Лавров: Западот се оддалечува од Русија зашто таа се враќа кон Православието
05 јуни 2014
Рускиот Министер за Надворешни работи Сергиј Лавров, изјави дека Русија се177270.p.jpg враќа кон традиционалните духовни вредности и тоа е една од причините за оддалечувањето на Западот од неа, соопштува „Интерфакс-Религия“.
„На наше изненадување, почна да се пласира тезата дека дури и Советскиот Сојуз со својата комунистичка доктрина, во крајна мера, е поприфатлив за разработениот западен систем на идеи, додека, пак новата Русија, како последица на тоа што се враќа на своите традиционални вредности, вкоренети во Православието, станува многу понеприфатлива“ – изјави Лавров на состанокот со членовите на Рускиот совет за меѓународни односи во Москва.
Истовремено со ова, според неговите зборови, во последно време сѐ поочигледно се пројавува противречност „помеѓу објективно утврдената многуполарност и стремежот на САД и историскиот Запад да ги сочува своите вообичаени доминантни позиции среде културно-цивилизациското многуобразие на современиот свет и обидите секаде да се наметне Западната скала на вредности“.
Оваа, последната (скала на вредности), како што забележа министерот, „сѐ повеќе и повеќе се одалечува од своите сопствени христијански корени и сѐ помалку е приемчива кон религиозните чувства на луѓето од други вероисповеди“.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир