалку прославуваната и непопуларна календарска "Нова Година". Со ова од една страна се избегнала манифестацијата на подвоеноста поради календарот на населението по религиозна основа, но од друга страна, по мислењето на делови од Југословените, неправедно се создавала општа непријателска атмосфера кон оние кои се одлучувале да продолжат со традицијата на прославување на Божиќ. Прославувањето на Новата Година на денот кога по григоријанскиот календар е означен како први јануари, не било одсекогаш присутно; всушност многу култури смената на годината, пред да се воспостави денешниот обичај, ја обележувале во пролет или во есен.
Црквената нова година се слави на 14 септември, како ден на почетокот на литургискиот циклус.
извор:СПЦ
. Подготви:С.С.
Посети:{moshits}