логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Беседа за денот на раѓањето на Спасителот наш Исус Христос

За кое до тогаш слабо се знаело, бидејќи целосното известување за празнувањето на тој ден го донесоа само неколкумина што неодамна пристигнаа од Запад
Св. Јован Златоуст

Она што праотците одамна со болка го очекуваа, што пророците го претскажуваа а праведниците посакуваа да го видат, тоа на денешен ден се случи и навистина се исполни. И Бог на земјата се јави и со луѓето поживеа (сп. Варух 3, 38).

Значи да се зарадуваме, возљубени, и да се развеселиме! Ако Јован во мајчината утроба заигра кога Марија кај Елисавета дојде, тогаш ние, кои не Марија, туку самиот наш Спасител роден Го гледаме, треба и да заиграме и да се зарадуваме, а и да се восхитиме на онаа голема Божја промисла која секаков ум надминува. Помислете само каква глетка би било тоа, кога сонцето од небото би слегло и по земјата би се движело и кога со зраците свои сета земја би ја озарувало. И ако таков настан би ги ужасил сите оние што создадената светлина така би ја гледале, замислете пак, како е да се гледа Сонцето на правдата како од нашето тело (односно како човек) испушта зраци и душите ни ги просветува?

Одамна сакав да го видам овој ден, и не само да го видам, туку сакав тоа да биде со мноштво народ, токму како што денес го гледаме. И желбата моја се исполни и на дело оствари.

Па иако едвај само десет години[1] поминаа откако овој празник познат ни стана, тој сега со ревноста ваша цвета, како од самиот искон и од најдревни времиња да ни бил предаден. Затоа нема да згреши оној кој истовремено и древен и нов  го нарекува.

Нов затоа што неодамна познат ни стана, а древен или поранешен, затоа што со древните како ист по старост да стана и израсна до таа мера што брзо ги достигна. И како што извонредните плодоносни стебла веднаш штом во земја ќе се посадат, растат во висините и со плод изобилуваат, така е и со овој празник, кој отпрвин им беше познат само на оние што на Запад живеат, а кај нас дури сега пред неколку години беше пренесен. А толку брзо израсна и голем плод донесе, што сите црковни дворови, како што гледате, се преполни и црквата едвај може да го прими сето мноштво народ кој овде се има собрано. За таквата ваша усрдност, достојна за награда од Христа Кој на денешен ден во тело се роди, очекувајте дека Он за целиот тој труд и вас ќе ве награди. Бидејќи љубовта и ревноста што овој ден се покажуваат се всушност знак на големата љубов кон Родениот.

А ако е потребно и јас како ваш сослужител за тоа да придонесам, со сите сили ќе се потрудам, или уште подобро, колку што милоста Божја ќе ми дозволи, на ваша полза да проговорам. А што сакате денес да чуете? Што друго освен она на кое денешниот ден се однесува.

Знам многу добро дека и сега многумина меѓу вас се препираат, и едни оспоруваат а други оправдуваат и секаде голема расправија поради овој ден се води. Тие што оспоруваат тврдат дека овој празник е новововеден и дури сега внесен, додека тие што оправдуваат велат дека е древен и поранешен, со самото тоа што пророците од дамнина за рождеството Христово претскажувале и што на жителите од Тракија па до Гадир (Пиринејски полуостров) веќе одамна овој празник познат им бил.

Дозволете ми,значи, за тоа денес да беседиме. Бидејќи кога ние, макар и со сомнеж, толку љубов кон овој ден покажуваме, очигледно е дека штом подобро ќе го запознаеме, уште повеќе за него ќе ревнуваме и овие поуки ќе придонесат за поголема наклоност кон него и подобро разбирање. Имам три докази дека токму ова време е она во кое Бог Словото, Господ наш Исус Христос се роди.

Од тие три докази, првиот е тоа дека овој празник многу брзо насекаде стана познат и дека до такви височини се издигна и процвета. И јас ќе се осмелам да го тврдам она што го тврдеше Гамалиил за евангелската проповед, кога рече: Зашто ако е таа замисла или тоа дело од луѓе, ќе се разруши; а ако е, пак, од Бога, вие не можете да го разрушите; внимавајте да не станете борци против Бога! (Дела 5,38-39), и ќе го применам на славењето на овој ден, оти цврсто верувам дека овој празник токму затоа не само што не се изгуби, туку секоја година сѐ поголем и позначаен стануваше, бидејќи Бог е Логос од самиот Бог, како што и проповедта за кратко време сета вселена ја опфати. Па иако секаде ја разнесуваа оние кои правеа шатори, неуките и прости рибари, сепак простотата на служителите не ѝ пречеше, зашто моќта на проповеданото на сѐ одолеваше и пречките ги уништуваше, покажувајќи го дејството свое.

А ако некој од оние што се препираат не е задоволен од кажаново, можеме и друг доказ да изнесеме. А кој е тој доказ?

Попис на сите жители по заповед на кесарот Август

Пописот на народот за кој зборува Евангелието. Во тие дни излезе заповед од кесарот Август за попис на сите жители. Тоа беше прв попис за управувањето на Квириниј во Сирија. И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, за да се запише со Марија, свршената за него жена, која не беше празна. А кога беа таму, нејзе и дојде времето да роди. Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во гостилница. (Лука 2,1-7). Според ова веќе е познато дека Христос се родил за време на првиот попис на народот. А и времето на овој попис, секој што би се потрудил, би можел најточно од старите општонародни римски архиви да го добие.

