логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Grujo.zaBigorski2.jpg

Напорот

 ... Заради доброто дело, може и треба да се потрудиме. И тешко е, и се случуваат непријатности, и се надогаѓа на соблазни; но бидејќи сето тоа го трпите правејќи добро, ќе ве следи помошта Божја која ќе ве штити и заслонува, а вие тоа да не го ни знаете. Бог го гледа вашиот труд и ви подготвува награда – или само внатрешна, или и надворешна. Вдахнете се со таа вистинска надеж.
 ... Трпете и не избегнувајте го делото кое ви го поверил Бог. Ако го отфрлите ќе бидете како војник кој бега од бојното поле. Срам и срамота! И ште за тоа ќе добиете на Судот.
Надворешниот напор се одредува според силата. Внатрешниот напор е потежок, но и тој со Божја помош не е несовладлив.
Нема никој кој е без грижи. Но, грижите треба да имаат мерка и тоа во потполно потпирање на Бога.
Нека Господ ги благослови вашите напорина ширење на здравите сфаќања за вистината на нашата света вера.
Кој не стигнува да ги изврши сите работи, тој нема кога да се досадува во лежарење и неработност; тој, исто така не е во опасност на која се изложени лежачите. Едно само треба да се одстрани – душевното неспокојство заради тоа (недостатокот на времето)... ова лесно може да се постигне ако не се брза за мноштво работи, туку ако со потполно внимание се извршува само она што следи според текот на работите.
Изморувајте се и пред сè исцрпувајте го телото; не правете ништо само заради што на телото му овозможува спокојство и задоволство.
Јас би ти посоветувал да се прифатиш за било какво ракоделие... Не сфаќам како некој може да живее без никаква рабоа. Или работи со главата, или со рацете.
Моли се на Бога и молејќи се работи било што, макар и опинци да плетесш, само да не биде безделничење; кога има служба оди во црква, а ако служби има секогаш, тогаш оди секогаш.
Треба да се грижиме, но грев е да се мачи и принудува срцето до негово раздерување; зашто тука тогаш нема вера, и надеж, и покорност на Бога.
Село и работа – какви златни патокази.
Секоја работа треба да се извршува со срце, и тоа богобојажливо. За срцето да би било во состојба на богобојажливост, потребно е непрестајно да го осветчува помислата за Бога.
Без занимавања или работи кои се извршуваат со телото не се може. Нив само треба да ги извршуваме во слава Божја. Мислената страна е зафатена со читање, срцето со чувството за она што се чита и молитвата... а делатната со што е зафатена? Оставете ја без ништо, па таа ќе ги опустоши и раслаби и првите две. Египјаните (се мисли на древните монаси) никогаш не го оставале ракоделието, дури и кога некој би им доаѓал заради беседи – разговарале, но работата не ја прекинувале...
Вашата наклонетост кон одредени занимања е – дар Божји. Но Бог не дава ништо што само по себе би не одвојувало од Него, туку точно за да нè приведе кон Него... Доколку делувањето според дарот не одвојува од Бога, за тоа не е крив Бог, Кој го дал дарот, туку човекот, кој не располага со тој дар како што треба...
Вреднувањето е неопходно во фамилијарниот живот, таквиот поредок е од Бога востановен; со тоа секоја работа тука – е од Бога благословена. На Бога не Му е угодно единствено потполно препуштање на работите кога тоа не е потребно, или од страсти со стекнување, како и заборавање на Бога и потпирање само на сопствените сили, без чувство дека е потребна и помош Божја. Човекот може да работи сеќавајќи се на Бога, да очекува и да ја моли Неговата помош во работите и да ги поднесува напорите како должноста да ја добил од Него. Ако така се постапува, мислам дека и со грижи може да се угоди на Бога.
Храбро прифаќајте се за работа. Немојте да се плашите од напорот и тешкотиите. Во сè за што ќе се фатите потребно е трпение, без кое никаде и ни во што се постигнува успех.
... Секогаш занимавајте се со некое ракоделие, инаку ќе се појави чмаење. Секогаш да читате и да се молите – тоа главата нема да го издржи. Особено после јадење... без ракоделие нема да го одбиеш сонот.
Се случува читањето да не тргнува од рака, а молитвата исто така: тука од голема помош е ракоделието со кратка молитва... Одредете си за правило – сите паузи измеѓу работите да ги исполнувате со молитвата Исусова.
Не би требало да се меша ракоделието со молитвеното бдеење. Сè има свое време... Кога е време за занимавање со ракоделие, рацете нека работат, а душата нека се моли... Но кога сте на молитва... сите делови треба да учествуваат во тоа...
Напорот, со трпение без самосожалување, совладува сè. А самозадоволството ја подсекува секоја енергија.
Треба да се одвикнуваме од страстите кон работата и да се научи да се работи како што треба, но без страсти. Секоја работа прифатете ја како заповед Божја; пристапувајќи на работата, помолете се за негово успешно завршување, а по завршувањето заблагодарете на Господа. Господ непрестано ќе биде во вашиот ум, осјајувајќи го тоа што го работите.
Еве и вие сте го вкусиле заедничкиот дел на сите луѓе – во потта од лицето да го јадете лебот свој. Тоа е епитимија Божја! Исполнувајте ја по Божествена заповед, како дело кое ви е од Господа одредено, така да тоа да биде угодно на Господа и да биде добро, зашто во тој случај вашето дело нема да ги оддалечува вашите мисли од Господа, туку напротив ќе ги насочува и привлекува кон Него.
Ве совладуваат грижи... Но добро е што тоа го забележувате и што се трудите да ги уништите нивните последици кои се огледуваат во душата. Погрижете се да не бидете со целата душа обземени од грижи, туку само со краевите на раката и ногата и само површно со очите и ушите. А умот и вниманието со чувството држете ги на други предмети... Јас ви пишував почесто со умот да поминувате низ сите вистини Божји за нас. Правете така и умот ќе ојача во богомислие... па тогаш и грижите ќе бидат како шега.
Немојте да мислите дека сето она што го работите дома и во домаќинството е суета. Не. За тоа постојат заповедите, а исправното извршување на тие работи спаѓа меѓу делата кои се угодни на Бога. Само сè исполнувајте како заповед, како волја Божја која ви е наложена. Во очи на секоја работа повикајте Го Бога во помош, додека ја извршувате Нему обраќајте Му се за совет, а по завршувањето заблагодарете Му на Бога. Така извршувањето на домашните работи ќе ви биде како исполнување на молитвено правило.
На гостите гледајте како Бог да ги испратил и трудете се христијански да ги згрижете. Работата и грижите во врска со тоа не ги зметајте за залудно губење на времето. Посветете го тоа на Бога...
Луѓето од берзата се невоздржани. Постојано им се привидуваат купови злато, но постојано губат и губат. Не можат да го задржат. Тие се исто што и коцкарите.
Појавата на молитвата за време на ракоделието е милост Божја; веднаш  молите се – додека работите.
Телесниот напор е добра работа; а тој напор од послушание е свето дело.
Непрестано треба да се работи; и колку работата е погруба, толку подобро. Чистите и елегентни работи бараат премногу внимание, одвлекувајќи од главното дело, и така го оладуваат човекот. Одберете работа која би ви одговарала и работете ја неизоставно секој ден. Работата со богомислие и малку читање, а поклоните со молитви повеќе – тоа е сè. Преминувајте од едно дело на друго и времето незабележливо ќе помине, а чмаењето нема да се појави.
... Валканата работа е корисна особено затоа што многу ја спречува  гордоста. Валканата работа е пропратена со скромно мислење за себеси, а чистата – со умисленост.
Ова е законот: со рацете да се извршува работата, а со умот и срцето да се биде со Бога.
Главно е – не бидете суетни, не претерувајте, правете сè во свое време и без брзање. Така ниедна работа нема да ве расејува, ниту умот ваш ќе се одвојува од Бога.
Беспоговорната послушност, наспроти вашите желби, повредна е од сите подвизи, а разорна може да биде само кога невешто се исполнува... На дело Господ секогаш го наградува и самиот труд околу одрекувањето од својата волја.
... Слободно време секако има. Како да се употреби? Треба да се читаат корисни книги и да се шири кругот на здрави сфаќања. Тоа во животот е неопходно. Јас би ти посоветувал да се прифатиш за некое ракоделие. Не можам да сфатам како може да се живее без никаква работа. Или работи со главата, или со рацете. А несодржајно време не треба да има, па нема да има ни чмаење. И никакви помисли нема да се појавуваат во главата.
Рацете и нозете на работа, а мислата со Бога – тоа е навистина непоколеблив човек... Делата треба да се распоредат така надворешното да не смета на внатрешното.
Одлучете исто така за работите да се грижите на надворешен начин, без внатрешни грижи и бури на помисли и сеќавања. Кога работата така ќе ја уредите, вашите грижи ќе ве надоградуваат, а не разоруваат.
Стрпливата работа сама за себе донесува награда...
Со помош Божја, работата победува сè.
Кога душата е осенета со благодатта, тогаш напорот не е тежок.
Потребно е да се потрудиме околу исполнувањето на секоја служба... Ако во текот на денот често би се труделе заради Господа... мислам дека ќе се појави и задоволство...
Укоричувањето ми се допаѓа од било кое ракоделие. Без работа – да умреш. Кога не ти се пишува, веднаш се појавува досада. А вака, се прифаќаш за работа и – сè поминува. Па и кога ти се пишува, не можеш да пишуваш без престан. Постојат моменти во кои не знаеш што да правиш со себеси – особено после ручек. Да се спие – не е добро. Да безделничиш – не оди. Не може секогаш ни да се чита, зашто читање и онака има доста. Затоа треба да се работи. Би било добро да се занимаваме со столарство, но не постојат можности, зашто за тоа е потребна сила.
Понекогаш е тешко, но самата работа има во себе извор на утеха.
Еден младич кој бил во манастир, се жалел на неработење. Му предложив да научи да тестерува. Научил и сега прави прекрасни творбички... А тек колку задоволство би можел да пружи столарскиот занает! Се трудиме да работиме колку можеме, тоа многу помогна во економска смисла.
Валканите работи се вбројуваат во средства за смирение.
Треба да се занимаваме со ракоделие што не го расејува вниманието. Дрвените Египјани по цел ден седеле бавејќи се со ракоделие и не го оставане дури ни тогаш кога некој ќе ги посетел. Повремено само правеле поклони. А главната молитва ја извршувале ноќе.
Сите дела - и големи и мали  - треба да се извршуваат така, како окото Божјо да набљудува како што се работи.
Без ракоделие не може да се избегне чмаењето. Дури и во свештенички чин.
Нека Господ ги благослови вашите напори! Работете, не бидете мрзливи; и не обрнувајте се на тешкотиите. Најлошо е ова последното.
Секогаш ве споменувам во своите молитви, барајќи од Господа да ви помогне без запирање и свртување започнатото да го доведете до крај. Тоа не е мал напор! Тој напор околу навикнување на надворешниот поредок на монашкиот живот и на сите негови методи уте и не е така тежок. Повеќе напор изнудува доведувањето во ред на внатрешниот живот.. Строго пазете на себе и строго судете за своите помисли и чувства.
Осамувајќи се во себе, треба да се застане пред Господа и така стоејќи не оттргнувајќи ги очите на умот од Него. Рековте дека тоа е тешко. Но што може да се постигне без напор? Овде меѓутоа станува збор за напор кој самиот себеси се олеснува и поддржува.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (21)
  •  Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (22)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (23)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (24)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (25)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (26)
  • Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (27)
  •  

     

     



    dobrotoljubie

    Поуки од Светите Отци

    dobrotoljubie

    Духовност

    Октомври 20, 2024
    TviTER281

    Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

    Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
    Јуни 30, 2024
    Avraamovo.GOSTOLJUBIE

    Света Троица во Стариот Завет

    „Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

    За нафората

    HRISTOS.nafora
    Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

    Проскомидија

    TVIT602
    ·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

    Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

    Сеп 13, 2021 Житија 3213
    Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

    Свети свештеномаченик Харалампиј

    Фев 23, 2020 Житија 7697
    ih3387
    Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

    Најново од духовност

    Православен календар (2)

     

    22/12/2024 - недела

    Божикен пост (на риба)

    Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
    Правила и одредби на Православната Црква за постот
    Православен календар за овој месец - МПЦ

    Кожувчанка

    Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

     Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

    Тропар

    Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

    Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

    Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

    Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

    Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

    Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

    Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

    Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

    Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

    Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

    Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

    Болестите според светоотечкото учење

    Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

    Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

    Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

    Духовни поуки: „Помоли се за мене“

    Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

    Живот без стрес

    Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

    Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

    И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

    Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

    Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

    ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

    Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

    Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

     

    Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

    За Моето име

    Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

     

    „Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

    Взбранной Воеводе победительная