16/02/2015
Војниците на Исламската Држава казнија 21 египетски христијанин во Либија.
На интернет се појави видео запис, каде обезглавуваат 21 коптски христијани на брегот на Средоземното море во Либија.
Заради трагичните настани, претседателот на Египет Абдел Фаттах ас-Сиси прогласи во земјата седумдневна жалост и вети дека ќе го одмазди извршеното злосторство.
„Египет го зачувува правото во соодветен момент да даде соодветен одговор како одмазда за крвта на нашите маченици-сограѓани“, – изјави тој во телевизиското обраќање кон народот.
На говорот на претседателот му претстоеше итна седница на Советот за национална одбрана на државата, на која тој подвлекол, дека светот се судрил со терористички бран, и „дошло времето да се дејствува без примена на двојни стандарди“ против терористичките организации, кои работат на исполнувањето на своите цели.
Исто така, се соопштува дека претседателот на Египет го посетил поглаварот на Коптската црква, патријархот Теодор II и му го изразил своето сочувство.
Христијаните биле заробени од ИДИЛ на либиска територија. Во врска со тоа, А. Ф. Ас-Сиси воведе забрана за движење на египјаните во Либија и побарал да се помогне иселувањето во татковината на оние сограѓани, кои остануваат во таа држава.
Извор: http://www.pravoslavie.ru/news/77322.htm
Извор: Преспанско- пелагонска епархија