СВЕТИ ДИМИТРИЈ РОСТОВСКИ
СЛАВА НА ТВОИТЕ СТРАДАНИЈА, ГОСПОДИ!
Се поклонувам, го славословам и величам
Твоето слегување во адот, пленението на
адот, разрушувањето на смртта и
тридневното воскресение од гробот, и Те
молам Тебе, мојот Господ: душата моја,
плен на гревовите, плени ја со љубовта
Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од
адот.
Слава , Господи, на Крстот Твој и
Воскресението! Се поклонувам на Твоето
Вознесение во плот на небесата, каде
седејќи оддесно на Бога Отецот ја гледаш
мојата беда и немоќ, ја слушаш мојата
грешна молитва...Те молам Тебе, мојот
Господ: вознеси го умот мој од земната
пристрасност кон вишниот копнеж,
поткрепи ја немоќта моја, надополни ја
мојата скудност, исправи ја молитвата моја и
приведи ме кон добриот крај и спасително
пристаниште, за да се покажам пред Тебе
непосрамен и неосуден кога ќе дојдеш да им
судиш на живите и на мртвите.
Подготви: С.Тежак