13 ноември 2014 лето Господово
Во текот на ископувањата недалеку од палестинскиот град Рамала,190557.p.jpg археолозите успеаја да откријат една од најголемите христијански светињи – местото на гробот на св. архиѓакон Стефан, првиот маченик за Христа, соопштува информативниот портал „Линга“.
Тековните истражувања на палестински и израелски научници на древниот локалитет Харб ал – Тајар, оддалечено 2 км. западно од градот Рамала, даде неочекувани резултати: во рамките на проектот на Ерусалимскиот универзитет за откривање и реставрација на древности, група археолози под раководство на докторот Салах ал – Худелија открија урнатини на цел црковен комплекс, вклучително и храм од византиско – омејадскиот период, а исто така и византиски манастир.
Според Ал – Худелија пронајдокот е од исклучителна вредност за христијаните во цел свет.
„Во една од тие цркви ние наидовме на натпис, во кој беше посведочено за тоа дека споменатиот храм бил подигнат во чест на првомаченикот и архиѓакон Стефан, погребан овде во 35 год., од нашата ера“, раскажа историчарот.
Научникот ги увери локалните и црковните власти, чиишто претставници неодамна ги посетија новооткриените урнатини, дека Универзитетот ќе продолжи да ги инвестира сите свои расположливи ресурси и енергија за реализација на овој проект.
„Останаа уште само пет години и тогаш неопходните истражувања ќе бидат завршени, а овој споменик ќе биде во потполност готов за предавање; објектот сигурно ќе стане место за поклонение на верниците од цел свет. Нема да изостанат ни туристите, бидејќи Хирбет ал – Тира е жив пример на континуитетот на културата на Блискоисточниот регион: овде на едно место ние го гледаме целокупното древно наследство, раниот и доцен среден век, елинистичката, византиската и исламската култура“, заклучува археологот.
Да напомнеме дека четвртина од земјата на древниот локалитет Хирбет ал - Тира, исто така познато како Кафр Гамла, припаѓа на Ерусалимската Православна Црква, која како што очекуваат експертите, ќе направи соодветен населен пункт за поклониците што ќе доаѓаат тука.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир