Есхумирање на моштите на преподобниот Старец Гавриил (Ургебадзе) (25.02.2014 10:17)
На 22 февруари 2014 год. во женскиот манастир Самтавро (Мцхет, Грузија) беше извршено есхумирање на моштите на добропознатиот за целиот православен свет преподобниот Старец, исповедник и чудотворец Гавриил (Ургебадзе). За молитвено застапништво, на гробот на Старецот дојдоа да се поклонат околу 700 илјади луѓе, меѓу кои имаше болни, изнемоштени и деца. Така се исполни пророштвото на преподобниот Гавриил дека кај него ќе дојде половина Грузија. Беа есхумирани и моштите на неговите духовни отци – преподобните бетанијски светители Георгиј и Јован. Есхумираните мошти на Старец Гавриил со литија беа пренесени во соборниот храм во Мцхет, а потоа тие ќе бидат однесени во соборниот храм Пресвета Троица во Тбилиси.
Извор: Православие.ру