Протојереј Всеволод Чаплин: руското духовно оружје е помоќно од нуклеарното
Претседателот на Синодалниот Оддел за односи меѓу Црквата и државата на Московската Патријаршија, Протојереј Всеволод Чаплин, смета дека најголемата закана на Русија е губењето на духовното оружје. Во неговите најнови јавувања во емисиијата „Вечност и време“, тој изјавил дека „Западот се обидува на Русија да ѝ го одземе нејзиното духовно оружје кое е помоќно од нуклеарното“.
Според него, во денешниот свет поимите за добро и зло се воедначени во новиот збор „толеранција“, која, пак, наводно „не полагала монопол врз вистината.“ – Пребивањето во вистината е единственото духовно оружје, и тоа во вистината која важи за сите, а не само за нашиот народ – децидно изјавил отец Всеволод, дополнувајќи дека „нуклеарното оружје не е лек за сите проблеми.“
- Западот игра така што ги поткупува општествените елити – оние кои се без идеи и се подготвени да ги продадат своите идеали за шака пари – со цел да ја сочуваат цивилизацијата која се труди да биде единствена во светот од нејзините конкуренти – заклучил Претседателот на овој оддел, предупредувајќи дека купувањето на елитите станува сè полесно.
Извор: Правмир
Преземено од: Кумановско-осоговска епархија