Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Кога некој се обидува да ги постави црковните работи на православен начин, а целта му е себеси да си благоугоди, како може таквиот да биде благословен од Бога? Ниту, пак, треба да се воодушевувате од оние што црковните проблеми ги поставуваат на многу добар начин, православно, а самите не си го знаат местото во Црквата и ја потресуваат со безрасудни крајности или лекомислености во однесувањето.
Тие две крајности секогаш ја измачуваат Мајката Црква, а и оние што се држат за нив бидуваат измачувани, бидејќи крајностите вообичаено се судираат. Тоа е како едниот крај да го држи демонизиран, кога има духовна безочност, презир кон сe, а пак, другиот како да го држи некој што е луд, со нездрава ревност и тврдоглавост. Тогаш - Бог да чува! Може двете крајности постојано да се судираат, а крајот никој да не им го најде. Оние што ќе можат да ги соединат двата краја ќе бидат овенчани од Христа со два невенливи венца."