Со благослов на Корејскиот митрополит Амвросиј, во Чонџу беше поставен камен темелник за идниот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица. Поради пандемијата на церемонијата присуствуваа само неколку верни од оваа парохија. Митрополит Амвросиј со трогателно слово им се обрати на присутните, во кое што меѓу другото рече:
Денес, во темелите на овој храм го поставуваме Светиот Крст на кој нашиот Господ ја пролеа Својата крв за спасение на Црквата. Не случајно, затоа што Крстот е пред сѐ основа на нашата вера. Не само во темелите, туку ќе го издигнеме и горе на врвот од куполата, како сведоштво за Неговата победа и знак за сите наоколу кои го бараат своето спасение. Да Му благодариме на Господа и Неговата благословена Мајка, кои нѐ удостоија денес да го извршиме овој историски чин за нашата Митрополија. Нека Он нѐ благослови да го изградиме храмот, така што да го славиме постојано Неговото свето и велико име, и Неговата Пресвета Мајка, на која Ѝ прилега секаква пофалба. Амин!
https://bigorski.org.mk/vesti/svet/