логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Извадок од книгата: „Свети Серафим Саровски“

sv.Serafim.Sarovski1d1.jpg

"Голема сила има усрдната молитва на праведникот"
(Јак. 5,16).
Многуте чудесни исцелувања што ги направил отец Серафим за време на животот, веќе во доволна мерка ја покажуваат големата сила на неговите молитви. Зарем не се прекрасни исцеленијата на тешко болните лица како што се Мантуров, Мотовилов, Лебедева... направени по неговите молитви? Зарем не е значајно дека старецот на десет минути се потопил во умна молитва за жената која умирала и дека се случувало чудо: на онаа на која веќе и е определена смрт, и се дарува живот, и тоа не по човечки сфаќања и досетки? А каква е само молитвата по која, на водата на изворот му е дарувана благодат на исцеление?...
Меѓутоа, на големата сила на молитвите на светиот саровски чудотворец не укажуваат само исцеленијата на болните и оздравувањата на страдалниците од различните болести и немоќи, туку и многуте други најразлични случаи. Дејството на неговите молитви се распространувало и на живите и на мртвите, и на луѓето и на видливата природа...
Значаен случај кој ја разгласил таквата сила на молитвеното застапништво на отец Серафим пред Бога, изнесува Е. Н. Пазухина, симбирска спахијка. "Една жена - вели таа - имаше многу деца, но сите и умираа во првата година од животот. Кутрата мајка убедливо ме замоли, со последната, тукушто родена ќерка, да ја одведам во Саровската пустина. Јас и ветив дека ќе и ја исполнам молбата. За време на својата следна посета на Саров, ги поведов со мене. Мајката ја донесе ќерката кај отец Серафим и почна да го моли за неа, велејќи дека сите деца и умираат не дочекувајќи ја првата своја година. Старецот ја сослуша и, ставајќи ја раката на детето, рече: 'Утешете се со неа'. И навистина, по молитвите на праведникот, девојчето остана живо, додека децата што подоцна се раѓаа, пак умираа". Поразителната сила на молитвите на отец Серафим се пројавила и во следниот случај.
Една мајка ја изгубила врската со синот и ужасно тагувала поради тоа. Со растргнато срце таа дошла кај отец Серафим и му паднала пред нозете, барајќи молитви за оној кого веќе го сметала за изгубен. Преподобниот и наложил да почека и некое време да поживее во Саров. Мајката чекала еден ден, два, три и најпосле, бидејќи била во двоумење во врска со одговорот на отец Серафим, дошла да бара благослов за да се врати дома. И што? Во истото време кога влегла во ќелијата на светиот старец, во неа, за благослов бил нејзиниот син. Отец Серафим го зел за рака и го привел кај мајката, а на неа и го честитал враќањето на синот. Грижливата мајка му била благодарна на отец Серафим, за радоста што и ја дал!...
Освен тоа, познато е дека по молитвите на светиот саровски подвижник се прекинувала неплодноста. За тоа, на пример, сведочи кинешемскиот трговец X. Б. Бабков кој живеел 15 години во сопружништво, а немал деца. Тоа и него и неговата жена многу ги разжалувало. Откако слушнал за проникливоста и за силата на молитвата на отец Серафим, Бабков се решил да појде во Саровската пустина, за од него да побара молитви за разрешување на неплодноста. Во август 1832 година, тој стигнал во Саров. Кога дознал дека преподобниот се наоѓа во својата "далечна пустинка", тој побрзал да го посети. Меѓутоа, светиот старец го пресретнал на патот за манастирот. Приоѓајќи, посетителот му паднал пред нозете. Потоа му ја изнел својата тага за тоа што нема деца, додавајќи дека "очигледно така Му е угодно на Бога". "Велиш дека така Му е угодно на Бога", му рекол отец Серафим на Бабков. "Не, не е така! Господ рекол: ,Растете и множете се', а ти велиш дека така Му е угодно на Бога. Не, со неплодноста луѓето се казнуваат заради гревовите!" Како доказ за тоа, отец Серафим навел многу примери.
Кога го слушнал старецот, Бабков повторно паднал пред неговите нозе, просејќи молитви за избавување од неплодноста. Отец Серафим ја ставил раката на неговата глава и рекол: "Ќе се помолам, ќе се помолам, а ти оди во црква и замоли да отслужат молебен пред иконата на Мајката Божја. Таа кај нас е чудотворна".
Наредниот ден Бабков повторно го посетил светиот старец во пустинката, повторувајќи му ја својата поранешна молба. Примајќи го срдечно и благословувајќи го, отец Серафим пак рекол: "Ке се помолам, ќе се помолам".
Наредниот ден посетителот уште еднаш бил кај преподобниот. Овој пат, по желба на преподобниот, во манастирската ќелија. Бабков пак, бил примен многу милостиво. Отец Серафим со благословот му дал неколку суварки. Го научил со каква молитва треба да ги употребува и го отпуштил со мир.
И колку бргу се исполнило она за што прекрасниот саровски старец, кој веќе се подготвувал за преселување во горното семејство, ветил дека ќе се помоли!
На 11 јуни 1833 година, сопружниците Бабкови биле израдувани со раѓањето на ќерката. Тој настан тие го сметале за утеха, како знак на посебната Божја милост, која им е испратена по молитвите на отец Серафим. Потоа Бабкови немале други деца.
Сличен пример за помош од преподобниот Серафим за време на неплодност изнесува послушаничката Екатерина. Таа за тоа слушанала од господинот кому му се случил тој прекрасен случај. Господинот и неговата жена биле тажни бидејќи долго време немале деца. Имајќи вера и наклонетост кон отец Серафим, жената решила пешки да отиде кај него и да побара молитви за разрешување од бездетноста. Својата намера му ја кажала на мажот и тие заедно се упатиле во Саров. Кога го сретнала отец Серафим, госпоѓата му ја изнела тагата на своето срце и го замолила за благослов и за молитви. Светиот старец и дал да се напие света водичка. Помолувајќи се на Бога, тој рекол: "Небесната Царица ќе те утеши и во свое време ќе се појави таа и тоа". Не разбирајќи ги тие зборови, госпоѓата продолжила да бара свети молитви од преподобниот. Меѓутоа, тој три пати ги повторил своите поранешни зборови. Кога се вратиле дома, сопружниците во разговор, се чуделе на несфатливите зборови на прекрасниот старец. Дури кога госпоѓата останала бремена, ја сфатила силата на молитвата на отец Серафим. Кога видела дека се исполнуваат неговите зборови, таа Му се заблагодарила на Бога. За време на породувањето таа почувствувала силно страдање. Меѓутоа, само што го спомнала името на отец Серафим, ветувајќи во мислите дека ќе му отиде со новороденчето, болката прекратила со појавата на девојчето на свет. Со тоа се потврдил зборот на светиот старец: "Таа". Закрепнувајќи од породувањето, госпоѓата со новородената ќерка се упатила кај отец Серафим. Оставајќи го детето со доилката во гостоприемницата, таа се упатила да му заблагодари на светиот старец. Меѓутоа, тој ја преварил со наредбата да го донесе и девојчето Параскева. Мајката се зачудила. Благословувајќи го детето, отец Серафим и рекол на мајката дека девојчето ќе биде со слабо здравје, па да се погрижи за неа и да не ја оптоварува со изучување науки.
За силата на молитвата на големиот старец сведочеле и некои војници, кои се избавиле од големата опасност со повикување на името на отец Серафим.
Генералот Павле Ј. Купријанов еднаш посебно дошол во Саров за да му заблагодари на светиот старец за неговите молитви. За време на турскиот поход во 1829 година, тој бил спасен со нив. Генералот му раскажал на отец Серафим дека со еден полк бил опкружен од многу непријатели, наоѓајќи се во крајна опасност. "Не беше можно ниту да се вкопаме, ниту да се преместиме на друго место, ни назад - ни напред. Со еден збор, немаше никаква надеж за спасение". Во таквата критична положба, генералот Купријанов единствено постојано повторувал: "Господи, помилувај не по молитвите на отец Серафим". Тогаш тој ги изел суварките што преподобниот му ги дал на благослов и се напил од светата водичка. И Бог навистина го сочувал неповреден од непријателот. На тие зборови, светиот старец, кој вообичаено себеси се нарекувал " беден Серафим" и кој бил совршено туѓ на духовната гордост, смирено му рекол на генералот: "Големо средство за спасение е верата, а особено постојаната срдечна молитва... Тоа е непобедлива победа!..."
Офицерот И. Ј. Кратаев, кој го посетил Саров во 1831 година, сведочи дека при враќањето во својот полк, кога руската војска се наоѓала на полската граница, во текот на полскиот напад бил во многу битки и Господ секогаш го спасувал заради молитвите на праведникот.
Во годината на претставувањето на отец Серафим, Каратаев уште еднаш на себе ја искусил силата на неговите молитви. По враќањето од отсуство во полкот, И. Ј. претрпел напад од разбојници. Во моментот на опасност, тој на помош го повикал отец Серафим и се спасил.
Достоен за восхит е и фактот дека, дејството и силата на молитвата на големиот саровски праведник се простирала дури и на видливата природа. Прекрасен и впечатлив случај раскажува А. П. Еропкина, која повеќе пати била кај отец Серафим и го уживала неговото посебно внимание. Кога го посетила еднаш светиот старец во ќелијата, пред светите икони видела една дебела восочна свеќа и поради нешто со погледот се задржала на неа. Забележувајќи го тоа, отец Серафим на посетителката и рекол: "Зошто толку внимателно гледаш во неа? Нели ги виде последиците од бурата кога доаѓаше овде? Таа искрши многу шума. Оваа свеќа ја донесе еден богољубец. За време на бурата, јас недостојниот ја запалив и Му се помолив на Господа Бога - и бурата стивна. Инаку ниту камен на камен не би останал: толкав гнев Божји имаше кон братството". Со страв и со побожност Еропкина ги ислушала зборовите на преподобниот. Таа се восхитила од силата на неговата молитва пред престолот на Севишниот, бидејќи забележала дека свеќата само малку е загреана и дека горела не повеќе од две минути. За толку кусо време, по молитвите на старецот во потполност се изменило Божјото определување и братството ја избегнало казната. Бурата зад себе оставила трага во искршената шума, додека во манастирот многу стебла биле оштетени. Штетата од бурата, како што се зборувало, била околу единаесет илјади.
Исто така е познато дека, отец Серафим, со своите молитви победувал и свирепост на ѕверови и на различни отровни влекачи, кои ги имало околу саровската шума. Тој со нив постапувал како со безопасни домашни животни, хранејќи ги и не плашејќи се од пројавувањето на нивната дива природа. Тој не им дозволувал да ги повредуваат минувачите во саровската шума. "Се сеќаваш ли, мајче - и велел отец Серафим на дивеевската сестра Матрона Игњатиева, која била присутна додека тој ја хранел мечката - како на преподобниот Герасим на Јордан му служеше лавот. На бедниот Серафим, пак, му служи мечка. Ете, и ѕверовите не слушаат. Кога би зел ножички, би можел и да ја истрижам како доказ..." Огромната мечка навистина се хранела од раката на светиот старец, служејќи му, разбирајќи ги неговите зборови и исполнувајќи ги неговите наредби.
Еднаш отец Серафим го посетиле две сестри од Лисковската општина. Одненадеж од шумата излегла мечка, која со својата појава ги исплашила посетителките. "Мишо - и рекол преподобниот - зошто ги плашиш сиротиците? Подобро врати се назад и донеси ни некоја утеха, бидејќи немам со што да ги почестам гостите". Кога ги слушнала овие зборови, мечката отишла во шумата за по два часа да се врати во ќелијата на светиот старец и да му предаде нешто завиткано во лисја. Тоа било свежо саќе од чист мед. Отец Серафим од својата торба исведил парче леб, и го дал на мечката и со раката и покажал кон вратата. Ѕверката веднаш се оддалечила.
Неспорно е дека се впечатливи наведените случаи на пројавување на силата на молитвите на отец Серафим. Меѓутоа, постојат примери, каде што силата на тие молитви се пројавувала уште поубедливо, всушност зачудувачки, бидејќи се однесувала на оној, а не на овој свет. Таа се простирала на умрените, а се изразувала во промена на нивниот посмртен удел. Молитвеното застапништво пред Бога на прекрасниот саровски молитвеник, го можело дури и тоа. Не попусто отец Серафим во својата ќелија палел многу свеќи и за сите починати православни христијани вознесувал пламени молитви. Понекогаш тој врз себе земал и напорен молитвен подвиг за поедини упокоени, особено ако би го провидувал посмртниот удел што ги очекувал. Заради таквите молитви преподобниот, како што е познато, повремено на неколку денови се затворал во ќелијата, совршено оддалечувајќи се од посетителите.
За дејството на молитвите на отец Серафим за упокоените, за нивното влијание на нивниот удел по смртта, најдобро зборуваат случаите што ги навел самиот преподобен. "Умреле две монахињи. И двете биле игумении" - раскажува светиот старец. "Господ ми откри дека нивните души биле водени по воздушните митарства и дека биле испитувани, а потоа и осудени. Три дена и три ноќи се молев, јас бедниот, преколнувајќи ја за нив Мајката Божја. И Господ по Својата благост ги помилува, заради молитвите на Богородица. Тие ги поминале истите воздушни митарства и добиле прошка од Божјото милосрдие".
Друг случај од таков вид, дури и уште позначаен, му раскажал отец Серафим на веќе познатиот Иван Тихонович, како тајна од својот живот. Еднаш преподобниот дознал (иако не кажал на кој начин), дека една потполно несреќна, изгубена душа била во канџите на сатаната. На кој начин згрешила, отец Серафим не открил во раскажувањето. Прекрасниот старец за таа душа Му упатил молитва на Спасителот и на Мајката Божја. Потоа ја видел како лета од канџите на сатаната и тоа веќе како потполно чиста гулабица. Толку била голема силата на молитвеното застапништво на отец Серафим и толку ревносно се подвизувал тој против непријателот на спасението! "Кога веќе се истрајува против непријателот, тогаш веќе треба да се истрајува!", велел преподобниот, раскажувајќи го наведениов случај. Таквото залагање на отец Серафим за потполно грешна душа, било толку големо, што сатаната, не можејќи да го поднесе својот губиток, врз светиот старец ја излил сета своја злоба и го повредила со тежок удар. Последица од тој удар била раната, која Иван Тихонович сам ја видел и ја пофатил, иако тогаш кога веќе била исцелена. "Таа беше на грбот на старецот, меѓу лопатката, многу мека. Личеше на обесено парче месо со големина на гускино јајце. Со таа рана и го погребаа". Болката од зададениот удар на бесот била ужасна, неиздржлива. " Ако Господ и Небесната Царица - велел старецот - не ме исцелеја, никој не ќе можеше да ме исцели". Сепак, ниту по таквата страшна освета на непријателот на спасението, отец Серафим не го оставал својот молитвен подвиг за умрените, туку секогаш бил подготвен со смелост да Го моли Господа за спасение на другите. Ние веруваме дека, многу грешни души, по молитвите на праведниците, добиле прошка на гревовите и се избавиле од маките по смртта.
Се досега реченото не убедува во тоа дека Господ секогаш го слушал Својот праведник, за што и да Го молел и за кого и да се помолел. Самото вознесување на одредени молби, веќе значело голема смелост на саровскиот старец пред престолот Божји. Познат е случајот дека преподобниот Серафим, додека еднаш ги читал Господовите зборови: "Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење" (Јован 14, 2), посакал да ги види небесните места. Со таа намера тој Му се обратил на Господа со срдечна молитва. Господ, како што велел самиот свет старец, не го лишил од утехата, туку му ја исполнил желбата и молбата. Он го удостоил со видување на убавината на рајските населби и блаженства на оние што живеат во нив. Зарем не е поразителна силата на молитвата на отец Серафим?
Колку повеќе светиот старец се приближувал кон својот крај, кон преселување во животот по смртта, бил се поблиску до Господа со своето молитвено застапништво. Требало само неколку минути да се потопи во молитва за било што и неговата молба била исполнувана. Еднаш, кратко пред неговото упокоение, во посета му дошол еден саровски монах. Во ќелијата на отец Серафим, против обичајот, било темно. Само што светиот старец проговорил дека треба да запали свеќа и три пати се прекрстил со молитвата: "Владичице моја, Богородице", свеќата се запалила сама од себе. Друг пат истиот монах дошол кај отец Серафим да земе оган. Тој ја отворил вратата на ќелијата, а отец Серафим му рекол: "Ах, свеќата ми се изгасна, а треба да гори". Тој почнал да се моли пред иконата на Мајката Божја. Одеднаш пред иконата се појавила сина светлина од која се запалила свеќата.
Молитвата на отец Серафим ја проследувале посебни појави, како доказ за нејзината голема сила и значење во очите Божји. Познато е дека за време на молитвата светиот старец стоел во воздух. Еден таков случај забележал болниот Т. Ј., роднината на кнегињата Е. С. Шахаева, за кого отец Серафим се молел. Без сомнение, тој случај не бил единствен.
Молитвата на отец Серафим била постојана и неослабувачка. Повеќе пати е забележувано дека тој се наоѓал во некаква занесна состојба, при што неговото лице како да блескало. Тоа, без сомнение, била онаа состојба кога човекот, според учењето на отец Серафим, е во Светиот Дух, состојба која најпрво се постигнува со молитва. Познат е случајот дека преподобниот Серафим бил посебно преполн со благодат на Светиот Дух, блескајќи посилно од сонцето. Таквата исклучителна состојба на преподобниот, која по негова молба му ја испратил Господ, со сигурност ја докажува силата на неговата молитва. Меѓутоа, посебно впечатливо е тоа што на молитвите на отец Серафим и неговиот собеседник доживеал и почувствувал иста таква состојба. Тој собеседник бил Н. А. Мотовилов, кого отец Серафим, во 1831 година, го исцелил од тешка болест и кој потоа често го посетувал својот добротвор за разговор и советување. Во еден од таквите разговори, Мотовилов го видел отец Серафим во необично благодатна состојба. "Беше тоа во четврток", пишува Н. А. "Денот беше тмурен. На земјата имаше снег од една четвртина аршин, а одозгора паѓаа густи снегулки... Отец Серафим разговорот со мене го започна за онаа своја планинска рамнинка, блиску до пустинката, кон рекичката Саровка, на стрмнината блиску до крајбрежјето. Мене ме стави на трупец, кој, туку што го беше исекол, а тој клекна кон мене".
Се повел разговор за 'целта на христијанскиот живот', прашање кое уште од млади години го интересирало Мотовилов. Отец Серафим за тоа не дознал од него, туку по откровение од Господа.
Објаснувајќи му ја на својот собеседник таа работа, која некогаш многу го интересирала, отец Серафим докажувал дека "вистинската цел на нашиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух Божји. За негово стекнување постојат различни средства: бдение, пост, милостина и други доблести кои се прават заради Христа, а посебно молитвата. Таа, повеќе од се донесува Дух Божји".
Откако го сослушал преподобниот, Мотовилов го прашал: "Брате, еве, вие постојано зборувате за стекнување на благодат на Светиот Дух, како за цел на христијанскиот живот. Но, како и каде јас можам да ја видам? Зарем Светиот Дух може да се види?"
Во одговорот на својот собеседник, отец Серафим почнал да објаснува дека Господ Исус Христос, извршувајќи го делото на спасение на луѓето, на апостолите им дарувал благодат на Светиот Дух на денот на Педесетницата. Таа благодат им се дарува и на сите верни во тајната крштение и се запечатува во тајната миропомазание. "Кога ние по крштението никогаш не би грешеле, би останале засекогаш свети и непорочни". Сепак, без разлика на човечките прегрешенија, благодатта на Светиот Дух, дадена на крштението, останува да блеска во нашето срце. Таа благодат е светлината која го просветлува човекот и Господ повеќе пати го открил нејзиното дејство на одбрани лица. При тоа отец Серафим укажал на Мојсеј и на случката на Господовото преображение.
Тогаш Мотовилов го прашал светиот старец: "На кој начин мо-жам да дознаам дека се наоѓам во благодатта на Светиот Дух?" Од почетокот отец Серафим на својот собеседник тоа сакал да му го објасни со зборови, но Мотовилов забележал: "Сепак, јас не го разбирам тоа. Како можам цврсто да се убедам дека сум во Духот Божји?" Тогаш отец Серафим на очигледен начин му ја покажал таквата состојба.
Фаќајќи го Мотовилов цврсто за рамената, преподобниот му рекол: "Сега и двајцата, брате, сме во Духот Божји! Што гледаш сега на мене?"
Мотовилов одговорил: "Не можам да гледам, брате, бидејќи од вашите очи светкаат молњи. Вашето лице стана посветло од сонцето и болка ми ги боде очите..."
"Не плашете се, ваше богољубие - одговорил светиот старец - и вие сега сте светол како и јас. Сега вие сте во полнотата на Духот божји, инаку не би можеле да ме видите во таква состојба". Наведнувајќи се кон Мотовилов, тој тивко му рекол на увото: "Заблагодарете Му на Господа Бога за Неговата неискажлива милост кон вас. Видовте дека јас дури не се ни прекрстив, туку единствено мислено во срцето Му се помолив на Господа Бога и во себе си реков: Тосподи, удостој го јасно и со телесните очи да го види симнувањето на Твојот Дух, со Кој ги удостојуваш Своите слуги, кога посакаш на светлост да се јави великолепието на Твојата слава'. И ете, брате, Господ за миг ја исполни смирената молба на бедниот Серафим... Дури ни на големите пустиници Господ Бог не им јавува секогаш таква Своја милост. Божјата благодат посакала да го утеши вашето смирено срце, на застапништво на Мајката Божја!..."
Отец Серафим му наредил на Мотовилов да го погледне во очи. "Погледнав во неговото лице - вели Н. А. - и ме фати уште поголем побожен ужас. Замислете си го во средината на сонцето, во најблескавиот сјај на неговите пладневни зраци, лицето на човекот кој разговара со вас. Ги гледате движењата на неговата уста, промените на изразите на неговите очи, му го слушате гласот, чувствувате дека некој со рацете ве држи за рамената, па сепак, не само што не ги гледате тие раце, туку ниту самите себе, ниту неговата фигура, туку единствено заслепувачката светлина која се простира на неколку фатки наоколу, осветлувајќи го со својот силен блесок и снежниот покривач кој ја прекрил полјаната и снежната веавица што паѓаше одозгора, и мене и големиот старец. Можно ли е да се претстави состојбата во која тогаш се наоѓав!..."
Навистина, каква впечатлива глетка!... Како да не се восхитуваш, како да не се чудиш на големата сила на молитвата на отец Серафим, која во наведениов случај, може да се каже, се пројавила во најголем степен. Господ, како што велел светиот старец, за миг ја исполнил неговата молба. Таква милост, како што смирено соопштил отец Серафим, Он не покажувал секогаш ниту на големите пустиници.
Така, Господ Кој е блиску до сите што Го повикуваат (Псалм. 114, 18), Кој ги слуша молитвите на праведниците (Изрек. 15, 29), бил посебно близок со светиот саровски подвижник!...
Дали, по сето ова што сега беше речено, е чудно што отец Серафим, посебно во последното време од својот живот, станал "собеседник на ангелите" и на светите Божји угодници, што се удостојувал со посета на Небесната Царица, која го нарекувала миленик, која долго разговарала со него како со сроден човек!... Молитвите на преподобниот Серафим како да ги приклонувале небото и земјата. Малата ќелија на светиот старец како да станала "земно небо", каде од рајските братства, небожителите слегнувале кон човекот се уште облечен во земно тело. Отец Серафим меѓу жителите на рајот, кои му се јавувале, се чувствувал како меѓу блиски лица, без страв, иако со должна стравопочит. Изгледало како тој веќе да станал "земен ангел и небесен човек". Не попусто тој покажувајќи на ликовите на Спасителот и на Мајката Божја, на еден свој посетител му велел: "Еве ги моите родени!..." Неговата блискост со небото била веќе премногу очигледна!...
Јавувајќи му се на отец Серафим, Небесната Царица му понудила да побара од неа се што ќе посака. Со тоа таа дала до знаење дека, молитвите на саровскиот праведник ќе бидат услишани и исполнети. Такви биле плодовите на молитвата на богоносниот старец, кој стекнал таква смелост пред престолот на Севишниот.
Големата милост на Небесната Царица, отец Серафим ја користел посебно кога требало да се моли за своето љубено чедо - Дивеево, за сестрите кои живеат во него. Тој земал дејствено учество во неговото уредување.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная