Претседателот на одделот за надворешни односи на Московската Патријаршија, Архиепископот Волоколамски г. Иларион за време на телевизиската емисија на тема "Црквата и светот", одговори на прашања во врска со медицинската грижа.
Конкретно г. Иларион ги прокоментира информациите на новинските агенции за намерите на швајцарските власти, кои сакаат да го направат построг законот што дозволува евтаназија во земјата.
"Евтаназијата претставува злосторство на човекот, против себе и против општеството. Од христијански аспект, ниту раѓањето, но ниту смртта не зависат од човекот. Треба да умреме кога ќе не повика Господ. Доколку човекот става крај на својот живот или на вештачки начин или превдремено, тогаш тоа значи дека не верува во идниот живот и во одговорноста за своите дела. Внатрешно неподготвен за тој премин човекот си оди од животот не со молитва, не со доверба кон Бога, туку со горчина и разочараност".
Архиепископот Иларион нагласи дека евтаназијата, која е дозволена во рамките на една цела земја, ја потврдува севкупноста на духовната болест.
Исто така, согласно со г. Иларион, пропагандатата на евтаназијата може да се претвори во смртоносна државна идеологија, штом бројот на повозрасните луѓе ќе претставува проблем за конкретната земја.
"Не сметаме дека човекот има право на убиство под било каква форма: било да се работи за ембрион, или за возрасен човек кој е болен", наведе Архиепископот Иларион.
Одговарајќи на прашањето во врска со се повеќе распространуваната епидемија на грип, Епископот повика луѓето без страв да прибегнуваат кон помошта на Црквата, бидејќи токму против својата болест човекот има потреба од лекар, но не само телесен, туку и духовен.
На крај, Архиепископот Иларион е уверен дека "црквувањето за никого никогаш не било на штета, а причестувањето со Светите Тајни може да биде само извор на исцеление, а не на болест".
Извор: Ромфеа
Преземено од МПЦ