логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Со Христос низ животот, во Животот


Свети Николај Охридски и Жички



        Помилуј не, Исусе, Сине Божји, зашто само Твојата милост може да не спаси. Не оставај нè самите на себеси, зашто без Тебе не можеме да направиме ништо, не отстапувај од нас, за да не станеме плен на адот. Но, брзо дојди ни на помош и спаси не.

Hristos.prekrasno2

Зависен сум од Него

        Тој ми дарува живот. Тој непрестајно ме допира со Својот Животворен Дух. Од тој божествен допир, мојот живот гори, постои и трае во мене. Богоборниот дух, таткото на секоја лага, ме искушува со земните похоти. Ми шепоти дека мојот живот зависи само од земниот леб и другите земни блага. Правејќи се мој пријател, поголем од мојот Создател земајќи ме во заштита од Него - како првите родители во Рајот - ми вели: да те сакаше, сите камења ќе ти ги претвореше во леб!
Јас знам, и кога моето тело би умрело од глад без леб, мојот живот нема да умре. Затоа што мојот живот е скриен во Него и Тој е скриен  во мојот живот. И кога сите камења би се претвориле во леб, а јас го изедам сиот тој леб, мојот живот не би бил ниту подолг, ниту поголем. Ете, мерката на мојот живот е вечноста, а не мноштвото денови во времето.
Зборовите на мојот Создател ми се послатки од лебот и медот. Детето оставено во далечина повеќе се радува на гласот на родителите отколку на лебот. Залутаната овца во планините вознемирено глода тревка по тревка, постојано ја крева главата и го бара гласот на својот пастир. И штом ќе го слушне гласот на пастирот, таа престанува да ја гризе тревата и трча кај својот пастир. Така, секое појавување на Небесниот Отец го весели и го утврдува мојот живот. Неговите зборови се мојата омилена трпеза.
Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога. (Матеј 4:4)


Во Него е мојата слава

        Каде што е злобата, таму е безумието. Злобниот дух ми предлага слава од светот и пред светот. Сите негови предлози се насочени кон тоа да го засрамат Создателот Бог, а јас да умрам засекогаш.
- Скокни од врвот на црквата! - шушка таа змија одоздола. Или: дигни се во воздухот и летај! Или: нурни до дното на морето и извади го песокот! Со други зборови: направи нешто што другите луѓе не можат да го направат, па светот да те пофали! Не плаши се, твојот Бог ќе те поддржи во тоа. Обичноста е досадна; напредокот се состои во необичното, новото.
Тоа е таа иста лажлива усти која им говореше на нашите прародители: оттргнете се од Бога и ќе бидете Богови! Какво лудило! Ако од неговото огниште отпадне загреана жар, ќе остане ли жар, а не ладен и црн јаглен, над кој без страв  ќе лази секој црв?
Мојата слава е во мојот Господ. Ја гледам како ноќен патник во светлината на румените зори. Таа ме осветлува. Таа ме прави среќен. Таа ме чека. Кога би барал слава поинаква од Господовата, би барал лага наместо вистина и би го искушувал мојот Господ.
Напишано е исто така – Не искушувај Го Господ, Твојот Бог. (Матеј 4:7)

 

Hristos.prekrasno

Тој е моето единствено вистинско богатство


       Каква корист ќе имам од широките имоти на земјата, кога гробот ќе биде доволен за моето тело? Зошто ми се потребни сите земни царства, кога душата не може да се насити или да се задоволи со нив? На моето тело му треба многу малку од она што го дава светот, а на мојата душа и треба повеќе отколку што може да и понуди целиот универзум. Ако на себе ги натрупам сите бисери и сето злато на светот, ќе бидам смешен и повторно - смртен. Зошто да си ја измачувам душата со залудни работи?



Тој е со мене

Hristos.prekrasno1

            Тој ме создаде – Тој знае зошто. Ме одржува во живот – Тој знае како. Ќе ме одмори по смртта – Тој знае каде. Од што треба да се плашам? Од светот, или смртта, или сатаната, или луѓето? Тој го победи светот. Тој стана од гробот. Го виде сатаната како паѓа во пропаст. Тој ги освои луѓето. Ако во моментот ме обзема страв, се сеќавам на Неговите победи и мирот влегува во мојата душа. Ако понекогаш треперам, се сеќавам на Неговата близина и радоста го зајакнува моето срце.
И ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот. Амин
( Матеј 28:20 )


Hristos.prekrasno3

Тој ме чека

Очајни безбожници!Тие говорат дека нив ги чекаат црвите. Тие тврдат дека нивниот пат на земјата е од мајмун до црв. О, колку сум посреќен од безбожниците! Знам дека мојот животен пат е од Бога кон Бога. Бог ме испрати, и Бог го чека моето враќање.
           Се обидувам да се вратам како син, а не како наемник. Наемникот ја добивал својата плата во овој век. А синот треба да влезе во богата татковина. Сакам да се вратам како син. Се облекувам како невеста за свадба. Ги облеков сите тие украси, кои знам дека му се допаѓаат. Затоа што мојот Татко е голем Цар, опкружен со големи луѓе. Таму ми одредил и место. Само чека да се облечам за да ме земе. Стојам зад завесата и се облекувам а срцето ми трепери од радост. Ја чувствувам близината на средбата.
Знам,Тој  ме чека пред вратата. „Ете, стојам пред вратата!“ (Отк. 3:20).


Тој ми го очисти домот

          Еден патник сврати кај мене во конакот. Носеше празна вреќа под пазувите. Тој вечераше со мене, и јас заспав. Следниот ден ме разбуди вревата на градските чувари. Ми велеа, дека патникот ме ограбил. Го виделе, велат, како подгрбавен до земја носи полна торба со работи од мојата куќа. Трчале по него:но не го стасале. Одел лесно, но неговите чекори биле огромни. Кога излегол од градот, ја запалил вреќата и се изгорело. Останал чист бел пепел, а тој исчезнал.

Hristos.prekrasno4
             Разгледав низ  мојот дом и видов дека се е во ред. Сите работи на број. Целата куќа беше исчистена, окадена и намирисана. Сè беше во подобар ред отколку што беше вчера. И се чувствував полесен, посветол и порадосен од порано. Се чувствував окрилено. Срцето ми пееше. „Господа, ноќни стражари“, им реков. „Тој патник не ми украде ништо. Ми го исчистил домот, а само ѓубрето го извадил од куќата. И му благодарам што го запалил ѓубрето со оган“. Домот – тоа е мојата душа. Ѓубрето - тоа се моите гревови. А патникот – тоа е Он.
„Еве Го Јаг¬нето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! (Јован 1:29)
Помилуј не, Исусе, Сине Божји, зашто само Твојата милост може да не спаси. Не оставај нè самите на себеси, зашто без Тебе ништо не можеме, не отстапувај од нас, за да не станеме плен на адот. Но, брзо дојди ни на помош и спаси не.
           И дарувај ни ја благодатната сила на Твојот Свети Дух, како што и си ја дарувал  на Твоите Свети апостоли и Угодници. За да можеме да бидеме очистени и исцелени и просветлени и повторно родени од Твојот Дух. И да можеме, како деца на светлината, подобно на  Ангелите, да Те славиме и фалиме Тебе, нашиот Спасител, со Отецот и Твојот Свети Дух.
       И да можеме, со подготвена и украсена душа, како невеста со запалени свеќи на духот, радосно да го дочекаме крајот на ова земно патување и да се преселиме во Твоите небесни дворови, подготвени од почетокот за оние што Те сакаат. Милостиво слушни го нашиот покајнички глас и слушни нè преку молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на сите Твои Светии.

Амин.



Свети Николај Охридски и Жички
prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

 3ти февруари 2023 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная