логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Типови на религиозниот живот

 Преподобномаченичка монахиња Марија Скобцова (1891-1945)

Ако почнеме да го изучуваме историското место на кое ние се наоѓаме, или, попрецизно, тие историски видови на благочестие кои ја создале нашата денешна ситуација, на тој начин можеме објективно и непристрасно да ги воочиме различните категории на луѓе кои не го разбираат религиозниот повик на човекот на еден ист начин. Секоја категорија има свои позитивни и негативни карактеристики. Многу веројатно е тоа дека само нивното сумирање и групирање му дава правилен облик на многустраниот христијански живот. Од друга страна, кога се класифицираат типовите на религиозниот живот во Православието, секогаш треба да се има на ум дека заедно со јасните и потполни претставници на еден или друг тип, мнозинството на луѓе претставуваат синтеза на два, а почесто и на повеќе типови на религиозен живот. Класифицирајќи и определувајќи, многу е тешко да се задржиме во рамките на непристрасноста и објективноста, затоа што во животот, секој човек се придржува на својата перцепција и разбирање на христијанството и се оддалечува од разбирањето на тоа што нему му е туѓо. Затоа е потребно да се направат сите напори за да се избегне таквата пристрасност.

Ако ги набљудуваме верниците, беседиме со нив, читаме разновидни книги и списанија посветени на духовните прашања и дилеми, веднаш пред очите ќе ни излезе неверојатната многустраност на разбирањето на духовниот живот.

Кога би се обиделе да го сведеме тоа разнообразие во повеќе или помалку определени групи, според мене, во сегашниот момент има пет групи на типови: 1) синодален тип на благочестие; 2) ритуален; 3) естетски; 4) аскетски и 5) Евангелски.

Се разбира, ваквото групирање до некој степен е условно. Животот е далеку покомплексен од ова и сигурно дека има и други категории, коишто јас не сум ги почувствувала. Но, таквата условна распределба е од голема помош во разбирањето на многу појави во нашиот живот и до извесен степен ни ја дава возможноста да се разбереме во сопствените симпатии и антипатии, во сопствениот духовен пат. Секој духовен тип има своја, понекогаш сложена приказна, свој сопствен происход и секој се определува по различните услови на своето настанување. Не само по внатрешната склоност човекот може да се вброи во една или во друга група, туку, исто така и по тоа од каква средина произлегува, какво е неговото воспитување, образование и на какви влијанија бил подложен. Да се обидеме да ја карактеризираме секоја категорија од аспект на нејзиниот историски постанок, да се обидеме да ги карактеризираме нејзините каракактерни особини, нејзиното битие, нејзиното искуство, силата на нејзиното распространување, продуктивните можности кои се во неа и нејзиниот одговор на современите задачи на Црковниот живот.

1. Синодален вид на благочестие

Руската емиграција се распрснала низ Европа, така кажано, уште пред да „излади“ од војната, со страст и бес од тоа што беа лишени од „белата идеја“ – од идеалите за голема и неделлива Русија. Таа од Русија не ги увезла само своите просјачки наметки, ниту само бајонетите и знамињата на полковите, но и подвижни цркви со иконостаси, Свети Садови, одежди. Населувајќи се во туѓите земји, емиграцијата не организирала само одделенија на Општовоинскиот Сојуз, туку таа подигнала и свои цркви. За многумина, Црквата била од животна важност и потреба за нивните души. За мнозина – неизбежен атрибут на големодржавната руска идеја, без која е невозможно да се зборува за својот национализам, за својата верност на традициите и заветите од минатото. Црквата претставувала и се препознавала како политички и патриотски симбол. Но, некако, нејзината длабока смисла не го добивала потребното внимание. Вниманието се насочувало кон тоа, торжествено да се чествуваат годишнините на трагичната смрт на националните херои или годишнините на основањата на славните полкови и со тоа да се демонстрира националното единство, својата верност кон старите заповеди – да се служат молебни и панихиди, да се клекне на едно колено при пеењето на „Вечнаја памјат“, или, пак, да се соберат во круг околу најстариот по чин. Често трошеле големо количество на досетливост и енергија, правејќи свеќници и кадилници од конзерви за храна, а исто така, прилагодувале обични бараки во импровизирани храмови. Нејзиното постоење било од суштествено значење, само што мотивите на таа суштественост често биле од национален, а не од црковен карактер.

Ако се обидеме да го откриеме потеклото на таквиот однос, така без труд ќе ги пронајдеме неговите корени во претходната црковна епоха, т.е. таканаречениот „Синодален период“. Во времето на Петар Велики, нашата Руска православна црква станала атрибут на руската големодржавност, станала државен ресор како и сите други државни ресори, односно, паднала во системот на државно уредување и ги впила во себе идеите, навиките и вкусот на власта. Државата ì била покровител, ги казнувала нападите против Црквата и исползувала фрлање на проклетства врз престапниците против државата.

Државата ги назначувала црковните ерарси и ја следела нивната активност со помош на прокуратор. Исто така таа ì задавала на Црквата административни задачи. Накусо, ги вкоренила во неа своите политички очекувања и идеали.

Постоењето на ваков систем во период од 200 години го видоизменил целосниот состав на Црквата. Духовниот живот бил ставен во заден план, а на површината било официјалното, државно признато вероисповедување со издавање на чиновниците потврда за тоа дека се исповедале и се причестиле – без таква потврда, од гледна точка на државата, чиновникот не можел да се смета и почитува како благонадежен. Системот изработил посебна религиозна психологија, посебен тип на религиозни луѓе, посебен вид на етички устројства и посебно искуство и начин на живот. Благочестието е некоја државна добродетел, потребна само во таа мера која е пропишана од државата. Свештеникот е поставен од државата како надзорник кој се грижи за правилно религиозно функционирање на секој лојален руски граѓанин, и како таков, свештеникот е почитуван, но во секој случај, не повеќе од другите лица кои се задолжени за општественото уредување, воената моќ, финансиите итн. Во синодалниот период е создаден инфериорен однос кон свештенството – им бил одземен општествениот статус кој го заслужуваат, па дури имало обид и да не се пуштаат во таканареченото „општество“.

Луѓето еднаш во годината се исповедале, затоа што така се барало од нив, се венчавале во црква, ги крштевале своите деца, правеле опела за покојните, оделе на молебни во царските денови, во некои случаи на особено благочестие служеле акатисти – но сепак, Црквата била сама на себе: тука доаѓале само кога требало и воопшто не настојувале да ја зголемат својата црковност, – тоа можеби го правеле само словенофилите, кои со својот однос полека го измениле воведениот, формален и казнен однос кон Црквата. Природно е тоа што синодалниот тип на благочестие во прв ред се потпирал на петербуршката министерска бирократија, и благодарение на таа бирократија, бил распространет по цела Русија низ провинциските бирократски центри до месните претставници на државната власт.

Ваквата поставеност на системот предопределила луѓето кои имале најголем дар на религиозност и ревност, да не го најдат своето место во истиот тој систем. Тие оделе во манастири, стремејќи се кон потполно одвојување од секоја црковна надворешна дејност, или пак, кревале бунт, често спротивставувајќи се не само против таквиот црковен систем, туку и против Црквата.

Така, кај нас и кај нашите револуционери се појавил антирелигиозен фанатизам, кој во својот почетен стадиум е многу сличен на огнот на подлабокиот религиозен живот. Тој фанатизам ги вовлекувал во себе сите оние кои жеднееле по внатрешен аскетски подвиг, жртви, љубов и служење без интерес и корист – сето тоа што официјалната државна Црква не можела да им го даде на луѓето.

Потребно е да се спомне и тоа дека во тој синодален период и манастирите исто така биле подложени на општиот процес на разложување на духовниот живот. Сесилната рака на државата се чувствувала врз нив, на нивниот морал и начин на живот и така станувале официјални ќелии на општоцрковниот ресор.

Така, во Црквата останале само оние кои биле топло-ладни, само оние кои умееле да го контролираат својот религиозен порив и оние кои умееле своите духовни потреби да ги воведат во системот на државните вредности. На таков начин се изработил и системот на морални идеали. Со највисока вредност на почитување биле поредокот, законопослушноста, почит кон постарите, голема грижа за младите, чесност, љубов кон татковината, почитувањето на власта итн. Никакви посебни напори не биле потребни. Творештвото било потиснато во интерес на редот и на општите цели на државниот апарат. Подвижниците воопшто не се појавувале во провинциските соборни храмови. Тука дејствувале луѓе од друг вид – отци настојатели, спокојни, деловни протоереи кои прекрасно ја знаеле службата и се грижеле да ја отслужат раскошно и велелепно, соодветно на раскошноста и велелепието на огромниот храм, прекрасни организатори и администратори, сопственици на црковниот имот, чиновници на синодалниот ресор, луѓе респектирани и добросовесни, но невдахновени и некреативни.

Храмовите – крунското обележје на синодалното архитектурно искуство, пленеле со својата монументалност, опширност, злато и мермер, со огромните куполи, со громкото ехо, со огромните Царски двери и богатите ризници, со колосалните хорови кои пееле посебни, италијански песни. Ликовите на иконите многу тешко се забележувале, затоа што биле во златен и сребрен опков. Ѓаконот едвај го подигнувал Евангелието затоа што опковот бил многу тежок, и ѓаконот го читал на таков начин Евангелието, што понекогаш не можело да се разбере ни еден збор, но неговото задолжение не ни било неговото читање да биде разбирливо, туку, читањето да почне со ниски и неразбирливи тонови, а да заврши така што, манифестирајќи ја целосната јачина на својот глас, да предизвика да се тресат прозорците. Сè било во хармонија од аспект на тогашната црковнао уметност, сè имало за своја цел да се покаже моќта, богатството и нескршливоста на православната Црква и императорското покровителство.

Колку била раширена оваа црковна психологија? Се разбира, не смее да се мисли дека тоа било единствен вид на религиозно сознание, несомнено, заедно со него се пронаоѓале и други видови, ама во секој случај, надвладувал синодалниот тип. Тоа е особено јасно, посебно ако имаме предвид дека истовремено со таквото разбирање на црковниот живот и религиозните патишта, интензивно растело и нашето безбожие. Луѓето, внимателно забележува Соловјев, иако верувале во тоа дека настанале од мајмуни, ја полагале својата душа за нивните пријатели. Љубовта, пожртвувањето, подвигот можел да се најде и надвор од црковните ѕидини. А внатре во Црквата, сè што било туѓо веднаш се наоѓало во опозиција, пливало против течението, се стеснувало и намалувало. Црковната психологија се потпирала на многу цврстиот живот, којшто се хранел од таа психологија. Традицијата проникнала секаде – од молитвата до кујната. Од претходно кажаното е јасно дека е многу тешко на таква почва да очекуваш раст на креативните сили. Сè било насочено кон конзервација, кон зачувувањето на основите, кон повторување на чувствата, зборовите и гестовите. На креативноста ì се потребни нови задачи – овде ги немало, ни во областа на мислата, ни во областа на искуството и животот. Сè се чувало строго. Новини не се допуштале.

Немало потреба од креативен почеток. Синодалниот тип на религиозен живот, истакнувајќи ги духовните вредности заедно со државните, животните и традиционалните вредности, не само што ја прекинал и измешал хиерархијата на вредности, туку често и ја заменувал Христовата љубов со егоистичната љубов кон работите од овој свет. Тешко, дури и невозможно е да се види Христос, да се почувствува охристовување таму каде што отворено се прокламира секуларизација на Црквата. Тој тип на благочестие не се справил со претешката задача: да се даде Божјото на Бога, а царевото на царот. За своето подолго опстојување тој сè повеќе и повеќе му воздавал торжество на царот. Во него римскиот император Го победил Христа, не на циркуските арени, не во катакомбите, туку во оној момент кога (овој тип на благочестие) го признал императорот за Небесен Цар, во моментот кога ги заменува христијанските заповеди со заповедите на световната државност. Кон синодалното благочестие е можно да се пристапи по патот на воспитанието, навиките и традициите, но никако не може да се пристапи со желбата да се оди по стапките Христови.

Од историска гледна точка, веќе кон крајот на XIX век почнал да напукнува тој систем. Во Црквата се појавил неочекуван и не многу сакан гостин – руската интелигенција. Но, за нејзината улога ќе зборуваме понатаму. Во почетокот, руската интелегенција на мала врата се вкоренува во суштествувањето на црковниот живот – накратко, тоа било како прицрковно движење.

Сè се менува решително од моментот на Февруарската револуција, и тие промени во животот на Црквата биле запечатени на Серускиот Црковен Собор и востановувањето на Патријаршијата.

Но, колку и да биле силни тие промени во историското битие на Црквата, тие, се разбира, не можеле веднаш да ја променат психологијата на луѓето – да ја изменат настроеноста на душата. Имено, затоа емиграцијата со себе го понела во туѓите држави споменот на синодалниот период на Руската Црква, т.е. нејзиниот живот, искуство, свештенство, нејзиното разбирање на улогата и значењето на Црквата во една општа патриотска шема. Кај нас и во овој момент е преовладувачки синодалниот тип на благочестие. Тоа може лесно да се докаже, ако го имаме на ум тоа што, карловачката група (група на епископи, свештеници и верници, основана во Карловци, кои во 1921 се прогласуваат за административно независни од свети Тихон, Патријархот Московски) живее во целост врз основа на таа идеологија на поврзаност меѓу Црквата и државата, ги чува старите традиции, не сака да ги воочи и прими новите животни услови и проповеда цезаропапизам. Но, сепак, таа специјална група не ги привлекла сите приврзаници на синодалната психологија. Секаде и секогаш, од колосалните соборни храмови па сè до провинциските храмови во бараки, ние можеме да сретнеме луѓе кои ја исповедуваат својата припадност во Православната Црква, но заедно со тоа исповедаат дека Црквата е само неопходен атрибут на руската државност.

Тешко е да се има две мислења по прашањето за согласувањето на таа психологија со современите задачи на црковниот живот. Животот, како прво, има голема потреба од творечки и креативни усилби, така што никакво групирање лишено од творечките задачи не може да смета на успех. Освен тоа, нема сомнеж, што површноста на синодалниот тип завршил засекогаш, нема никакви основи да се претпоставува дека нивната создадена психологија ќе има долг животен век. Во таа смила, веќе не е важно како ние го цениме тој религиозен тип; важно е едно – тоа што тој несомнено умира, едноставно, не припаѓа на иднината. А иднината пред Црквата ќе постави такви комплексни, нови и круцијални задачи, така што е тешко веднаш да се каже на кој религиозен тип ќе се даде таа возможност  да се докаже и открие себеси во еден креативен начин.

Превод од руски јазик:

Александар Ѓорѓиевски, студент на Теологија

Наслов на изворникот:

Преподобномученица Мария (Скобцова).

Типы религиозной жизни

http://www.mere-marie.com

Православна светлина бр. 19

Преземено од: Ортодоксија иортопраксија

http://crkvaveles.wordpress.com/

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3134
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7611
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/11/2024 - вторник

Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преподобен Варлам Хутински ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Тропар на светите Христови маченици Галактион и Епистима 5 ноември / 18 ноември 2024

Вера имајќи повредна од животот земен,дарувана ви беше о Галактионе и Епистимо, времето дадено за преумување мудро го употребивте поучени...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная