логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Ignatij.Brjancaninov2a.jpg

ФАРИСЕЈ
(во два дела)


Брат! Внимателно да проникнeме во Евангелието, да се загледаме во карактерот на Господа Спасителот наш Иисус Христос. Ние ќе видиме, дека тој никогаш не се соблазнувал на грешниците, без разлика колку биле тешки нивните гревови. Исто така нема ниеден пример во целото Евангелие каде што светите апостоли се соблазнуваат на некого. Спротивно, фарисеите се соблазнуваат постојано, се соблазнуваат дури на Самиот Сесовршен и вочовечен Бог; се соблазнуваат дотолку, поради што го осудуваат како престапник и го предаваат на срамотна смрт; Го распнуваат Спасетелот на крст посреде два разбојника! Од сево ова природно излегува заклучокот дека соблазнувањето е голем недостаток на душата, дека тоа е својство на фарисејот. Треба внимателно да гледаме во срцето и со духовно расудување нацрпено од Евангелието да го умртвиме во него чувството на соблазна од ближните.
Евангелието е – свештена и сесвета книга! Како што во чистите води се отпечатува сонцето, така во Евангелието е изобразен Христос. Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, Христа  вистинскиот Бог како Спасител на паднатите луѓе;  ќе види во Евангелието, какви својства треба да има ученикот на Иисуса , којшто е повикан да се научи на кротост и смиреност од Самиот Господ. Во таквите Богоподражателни добродетели тој ќе го најде блажениот покој на својата душа.

ПРВ ДЕЛ

Влегол еднаш Господ во домот на Матеј  митарот, претворајќи го од митар во апостол, седнал воплотениот Бог на трпеза заедно со грешници. Фарисеите гледајќи го тоа се соблазниле. Зошто, му велеле тие на учениците Иисусови, зошто со митари и грешници вашиот Учител јаде и пие? (Мт. 9:11).
Најпрвин кажете, фарисеи, зошто тие луѓе ги нарекувате грешници? Не ќе беше ли подобро ако ги наречевте ксметлии  или блажени, Ангели или Херувими, бидејќи Бог благоволи да седне заедно со нив? Не ќе беше ли подобро и сами да кажевте: „ И ние сме грешници! Прими нè и нас милосрдни Иисусе покрај нозете Твои. Овие грешници, Срцезналче и вистински Судијо, Ти си ги удостоил со чест, одминувајќи не нас Ти седна со нив. По сè изгледа нашите гревови, пред Тебе, се поголеми од нивните. Ти со нив седиш, а нам барем дозволи ни да припаднеме кон Твоите нозе.“
Го нема светото благоухание- смирението кај мрачните праведници, кои се богати со праведноста на паднатата човечка природа, праведноста лажлива, праведноста бесовска. Тие дрско го осудуваат Господа, ги осудуваат и примените од Него грешници, кои по таков начин стануваат вистински праведници, - го отфрлаат Господа, велејќи: вашиот Учител. Давајќи до знаење дека не го признаваат Него за свој Учител.

Одговорот на Господа е – одговор за основата на скриениот недостаток на фарисеите. Овој одговор во себе содржи страшно осудување и отфрлање на секоја привидна човечка праведност која е соединета со осудување на ближниот. Не им треба, рекол Господ, лекар на здравите, туку на болните. Одете научете се, што значи, милост сакам а не жртва. Не дојдов да ги повикам праведниците, ами грешниците на покајание (Мт. 9: 12- 13).
 


Еднаш во саботен ден одел Господ со Своите ученици и апостоли посреде поле, засеано со жито. Учениците почувствувале глад и почнале да откинуваат класје: тријеќи ги со рацете, ги очистувале зрната а потоа ги употребувале за храна. Фарисеите, гледајќи го тоа, му рекле на Господа: Зошто учениците Твои го прават, тоа што не треба да се прави во сабота (Мт. 2: 2). Господ, спомнувајќи го Давид и свештениците, од кои првиот го нарушил обредовиот закон случајно, а вторите го нарушиле законот по упатството на законот, пак им ја повтори грозната забелешка на фарисеите: Да знаевте што значи: милост сакам, а не жртва, ни малку не ќе ги осудевте невините (Мт. 12:7).

Чувството на соблазна – колку е зајадливо, колку е злонамерно! –  се преправа дека до најмала ситничавост ги исполнува формите на законот, а пак суштината на законот ја презира. Фарисеју мрачен и слеп! Слушни, што ти зборува Господ: Милост сакам. Гледајќи го недостатокот на ближниот, смилувај се на него: тој е твој член! Маната, која денес ја гледаш кај него, утре може да биде и твоја. Ти се соблазнуваш единствено од тоа, што си горд и слеп! Ти исполнуваш некои надворешни правила на законот, и поради тоа си ласкаш себе си; ги презираш и осудуваш ближните кај кои забележуваш нарушување на некои ситници, а не го забележуваш исполнувањето на големите, скриените добродетели, коишто Бог ги возљуби а кои му се непознати на твоето надмено и жестоко срце. Ти не си гледал доволно во себе, ти не се познаваш себе си: и токму затоа не признаваш дека си грешник. Затоа твоето срце не се сокрушило, не се исполнило со покајание и смирение; поради тоа ти не си разбрал дека подеднакво како и другите луѓе имаш потреба од милоста Божја, имаш потреба од спасение. Страшно е – да не признаваш дека си грешник! Од оној кој не се смета за грешник Иисус се одрекува: не дојдов, вели Тој, да ги повикам праведниците, ами грешниците на покајание. Какво блаженство е да признаеш дека си грешник! Кој ќе го признае тоа  добива пристап кај Иисуса. Какво блаженство е – да ги видиш своите гревови! Какво блаженство е – да гледаш во своето срце! Кој ќе се загледа во своето срце, тој заборава дека има на земјата освен него и други грешници. Тој, ако и погледне некогаш на ближните, тие му се гледаат како непорочни,  прекрасни ангели. Гледајќи во себе и размислувајќи врз своите гревовни флеки тој се убедува дека единственото средство за спасение е – милоста Божја; гледа дека е слуга негоден, не само затоа што ги нарушува Божјите заповеди, ами и поради  нивното недоволно исполнување, кое повеќе изгледа како  искривување отколку исполнување. Имајќи самиот потреба од милост, тој обилно ја излева врз ближните,  има за нив само милост. Ако би знаеле, што значи: милост сакам, а не жртва, тогаш немаше да ги осудите невините. Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание (Мт. 12: 7; 9: 13). 
Милосрдниот наш Спасител Господ Иисус Христос, примајќи го покајанието на митарите и блудниците, исто таке не ги пренебрегна и Фарисеите: Тој дојде да го исцели човекот од сите негови недостатоци, а меѓу нив и од Фарисејството, кое е посебно тешкоисцеливо имено поради тоа што таа болест се смета и прогласува како нешто најздраво; таа ги отфрла и лекарот и лечењето, таа сама сака да лекува болести кај другите, употребувајќи притоа огромни греди за извадувањето на едва забележливата раска од нежното око на ближниот.
Еднаш еден Фарисеј го повикал Господа на заедничка трпеза. И влегувајќи во домот на фарисејот, милосрдниот Господ седна (Лк. 7: 36) , ни раскажува Евангелието. Изгледа, дека фарисејот иако имал усрдност и некоја вера кон Господа, сепак, при Неговото доаѓање, тој определил колкава чест треба да му одаде на Гостинот. Ако не беше таквата пресметка, основана на сознанието на својата праведност и достоинство, што ќе му пречеше на фарисејот да притрча кон Божествениот Посетител, и со трепет да припадне пред Неговите свети стапала, постилајќи ги под Неговите нозе душата и срцето? Тоа не беше сторено; Фарисејот го испуштил случајот да му оддаде чест на Спасителот како на Спасител.
    


Пропуштеното го прави една жена од истиот град, позната грешница. Брза таа носејќи со себе сад со миризливо миро во домот на фарисејот, влегува во одајата каде што била поставена трпезата и почнува да ги мие со солзи нозете на Спасителот; ги брише солзите со својата коса - и во исто време целивајќи ги нозете на Спасителот ги помазува со миро.

Не ги гледа слепиот Фарисеј добродетелите извршени пред неговите очи покажувајќи го така студенилото и мртвилото на своето срце. Соблазна и осудување ја обземаат неговата душа. Тој помислува: Ако беше Овој пророк, ќе знаеше, која и каква е жената што го допира: дека таа е грешница (Лк. 7:39). Зошто ти го понижуваш Бога нарекувајќи го само пророк? Зошто ја нарекуваш грешница, онаа, која подобро од тебе знае да го почитува Бога? Исплаши се, замолкни- присуствува Создателот! Нему му припаѓа судот над Неговите созданија; Тој – еднакво може да прости и петстотини и педесет динари гревовен долг: Тој е бескрајно семоќен и богат. Фарисејот обично го заборава тоа во својота пресметка. Гледајќи кај ближниот долг од петстотини динари, тој ги остава без внимание своите педесет динари, дури не ги смета за долг, меѓутоа определението на Божествениот Суд ни кажува дека и двајцата немаат да вратат, дека  двајцата имаат иста потреба од простување на долгот. Но, бидејќи немаа да му вратат, тој им прости на обајцата (Лк. 7: 42). Недостатокот на смирение, поради што и настанува фарисејството, на духовното преуспевање му смета многу.
Во тоа време, кога паднатите во тешки гревови со горешта ревност и со сокрушен дух принесуваат покајание, заборавајќи го притоа целиот свет, гледајќи го и оплакувајќи го само својот грев - тогаш погледите на фарисејот се разделуваат; неговиот грев му се причинува мал, па затоа не го привлекува целосно своето внимание кон него; тој памти, ги знае неколкуте свои добри дела и на нив ја полага сета своја надеж. Тој ги гледа недостатоците на ближните и споредувајќи ги со своите, ги признава своите за мали и извинителни. Колку повеќе расте во неговите очи сопствената правда, толку повеќе се намалува благодатното оправдание, бесплатно подарено на оној кој се кае.
 Од тоа ослабува, се истребува  чувството на покајание. Со намалувањето на чувството на покајание потежок станува патот кон духовното преуспевање; со истребувањето на чувството на покајание човекот скршнува од спасителниот пат и оди по патот на самомнението и самоизмамата. Тој станува туѓ за светата љубов кон Бога и ближните. Ѝ се отпуштаат многуте согрешенија, рекол Господ за блажената грешница, зашто возљуби многу. А кому помалку му се отпушта, тој помалку љуби (Лк. 7: 5).

Заразениот од болеста на фарисејството се лишува од духовното напредување. Жестока е почвата на неговата срдечна нива, не принесува плодови: за духовно плодоносие  потребно е срце обработено со покајание, омекнато, наводнено со умиление и солзи.


Лишувањето од преуспевање – веќе е значителен губиток! Но, штетата од фарисејството не се ограничува само на бесплодноста на душата: смртоносната зараза на фарисејството во најповеќе случаи е пропратена со крајно погубни последици. Фарисејството не само што ги прави бесплодни за човекот направените од него добри дела, но ги пренасочува во зло за неговата душа, ги прави за негово осудување пред Бога.
 
Тоа ни го покажал Господ во параболата за митарот и фарисејот кои се молеле заедно во храмот Божји (Лк. 18). Фарисејот, гледајќи на себе, не наоѓал причини за покојание, не осеќал причини за срдечно сокрушение; спротивно на тоа, тој наоѓал причини од кои бил задоволен со себе, поради коишто си ласкал на себе. Тој гледал дека пости, подава милостиња, но не ги гледал пороците, кои ги гледал  или кои мислел дека ги гледа кај другите и поради кои се соблазнувал. Велам, кои мислел дека ги гледа, бидејќи на соблазната очите се огромни; таа гледа и такви гревови во ближниот, коишто воопшто ги нема кај него, коишто ги измислила фарисејската вообразба водена од лукавството. Фарисејот во својата самоизмама за својата душевна состојба на Бога му принесува благодарење. Тој го крие своето превознесување, а и тоа самото се сокрива од него, прикрено во благодарењето. При површното гледање на Законот нему му се гледало дека тој е – исполнител на законот, дека е благоугоден пред Бога. Тој заборавил, дека заповедта Божја, според изразувањето на псалмопевецот, е многу широка, заборавил дека пред Бога и самото небо е нечисто (Јов 15: 15); заборавил дека на Бога не му се благоугодни нити жртвите, нити сепалениците кога тие не се пропратени со скрушен и смирен дух (Пс. 50), заборавил дека Законот Божји треба да се посади во самото срце за да ја достигне  вистинската, блажената , духовна праведност. Пројавувањето на таа праведност започнува кога човекот ќе почне да ја осеќа бедноста на духот (Пс. 39: 9; Мт. 5: 3). Славољубивиот фарисеј мисли дека му благодари на Бога, мисли дека Го прославува: Боже, Ти благодарам, вели тој, што не сум како другите луѓе: разбојници, неправедни, прељубодејци (Лк. 18: 11). Тој ги набројува јавните гревови коишто може да ги види секој; но за душевните страсти, за гордоста, лукавството, злобата, лицемерието, не измолвува ниту збор. А овие страсти и го составуваат фарисејот!  Тие ја помрачуваат, умртвуваат душата, ја прават неспособна за покајание! Тие ја уништуваат љубовта кон ближниот и ја раѓаат исполнетата со студенило, гордост и злоба – соблазната! Високоумниот фарисеј мисли дека му благодари на Бога за своите добри дела; но Бог се одвраќа од него; Бог произнесува против него страшен приговор: Секој што се превознесува ќе се смири (Лк. 18: 14).

Кога фарисејството ќе се засили и ќе созрее, кога ќе завладее со душата, тогаш плодовите се – ужасни. Нема безаконие, пред кое тоа би се уплашило, на кое не би се решило. Фарисеите се осмелиле да похулат на Светиот Дух. Фарисеите се осмелиле да го наречат Синот Божји побеснет. Фарисеите си допуштиле да тврдат дека воплотениот Бог, Спасителот кој дојде на земјата, е опасен за благосостојбата на опшеството, за граѓанскиот строј на јудејците. И поради што сите тие испреплетени измислици? Заради тоа што на таков начин, скривајќи се под привидната справедливост, под маската дека се грижат за заштитување на народноста, законите, религијата, сакаа да ја наситат  својата ненаситна злоба со крв, сакаа да принесат крв како жртва поради зависта и високоумието, и така да го извршат Богоубиството. Фарисејството е – страшен отров, ужасна душевна болест.
 

Да се потрудиме да го изобразиме фарисејот, позајмувајќи слики од Евангелието, за да може секој, кој ќе се загледа во таа страшна и чудовишна творба, внимателно да се пази, како што ни заповеда Господ, од квасот фарисејски (Мт. 16: 6): од начинот на мислењето, од правилата, од душевните својства на фарисеите.

   
Фарисејот задоволувајќи се со исполнувањето на надворешните обреди на религијата и со правењето на некои видливи добри дела, коишто не им се туѓи и на многубожците, рапски им служи на страстите, коишто секогаш се труди да ги сокрие, коишто во значителен степен не ги заприметува во себе и не ги осеќа, но кои произведуваат кај него совршено слепило за Бога и Божественото учење. Познанието, па затоа и гледањето на дејствието на душевните страсти во себе се плодови на покајанието; но фарисејот е недостапен за чувството на покајание. Како може да се скруши, умили, да се смири она срце кое е задоволно со себе? Неспособен за покајание, тој не е способен да ја види светлината на Божјите заповеди, кои пак, ги просветуваат очите на умот. Иако тој се занимава со читање на Писмата, иако ги гледа во нив заповедите, но сепак во своето помрачение не се задржува на нив: тие побегнуваат од неговиот поглед, и тој ги заменува со свои умствувања, бесмислени, изопачени. Што има почудно, по несообразно од фарисејските умствувања кои се спомнуваат во Евангелието! Кој се колне во црквата, тврделе фарисеите, ништо не е: а кој се колне во црковното злато, виновен е (Мт. 23: 16).

Фарисејот оставајќи го исполнувањето на оние заповеди кои ја составуваат суштината на Законот, се стреми кон префинето исполнување на  некои надворешни ситници, и притоа очевидно ги нарушува заповедите. Светите Божји заповеди, во кои е сокриен вечниот живот, оставени се од фарисеите без внимание, целосно се заборавени! Давате десеток, им говорел Господ, од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното од Законот: праведноста, милоста и верата... Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате (Мт. 23: 23, 24).
Најскриената од сите душевни страсти е славољубието. Оваа страст повеќе од сите други се маскира пред срцето човечко, давајќи му задоволство, кое честопати се прима како утеха на совеста, како утешување од Бога. Фарисејот е заквасен и од славољубието. Тој сè прави заради човечки пофалби; тој љуби кога неговата милостиња, постот и молитвата  имаат сведоци. Тој не може да биде ученик на Господ Иисус, Кој што им заповеда на Своите следбеници да ја пренебрегнуваат славата човечка, и да одат по патот на понижувањата, лишувањата, страдањата. Крстот Иисусов му служи на фарисејот како соблазна. Нему му е потребен Мессија, сличен на Александар Македонски или Наполеон, кој би имал громогласна слава на освојувач, Мессија со пехари и богатства!
Мислата за духовната небесна слава, за славата Божја која е вечна, мислата за самата вечност е недостапна за неговата душа којашто се влече по земјата во правта и тленоста! Фарисејот е среброљубив! Срцето негово е таму каде што е неговото богатство. Таму е неговата вера, таму му се чувствата, надеждта и љубовта! Со устата, со крајот на јазикот тој го исповеда Бога, а со срцето се одвраќа од Него. Никогаш тој не го чувствува  Божјото присуство, не ја гледа Божјата промисла, не знае од опит за стравот Божји. За неговото срце нема Бог, нема ниту ближни. Тој целиот е земен, целиот е плотски, целиот е во власта на душевните страсти, се движи од нив, се управува од нив, се влече кон секое беззаконие, живее и дејствува единствено поради самољубието. Во таквата душа е подигнат идолот на сопственото јас. На тој идол постојано му се принесува темјан и му се заколуваат жртви. Како е можно во таквата душа да се соединат служењето на Сесветиот Бог со служењето на скверниот идол?  Таа душа е во страшна запустеност, во сташен мрак, во страшно мртвило. Таа е – пештера темна во која живеат лути ѕверови или уште по лути разбојници. Таа  е – гроб, украсен однадвор за телесните очи кои така лесно можеш да ги излажеш, а внатре е исполнет со мртовечки коски, смрдеа, црви и сè што е нечисто-  богуомразено.
Фарисејот бивајќи туѓ на Бога има потреба да се покажува пред луѓето како Божји слуга; бивајќи исполнет со секакви безаконија има потреба да се покажува пред луѓето како добродетелен; стремејќи се да ги задоволи своите страсти, тој има потреба да им придава на своите постапки привидна пристојност. На фарисејот неопходна му е маската. Несакајќи навистина да е благочестив и добродетелен, а само посакувајќи да го сметаат луѓето за таков, тој се облекува во лицемерие. Сè кај него е – вештачко, сè е – измислица! Делата, зборовите, целиот неков живот е – лага непрестајна. Срцето негово е како адска темница, преисполнета со сите страсти, со сите пороци, со непрестајни маки. И ова адско срце врз ближниот дише со бесчовечното, убиственото чувство на соблазната и осудувањето. Фарисејот се грижи да се покаже пред луѓето праведен, а самиот е чедо на сатаната, зема на себе некои црти од Евангелието, се украсува со нив, за неопитното око да не препознае во него враг Божји, и така сметајќи го за пријател Божји лесно постанува негова жртва. Фарисејот не го осудува злото во ближниот, не порокот, не нарушувањето на Законот. Не! Како може да го осуди злото кога самиот тој е негов другар и миленик? Неговите стрели се насочени кон добродетелта. Но, за да бидат ударите посилни тој ја клевети добродетелта, `и припишува зло, и правејќи да изгледа дека се бори против неа, го убива нему омразениот Христив служител. Фарисеј! Ти го носиш на казна невиниот, за вина која ти самиот си му ја измислил? Тебе ти припаѓа казната, исто како и измислената вина!
Зарем те охрабрува тебе тоа што Христовиот ученик, подражавајќи го Христа, со молчење ја пие чашата на страдањата што ти му ја приготви? Несреќнику! Уплаши се од тоа таинствено и великодушно молчание. Како што сега заради Христа следбеникот Христов молчи, така на Страшниот Суд Иисус ќе прозбори за него, ќе го изобличи безаконикот кој не беше препознат од луѓето, и ќе го испрати во вечната мака. Фарисеите измислиле дека и Самиот Богочовек направил престапништво; тие и приготвија за Него казна; ја купија Неговата крв; се преправаа дека не го разбраа.

Најголемото злосторство на земјата е направено од фарисеите. Тие секогаш му биле верни, и досега му се верни на своето адско призвание. Тие се – главните непријатели и гонители на вистинското христијанско благочестие и добротетели, тие не штедат никакви средства, не се колебаат пред никакво злосторство. Против нив грми определението на Господа: Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот? Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги биете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град; за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот. Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род (Мт. 23: 33- 36). Се исполнија зборовите на Господа, и досега се исполнуваат: заразените со квасот фарисејски и сега се во непомирливо непријателство со вистинските ученици на Иисуса, ги гонат, и јавно, или пак прикриено со помош на клеветата и соблазната; жедно и неуморно ја посакуваат нивната крв. „Господи Иисусе Христе! Помагај им на слугите Твои. Давај им да те разбираат Тебе, Тебе, Кој како овца на колење те водеа, и (кој си бил) како Агнец, безгласен пред оние кои го стрижат (Ис. 53: 7). Подавај им со чистото око на умот да те гледаат Тебе, и додека страдаат, како пред Твоите очи во блаженото молчание, обогатувај ги со благодатни дарови, нека го осеќаат во себе миротворното веење на Светиот Дух, којшто му соопштува на Твојот слуга дека не ќе може да биде Твој, доколку не ја прими чашата на страдањата, која Ти си ја избрал како своја сопственост, овде на земата, за Себе и за Своите возљубени“.

 

Подготви: о.  Нил

Друго:

Св. Игнатиј Брјанчанинов -ФАРИСЕЈ (2)

РУСКИОТ БОГОНОСЕЦ СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

Свети Игнатиј Брјанчанинов - За прелеста

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная