(14.03.2014 12:27)
По повод 300-годишнината од раѓањето и 235-годишнината од мачеништвото на светиот Козма, во Грција и дијаспората се одржуваат научни конференции, изложби, концерти и други настани.
На 9 март во етолскиот град Фермо била презентирана нова поштенска маркица пуштена во поштенски сообраќај од поштенската служба на Грција, а во салата во која се одржала презентацијата речиси и да не останало слободно место, соопштува порталот Agionoros. ru. На презентацијата свечено обраќање одржал градоначалникот на Ферма, кој меѓу другото, истакнал: „Нашата област се гордее со тоа што овде е роден, израснал и започнал со својата дејност светиот Козма Етолски… Неговите заслуги не можат да се опишат со зборови: рамноапостолниот Козма го спаси народот од исламизација и потполно губење на својот идентитет“.
На свеченоста слово прозинел и Митрополитот Етолски, г. Козма, кој истакнал: „Сите ние сме му благодарни на Светителот. Козма Етолски духовно ја оживеал нашата татковина, спасувајќи ја од погибија. И денес е извор на идеали и вредности. Светиот Козма ја носи Христовата светлина врз општеството, семејствата, младите. Неговото наследство е особено актуелно денес, кога современите владетели на Грција делуваат спротивно на неговите завети“.
За крајот на оваа година, во ноември и декември во Москва е планирана меѓународна научна конференција посветена на рамноапостолниот Козма Етолски. Излагањата на оваа конференција ќе бидат собрани и издадени од издавачката куќа „Света Гора“.
Извор: Православие.Ру
Преземено од:МПЦ-ОА