логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Архиепископ на Тирана и на цела Албанија
Анастасиј

НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТА ЗА МИСИЈА ЗНАЧИ ОДРЕКУВАЊЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

Проблемот на православната надворешна мисија е веќе официјално поставен во програмата на Црквата на Грција, и секоја година во целата земја се организира специјална „Седмица посветена на надворешната мисија“. Меѓутоа, дали е реално денес да размислуваме за еден таков труд? Ова прашање, кое на прв поглед изгледа толку сериозно и трезвено, кога повнимателно ќе се испита во светлината на православното предание и врз основа на библиската мисла, се поставува обратно: „Дали е можно денес Православната Црква на Грција да не размислува за мисија?“
Историски и надворешни причини, во последниве векови, ги принудиле православните да се повлечат „во сопствените редови“, заради запазување на нивната вера, и да создаваат затворени локални кругови. Ваквата тактика, која е оправдана, а можеби и наметната во многу случаи, било природно да доведе до опасноста од тенденција на изолираност и на религиозен провинцијализам. Меѓутоа, денес е јасно дека пролонгирањето на незаинтересираноста и на неподвижноста во областа на мисионерството значи одрекување од самото Православие. Можеби оваа фраза, на прв поглед, изгледа претерана. Но, нека ни биде дозволено да преминеме кон поаналитичко разгледување на четирите точки, не врз основа на општи, цивилизациски, религиозни или социјални критериуми, туку пред сѐ врз основа на православното богословско размислување.

А

Првото што треба да се потенцира е дека екуменичноста и апостоличноста претставуваат суштински елементи на православната еклисиологија. „Верувам во едната, света, соборна и апостолска Црква...“, непрестајно повторуваме на нашите богослужбени собранија. Тоа го сметаме за нешто што се подразбира, па постојано се повикуваме на тоа во нашите дискусии за Црквата.  Меѓутоа, штом така стојат работите, тогаш како можеме ние, и клирици и лаици, да размислуваме, да проценуваме и да одлучуваме, имајќи ги за критериум само нашата парохија, нашата епархија и нашите потреби? Интегралниот поглед на едната Црква и збирот на нејзините проблеми треба да се непрестајно пред нас и да бидат критериум за нашите копнежи и активности.
Кога велиме „нашата Црква“, доколку искрено сакаме да живееме православно, ние сме должни да мислиме на Црквата „која е насекаде по сите краишта на вселената“, којашто ја спомнуваме за време на служењето на Божествената Евхаристија Литургија (Василиева Литургија). Не постојат различни православни Цркви, туку постои една Православна Црква, којашто се наоѓа во Константинопол, во Александрија, во Грција, во Романија, во Русија, во Уганда, во Јапонија итн., согласно со библискиот израз на апостолот: „Црквата којашто е во Коринт“ (1. Кор. 1, 2 и 2. Кор. 1, 1). Православието не е федерација на Цркви, туку таа е „една, света, соборна и апостолска Црква“ на која Господ ѝ го доверил континуитетот на Неговото искупително дело за спасение на „целиот свет“, по сите географски и духовни должини и широчини на Земјата. Црквата е апостолска, не само во смисла на апостолското преемство, туку и затоа што ги одржува апостолскиот дух и апостолскиот оган и копнеж за проповедање на Евангелието „на целото создание“ (Мк. 16, 15).
Свеста за тоа дека Божјиот план е спасение на целокупниот свет, го принудува верникот непрекинато да ги крши оковите на неговиот затворен локален менталитет и да живее со визијата и со копнежот за „соединување на сите и на сѐ во Христос“ (Еф. 1, 10). Тоа е длабок копнеж, којшто не е можно да остане површински, туку се изразува како активно учество на една жива клетка во континуираното растење на Мистичното Тело Христово во неговите екуменски димензии. Значи, прашањето за сесветско мисионерство за православниот човек претставува непосредна доследност кон централната точка на неговото „Верувам“, и основен елемент на неговото сфаќање за Црквата. Без оваа доследност, неговото Православие станува проблематично.

Б

Втората точка се состои во неможноста да го замислиме автентичното Православие без нагласено живеење на екуменското мисионерство, зашто невозможно е да се замисли Православие што за свој центар го нема Господовото Воскресение. Воскресението и мисионерството се најтесно поврзани. Заповедта: „Одете и научете ги сите народи...“ (Мат. 28, 19; Дела. 1, 8 и 15, 8), е поврзана со триумфот на Господ, при што Му се даде „сета власт на небото и на земјата“ (Мат. 28, 18), а тој триумф треба да им биде проповедан „на сите народи“ и на „сето создание“ (Мк. 16, 15). Пред Воскресението, пред комплетирањето на делото на спасението, на учениците не им било дозволено да ги преминат границите на Ерусалим: „По пат кон незнабошци не одете и во самарјански град не влегувајте“ (Мат. 10, 5), им порачал Исус. Меѓутоа, по Воскресението, ним веќе не им е дозволено да ја ограничат нивната проповед во рамките на тие граници: „Одете и научете ги сите народи“.
Господовото Воскресение е почетна точка за ширење на мисијата од Ерусалим по целиот свет. Оние коишто и натаму продолжуваат да се движат исклучиво во границите на Израил (па нека е тоа и новиот Израил), се однесуваат како да очекуваат да живеат во деновите пред Воскресението. Целата химнографија на Воскресението, којашто претставува ΄рбетен столб на православното богослужение, се движи во оваа перспектива на спасението на целиот свет. Познатата воскресна химна од Неделната утрена гласи вака:
„Дојдете сите народи,
познајте ја силата на страшната тајна,
зашто Христос, нашиот Спасител, Логосот од почетокот,
се распна заради нас и беше погребан;
и воскресна од мртвите, за да го спаси целиот свет.
Нему да Му се поклониме“.
Значи, да се запрашаме: Како е можно толку нагласено да мислиме, да пееме и да го доживуваме Воскресението, а при тоа да остануваме мрзливи за повикот кон екуменско мисионерство? Како е можно да постои воскресенска православна перспектива, од којашто недостасува свест за должноста на верникот да им го проповеда Христовиот триумф, односно избавувањето на човечката природа, „на сите народи“ и „на целото создание“?

