Митрополитот Диоклиски Калист од Грчката православна епархија на Велика Британија ќе одржи предавање за „Иднината на Православието во Америка – Евхаристиската заедница и единство: постигнување на двете“, на 19 февруари во црквата на свети Георгиј, којa е под јурисдикција на Антиохиската Православна Црква во Детроит.
Митрополитот Калист е помошен епископ на Цариградскиот патријарх во Велика Британија и е меѓународно познат писател и предавач на православното христијанство.
Неговото предавање е спонзорирано од St. Andrew House – Центарот за православни христијански студии. „Сега во Америка, на древната православна Црква се гледа како на “етничка“ црква, која повеќе се дефинира со својата националност отколку со своите начела во Едната Вистинска Вера“, рече Архиепископот Натанаил. „Митрополитот Калист ќе говори за иднината на Православието во Америка и ќе ги изнесе своите размислувања за тоа како Православната Црква може да просперира и ефикасно да го проповеда Евангелието во денешниот свет“.
Извор: Directionstoorthodoxy
P.S.
Но, Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата? (Лука 18, 8)
(од редакцијата на сајтот на МПЦ)
Посети:{moshits}