Пред Даровите од мудреците се поклонија повеќе од половина милион Руси (20.01.2014 )
Претседателот на фондот „Св. Василиј Велики“, г. Константин Малофеев објави дека во минатите неколку дена, пред Даровите од мудреците во Русија се поклониле повеќе од половина милион верни Руси: „За десет дена, пред Даровите од мудреците во Русија се поклониле 585 илјади верни: 420 илјади притекнале кон нив во Москва, а 165 илјади во Петербург. Градот, Новодевичкиот манастир и Санк-Петербуршката Епархија покажаа прекрасна организираност, а народот во овој град неверојатно трпение и смирение“, изјави г. Малофеев.
Петербуршкиот Вице-гувернер, г. Василиј Кичеджи напомена дека дури 25% од поклониците биле млади луѓе, со што, според него, тоа е знак дека на Русија ѝ претстои светла иднина. Според зборовите на игуменијата на Новодевичкиот манастир, Софија, пренесувањето на оваа ранохристијанска светиња во Русија е еднакво на чудо. Според неа, вистинското чудо се случило во добрите срца на луѓето, озарени од светињата.
Во последните мигови од присуството на Даровите во петербуршката земја пред нив се поклони и гувернерот Георгиј Полтавченко.
Извор: Свето-Вознесенско Архиерејско подворје на Казанската епархија, РПЦ-МП
Преземено од: МПЦ-ОА