В

Има и трета точка: Во последниве години многу се зборува за „православна духовност“, којашто треба по секоја цена да биде зачувана на грчките простори. Не престанува да се признава како централна цел во православниот духовен живот егзистенцијалното тврдење, искажано во Господовата порака: „бидете во Мене и Јас ќе бидам во вас“ (Јн. 15, 4), „ако ги запазите Моите заповеди, ќе останете во Мојата љубов“ (Јн. 15, 10).  Меѓутоа, живеењето „во Христа“, помеѓу друго, значи дека размислуваме, чувствуваме и посакуваме исто како Него; тоа значи дека имаме „ум Христов“ (1. Кор. 2, 16). Но, како Господ го гледа светот? Дали Неговиот интерес се ограничува на нашиот град, на нашата нација, на т.н. христијански свет? Зарем Он не го создаде „сиот човечки род од една крв“? (Дела. 17, 26). Зарем не сака „сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината“? (1. Тим. 2, 4). Дали е Он незаинтересиран за милионите луѓе, кои живеат „настрана од заветите на ветеното, немајќи надеж и оние кои се безбожници во светот“? (Ефес. 2, 12). Штом Господ не е незаинтересиран за таа драма на човештвото, тогаш како е можно ние да бидеме апатични доколку навистина живееме „во Христа“? Каков вид на православна духовност може да процвета без таа болка, без почвата на соборноста на нашата Црква?


Г
Што се однесува до внатрешните проблеми, на коишто некои непрестајно се повикуваат, јас ќе се ограничам само на потсетувањето дека Црквата никогаш не престанала да има внатрешни турбуленции, а како што изгледа, нема ни да престане да ги има. Кога Апостолите се упатиле кон „народите“, односно кон нашите предци, проблемите на Црквата во Палестина не биле воопшто решени. Огромни внатрешни проблеми ја треселе Црквата кога Великиот Атанасиј се заинтересирал за хрстијанизирање на Етиопјаните, Јован Златоуст за Финикија и за многу други области, а Методиј, Кирил и Фотиј за христијанизирање на словенскиот свет. Но, сепак, тие проблеми не ги спречиле да покажат лична енергичност за христијанизирање на другите земји.
 Интересот за надворешна мисија не се темели врз недостаток на потреби во внатрешноста, туку врз непосредна гаранција дека без тој елемент е невозможно автентично да се живее христијанскиот живот. Имањето мисионерска свест значи усогласување на душата со духот на Апостолите и на светителите, како и со „умот Христов“, за да останеме вистински „во Него“. Проблемот не е етички, а уште повеќе не претставува еден вид црковен „луксуз“, туку е егзистенцијален. Не станува збор за обична должност, туку за нешто повнатрешно, потаинствено, што произлегува од Господовите зборови: „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди“ (Јн. 14, 15), „сѐ што сум ви заповедал“ (Мат. 28, 20). А особено последната заповед, којашто му става печат на Евангелието: „Одете и научете ги сите народи“.
Значи, мисионерството не е ништо друго освен непобитна внатрешна потреба за секој верник, а многу повеќе за Црквата. Ете зошто на почетокот нагласивме дека понатамошна незаинтересираност и неподвижност во областа на екуменското мисионерство значи одрекување од самото Православие.

Д

На крај, настанот на Педесетница, роденденот на Црквата, непрестајно говори за нејзината мисионерска и екуменска димензија. Најкарактеристичен момент од слегувањето на Светиот Дух е дека „им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот да изговараат“ (Дела. 2, 3-4). На овој огнен начин паднале сите националистички и јазични бариери и објавено е дека хоризонтот на христијанската проповед не била Јудеја, туку целиот свет. Настанот на Педесетница, на величествен начин, го открива екуменскиот карактер на Црквата.
Од ова тука, накратко кажаново, лесно е да се сфати дека претставува страшна противречност доколку Црквата, од една страна, се карактеризира како Црква на Педесетницата, а, од друга страна,  пребива затворена во собите на стравовите и колебањата за нејзината екуменска одговорност, при што во пракса усвојува провинцијалистичка тактика. Како може да биде веродостојна дека е православна една Црква, којашто практично ги негира најнепосредните последици на Воскресението и на Педесетницата? Токму затоа, реалното прашање „Дали може Православната Црква на Грција денес да размислува за надворешна мисија?“, за оној што сака да размислува со православни критериуми, се поставува обратно: „Дали е можно Православната Црква на Грција да не размислува за надворешната мисија?“.


Извадок од книгата:
ΕΩΣ ΕΣΧΑΤΟΥ ΤΗΣ ΓΗΣ
Αναστασίου, Αρχιεπισκόπου Τιράνων καί πάσης Αλβανίας

Превод: Јеромонах Атанасиј Арсоски

Извор: Православен пат бр.37



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная