логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Прејадувањето

... Кој се прејадува, наликува на пијаница, како и оној кој лесно се расрдува.
 Најлоша работа е ситоста. Сит е, па се одвалил е тешко дише. И со духовното исто така станува.

Пијанството

 Пиењето во мала количина го поткопува животот и по малку личи на бавно самоубиство.
 ... Да се испие до дното – тоа не излегува на добро. И здравјето е појако и поиздржливо, кога не се пие воопшто. Оној кој не пие секогаш е свеж и способен за работа.

Похотта

 Штом блудната страст се зачне, таа ја обзема душата, а телото го прави мрачно и смрдливо; кога блудот ќе се изврши, мракот станува непроѕирен, а смрдеата неиздржлива.
 Во телесната  нецеломудреност човекот паѓа и се помрачуваа сè до нивото на бесрамно животно, губејќи го чувството на човечност.
 Против похотната страст служат постот и молитвата, како и неодстапното сеќавање на Бога, со стравот дека стрелата на правдата Божја може да погоди и на самото грешно дело...
 Похотта и гневот не припаѓаат на природата, туку се последици на нејзиното расипување. Оној кој ги победува, не ја победува природата, туку ја уништува нејзината расипаност, воведувајќи ја во поредок кој за неа е нормален.

Vecerna.Ksenija.jpg

Болеста и лечењето

 Болната или здрава состојба на телото ја испраќа Бог, имајќи го во предвид спасението.
 Единствено Бог сево ова го знае. Болеста не е казна или знак на отфрленост од Бога. Напротив, и тоа е милост Божја. Од Бога сè е милост: па макар и болест, сиромаштија и неволја. Сестрата треба поусрдно да се моли на Бога, но на молитва да не говори: „Дај ми здравје!“, туку: „Нека биде волјата Твоја, Господи! Слава Ти, Господи! Ако Ти е Тебе угодно, Господи, избави ме, а ако не, нека биде волјата Твоја! Верувам дека и таа (болеста) е добра, како што е добро здравјето...“
 Примете ја оваа болест како испратена од Бога, вам на спасение. Трпејќи ја мирно својата болна состојба, вие по правиот пат ќе одите во рајот... Патоткон него е тежок и исполнет со страдања... Тој е тука, пред вас – вие сте на него. Гледајте да не го пропуштите, или поедноставно, да не не  го забележите спасението.
 Сè е од Бога, а Бог подобро од нас знае што кому му одговара... и не срдете се на лекарите. Тие не лечат сами. Тие излекуваат кога Бог ќе благослови. Бог на болната и здравата состојба гледа сосема поинаку отколку ние. Неговите погледи на тоа прашање оддалечени се од нашите како небото од земјата. Се случува Бог со болеста да ги штити луѓето од други неволји, кои не би ги одминале кога би биле здрави.
 Болест! Што да се прави? Трпете и благодарете Му на Бога, говорејќи во себе: „Оваа болест е заради моите големи и безбројни гревови. Господ ми ја одзема силата за да би ме опаметил со тоа... И милоста, и посетите на тагата – сè е преиспитано и ништо не е бескорисно. Се ближи часот на смртта; а кога ќе дојде, што тогаш ќе правам јас грешниот? Господи, Боже мој! Поштеди го немоќното создание Твое!“
Постојат болести чие излекување Господ го забранува, кога гледа дека болеста е попотребна за спасение од здравјето. Не можам да кажам дека тоа не би можело да се примени и на мене...
Да се биде на болесничка постела, тоа е како – вршидба на жито. Колку повеќе удари,  толку повеќе зрна ќе се соберат и жетвата ќе биде побогата. Потоа, зрното оди под камен, па од добиеното брашно се меси тесто и се остава да скисне, за потоа да би се испекле лебови и конечно би биле изнесени на трпезата Божја.
Што значи некоја болест, во тоа подобро да не се вдлабочувате. Таа ја означува милоста Божја, за вас невидлива, но затоа ништо помалку делотворна.
Спокојно поднесувајте ја вашата болест и благодарете Му на Бога за неа... зашто да не е таа, можеби би оделе со нозете нагоре, а вака седите и одите како што треба. Другата корист е тоа што, ако сте здрави, ако сакате дејствено да го постигнете своето спасение, би морале да држите строги постови, бденија, долги молитвословија, да стоите на заедничките црковни служби и да поднесувате други напори. Сега сето тоа е заменето со трпењето на болеста. Трпете и за останатото не се вознемирувајте. Само душата држете ја како што треба. Духовно сте здрави. Соодветно со тоа, со својата духовна страна треба во потполност да му служите на Бога: бидете трезвени и бодри, имајте дух скрушен и смирен, пребивајте во молитва, одгонувајте ги помислите, чувајте го смирението, не осудувајте, радувајте се со оние кои се радуваат, тагувајте со оние кои тагуваат, сеќавајте се на бога и смртниот час и друго на тоа слично... Ете ви спасение!
Сè е од Бога: и болеста и здравјето; а сè што е од Бога ни се дава на спасение. Така и ти доживувај ја својата болест и благодари Му на Бога што се грижи за твоето спасение. На  кој точно начин тоа што Бог ни го праќа служи на нашето спасение, тоа не мораш да го  испитуваш, зашто можеби и не ќе можеш да дознаеш. Бог едно праќа како казна, како епитимија, а друго како вразумување, да би се опоменал човекот; нешто му праќа да би се избавил од неволјите во кои би западнал да бил здрав, а нешто човекот да би покажал трпение и со тоа би заслужил поголема награда; нешто се испраќа за човекот да би се очистил од некоја страт, а постојат и многу други причини...
Не е грев да се лечиме, дури и кога е болеста од Бога: зашто и лекарското знаење го дава Бог и лековите Тој ги создал. Со тоа, кога прибегнуваш кон лекарот или лековите нема да прибегнуваш кон она што се наоѓа надвор од патиштата и установи Божји. А баењето – тоа не е од Бога, таму не треба да се оди. Што конкретно да  направиш,  тоа јас не можам да ти го кажам; ќе речам само: нека не биде спротивно на волјата Божја. Спасувајте се!
Бог испратил болест. Благодарете Му на Господа; зашто сè што доаѓа од Господа, за добро е.
Ако почувствувате и видите дека сами сте криви, тогаш почнете да се каете и да жалите пред Бога што не сте пазеле на дарот на здравјето кој ви го дал. А потоа сепак поедноставете ја работата – дека болеста е од Господа, зашто секој случување во околноста е од Него и ништо не станува случајно. Веднаш потоа пак заблагодарете Му на Господа.
Болеста смирува, ја омекнува душата и ја олеснува нејзината вообичаена оптеретеност со многу грижи.
Ете оздраве, повеќе не греши, да не ти се случи нешто полошо (Јн. 5, 14). Гревот не ја погодува само душата, туку и телото. Во некои случаии тоа е сосема очигледно, додека во други не е така јасно, но останува вистината дека и болестите на телото се сите и секогаш од гревови и заради гревови. Гревот се случува во душата и непосредно ја прави болна; но бидејќи животот на телото е од душата, тогаш од болната душа и животот на телото секако не е здрав. Веќе и самиот факт дека гревот на нас неведува мрак и тага  мора неповолно да делува на крвта, во која е основата на телесното здравје. А кога ќе се потсетиш дека тој те одвојува од Бога – Изворот на животот, и дека човекот го доведува во расчекор со сите закони кои делуваат како во него самиот така и во природата, тогаш уште треба и да се чудиме како грешникот воопшто останува жив после гревот. Тоа е милост Божја, зашто Тој очекува покајание и обраќање. Соодветно со тоа, болниот пред секое друго дело треба да побрза да се очисти од гревовите и во својата совест да се измири со Бога. Со тоа ќе се прооди патот за благотворното дејство на лековите. Слушнав дека имало некој познат лекар кој не пристапувал на лечењето додека болниот не се исповеда и причести со Светите Тајни; и колку потешка била болеста, толку тој поупорно инсистирал на ова.
Во болеста учете се на смирение, трпение, спокојство и благодарење на Бога. Тоа што се појавува недостаток на трпение, тоа на луѓето им е својствено; ако се појави, треба да се изгони. Тука е и чувството на тегобност на  својота состојба. Ако не се чувствуваат тегоби, нема ни трпение. Но, кога ќе се појави тегобно чувство и го следи желба да биде отфрлено, тука нема ништо грешно. Тоа е природно чувство! Гревот почнува дури тогаш, кога душата, после тоа чувство, ќе подлегне на нетрпеливоста и тргнува да турка кон роптање. Кога такво чувство се појави, треба да се отфрлува и да се заблагодарува на Бога.
Болеста, меѓу другото, учи на смирение и на покорност на волјата Божја.
Нема грев во тоа да се молите за оздравување. Но треба да се додава: „ако изволиш Господи!“ Душевниот мир донесува потполна покорност на Господа – со послушно примање на она што тој го праќа, како добро кое доаѓа од добриот Господ... а тоа и Господа го смиостивувам. Тој тогаш или дава оздравување, или човекот го исполнува со утеха, без оглед на тежината на ситуацијата.
Да ја лечите сестрата или да прибегнувате кон светиите – тоа едното на другото не му смета. Лекарот го создал Бог, како што и лековите се создание Божјо. Лекарот не лечи сам, туку преку него лечи Бог. Бог го  советува лекарот и тој пропишува соодветен лек. Кога Бог не муи помага на лекарот, не знам дали тогаш некој од нив доаѓа до правиот лек. Обратете му се на лекарот, но истовремено Господа и Неговите светии молете ги да го вразумат во изборот на лекот. И кон светите Божји угодници прибегнувајте и правете сè што прават побожните луѓево таквите ситуации (само надрилекари немојте да барате).
Дека во лечењето нема грев, тоа не треба посебно да се истакнува.  Но ни тоа што многу, по вера и ради трпение, не се користеле со ова средство, исто така не е лишено од вредност. Треба само потоа сè мирно да се поднесе, да не се падне во роптање. Роптањето е веќе грев. Кој не чувствува храброст, а такви сме сите ние грешните, тој подобро да оди кај лекар, но помош секако да очекува од Бога: зашто Тој ги вразумува лекарите.
И лекарите и лековите Бог ги створил не затоа само да би постоеле, туку да би биле од корист на болните. Сè е од Него: Тој допушта да се разболиме, Тој нè опкружил и со средства за излекување. Ако постои долг да го чуваме Божјиот дар на животот, тогаш мораме и да се лечиме кога ќе се појави болест. А можеме и да не се лечиме, очекувајќи дека Бог ќе нè излекува, но тоа е многу смело. Можеме да не се лекуваме да би се вежбале во трпението и предаденоста на волјата Божја, но тоа е особено тежок подвиг и при тоа ќе бидеме криви за секое „ох!“, зашто умешна ќе биде само благодарната радост...
... Господ лекува. Лекарите се – орудија.
... Молитвата е молитва, а докторите се доктори. Докторите ги дал Бог и Божја волја е да им се обраќаме. Господ во помош доаѓа тогаш кога природните средства, кои нам Тој ни ги устроил, ќе се покажат недоволни. Затоа треба да се молиме, но сепак да не ги пренебрегнуваме ни природните средства. Барајте и ќе најдете!
Нема грев во тоа да се побара лек, зашто и лекарот е Божји, и лековите се Божји, и рецептите се Божји. Обратете се на смирени доктори. Тие отворено ќе ви кажат дека не знаат како се пишуваат исцелувачките рецепти... На Бога Му било угодно нас освен со природни да нè опкружи и со надприродни средства. На никој не му е затворен пристапот кон тие извори. Клучот за нив е – верата. Кога сака на тој начин да исцели, Бог Самиот дава и сила на верата и води онаму каде што благоволил да пружи исцелување. Слепи сме. Не знаејќи каде Бог сокрил лек за нас, ние одиме по сите средства кои Он ни ги дал, и природни и натприродни...


Тоа што внатрешното обраќање кон Бога во болеста не е веќе исто, тоа представува последица на слабоста. Кој ја чувствува својата недостојност пред Бога, нема да допушти неправилни чувства ни во време на болест.
Душевното спокојство е важно средство за оздравување.
Хомеопатијата може да помогне кај секакви болести, но треба да се погоди соодветниот лек. Тоа може да се направи врз основа на симптомите, односно според она преку таа болест се пројавува. Со хомеопатија може да се лечи и да не се гледа докторот – по пат на допишување.
Каква е хомеопатијата! Каде што алопатијата во тек од пет недели немала успех, таа за половина ден покажала забележливо дејство. Споменик треба да ù се подигне.
За лековитоста на артосот (квасе, кисел леб кој во Русија се осветува во првиот ден Велигден и се дели на народот во саботата од Светлата Седмица) со богојавленска вода и јас сум слушнал. Сепак – нека биде волјата Божја. А лекови, зар не  употребувате?! И едното и другото може да се употребуваат – и Божјото и човечкото... И кај човечките средства лековитото дејство е од Бога. По таа вера и човечкото преминува во Божествено... или Божественото доаѓа преку човечкото.
Главоболката трепете ја мирно. Таа покажува дека е тука Оној Кој ве љуби, и дека ве подсетува на Себе!
Многу силна главоболка... Од каде ви е тоа... да не е од желудникот? Да не е од седење во затворено? Почесто одете на воздух. Да не е од раздразнетост на нервите од непријатности? Ова последното со ништо не може да се излечи, освен со предаденост на волјата Божја...
Умното вдлабочување не ја заморува толку главата, колку што грижата го разорува и тишти срцето, а болката од срцето преминува во главата. Вториот мој рецеп на тоа е и насочен: не го оптеретувајте срцето со грижи, туку сето страдање и грижа предадете ги во рацете Божји, така да срцето остане потполно слободно. Така главата ма колку и да се вдлабочува, сè ќе поднесува без изнемоштување.
Многу сте се труделе околу болниот и тоа ве турнало од на нозе. Можете да се утешите со тоа дека не сте паднале по своја вина. Иако А. Тоа не го заслужува, но Господ по Својата милост и заради вашата мајчинска љубов и трпењее на навредите, ќе го прими тоа внимание како да Му е Нему укажано: болен бев...
Болните ја имаат таа среќа што не чувствуваат потреба за излегувања во друштво; седејќи дома и против своја волја, се молат на Бога.
... Обер – прокуратор собирал сведоштва за свештеници кои се занимаваат со лечење на болни... Да не мислат можеби да воведат медицина во богословиите? Читајќи ги тие сведоштва, помислив колку би било добро кога би  ја вовеле.
... Бидејќи времето на животот не е во наши раце и бидејќи мислите Божји се далеку од нашите како небото од земјата, не е противно ни на Бога ни на нашите надежи во состојба на болеста да го имаме на ум и упокојувањето.
За болните е карактеристично тоа дека смртта, ако е судено да дојде, не доаѓа одненадеж. Во тој поглед болната има корист од болеста. Таа може да поразмисли за себеси и да се подготви за христијанско упокојување.
Господ болестите и ги испраќа затоа, да би подсетил на смртта... та болниот, сеќавајќи се на неа, на крај да би се погрижил и околу припремањето за смртта.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

 

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная