Во Вторникот на 19 фебруари 2008 во организација на Центарот за Провославни Христијански Студии “Ст. Андрењ Хоусе” од Детроит, а во просториите на Антиохиската Православна Црква “Свети Ѓорѓи” во Трој (Мичиген), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Диоклиски Калист од Грчката православна епархија во Велика Британија, а сега помошник на Цариградскиот Патријарх одржа предавање на тема “ Иднината на православието во Америка – Евхаристиската заедница и единставо: постигнување на двете”.
Интересот за ова предавање беше преголем и ги надмина очекувањата на организаторот кои беше принуден предавањето да го премести од предвидената предавалната во самата црква. Исто така организаторот дополнително интервенира со поделба на овој несекојдневен настан на два дела. Во првиот дел кој започна во 17 часот, Митрополитот Калист имаше двочасовна средба со 40-на Свештенослужителите кои беа преставници на Православните и другите христијански цркви. Македонската Православна Црква беше преставена од Протојерејот-ставрофор д-р Александар Мустеников.
На вториот дел присуствуваа повеќе од 500 христијани од разни нации кои на ова предавање му дадоа вистински интернационален импулс.
По уводното преставување на Архиепископот Натанаил, Митрополитот Калист ги изнесе своите искуства и размислувања за иднината и опстанокот на Православието во дијаспората. Притоа нагласувајќи ја важноста и неопходноста да се намине религиозниот национализам и потоа само со меѓусебен респект, христијанска љубов и заемна соработка можеме да придонесеме Православието не само да опстане, туку и да остане “единствена вистинска вера”.
Известува: Г. Стефанов
Посети:{moshits}