Но некој ќе забележи: „Зарем да го правиме тоа ние, кои ниту живееме таму ниту имаме престојувалиште?“

А ти послушај и поверувај дека овој празник го примивме од оние кои во оној град Рим се наоѓаат и за тоа најточно знаат; и дека оние кои живеат таму, одамна според древното предание овој ист ден го слават, а сега и нам ни го пренесоа. Па и евангелистот ова време сепак прецизно го одредил, не без причина туку за да може тој ден да ни го открие и познат да го направи и со тоа Божјата промисла да ни ја посочи.  Зашто таа заповед за пописот Август не му ја наметнал на народот произволно, туку Бог му го придвижил срцето за макар и неволно на доаѓањето на Единородниот да послужи.

А ќе прашате како тоа ѝ користи на промислата Божја?

Ползата не е мала и обична возљубени, туку многу голема и една од неопходните и потребните.

Па каква е таа?

Галилеја е палестински предел, а Назарет галилејски град; исто така палестински дел е и Јудеја, која од нејзините жители е така наречена, додека Витлеем е град Јудејски. За Христа сите пророци претскажаа дека не од Назарет, туку од Витлеем ќе дојде и таму ќе се роди. Бидејќи така и пророкот напиша: И ти Витлееме, земјо јудина, по ништо не си помал меѓу војводствата јудини; оти од тебе ќе излезе Водач што ќе го пасе Мојот народ – Израилот.  (Мат. 2,6). Прашани од Ирода во она време каде ќе се роди Христос (Мат. 2,4) Јудеите на ист начин одговорија; а и Христос на Натанаил, откако овој на Филиповите зборови Го најдовме… Исуса… од Назарет (Јован1,45), одговори со: Може ли нешто добро да излезе од Назарет? (Јован1,46), му рече: Еве вистински Израилец во кого нема лукавство. (Јован1,47).

А зошто така го пофали?

Затоа што тој не му поверува на Филипа, оти добро знаеше дека Христос не во Назарет, ни во Галилеја, туку во Јудеја и Витлеем треба да се роди, како што и се случи. Како искусен познавач на Законот знаеше дека Христос нема да дојде од Назарет, додека Филип тоа не го знаеше, затоа оној така одговори, како што е кажано во горенаведеното пророштво. Затоа и Христос му рече: Еве вистински Израилец во кого нема лукавство. Затоа и некои Јудејци му велеа на Никодим: Испитај и види дека пророк од Галилеја не се јавил. (Јован 7,52), и на друго место, Не е ли речено во Писмото: дека Христос ќе дојде од семето Давидово и од гратчето Витлеем од каде што беше Давид? (Јован 7,42), а и поради тоа што сите веруваа дека Христос навистина не од Галилеја туку од таму ќе дојде.

Значи Јосиф и Марија иако беа витлеемски староседелци, сепак одлучија, откако го беа напуштиле Витлеем, да живеат во Назарет и тука да се населат – како што и често се случува, многумина да ги напуштат оние градови во кои што се родиле и во оние од кои не потекнуваат својот живот да го поминат. Бидејќи Христос требаше да се роди во Витлеем, беше издадена таква наредба, која и против нивната волја, по Божја промисла во тој град ги доведе. Зошто указот кој налагаше секој во своето родно место да се запише ги принуди и нив да тргнат од таму, од Назарет, и во Витлеем заради пописот да дојдат. А откривајќи го тоа евангелистот рече: Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, за да се запише со Марија, свршената за него жена, која не беше празна. А кога беа таму, нејзе и дојде времето да роди. Го роди својот Син првенец. (Лука 2,4-7).

Гледате ли возљубени како промислата Божја и преку верни и преку неверни своите дела ги раководи така што и оние кои од благочестивоста се отуѓени, силата и моќта Божја можат да ја познаат. И ѕвездата ги приведуваше мудреците од исток а законот ја принуди Марија да дојде во местото за кое претскажуваа пророците.

Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни…

Од каде знаеме дека Дева Марија потекнува од родот Давидов?

Бидејќи таа е од Витлеем, познато е дека по потекло е од домот и племето Давидово, а тоа и евангелистот го потврди кога рече: Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово. Но бидејќи лозата Јосифова беше наведена, додека предците на Марија никој на ист начин не ги навел, затоа за да немаш сомнеж и да не помислиш – како можеме да знаеме дека и таа е од домот Давидов, слушни го ова: А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет, при една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов. (Лука 1,26-27).

Ова од домот Давидов треба да се сфати дека се однесува за девојката, како што е доста јасно изложено овде. А затоа е издадена заповед, т.е. овој налог заради кој мораа да одат во  Витлеем. И штом тие во овој град стапија, веднаш во оној час се роди Исус и беше положен во јасли, оти сите слободни места беа зафатени од оние кои од сите страни се беа собрале, па имаше голема гужва. А тоа е и причината што токму тука трите мудреци Му се поклонија на Исус.

Продолжува

Извор; Бигорски манастир

29.12.2018 лето Господово




dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

23/12/2024 - понеделник

Божикен пост (строг пост)

Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф; Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот; Светиот маченик Гемел; Преподобен Тома Дефуркин;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная