логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

 

 

 sv.Ignatij.Brjancaninov2.jpg

 

СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ
ГЛАСОТ ОД  ВЕЧНОСТА

Писма  до монасите  и мирјаните за  спасение  на душата

  • ПИСМА  ДО МИРЈАНИТЕ

 

  • 177. Опис Николо Бабајевскиот манастир. Пријателите се благослов Божји

 
Ви пишувам од далечната пустина во која што, најпосле, после долготрајните патувања, пристигнав, и каде што почнувам да се лекувам.
 Патот го завршив многу изморен, на два пати ми се враќаше  петроградската болест моја т.е. ми се одземаа нозете.  Сега од нив избива силно потење  и чувствувам извесно олеснување.

За Бабаевскиот манастир , можем да ви кажам дека многу ми се бендисува во секој поглед. Положбата на која што е сместен е преубава. Каков воздух! Каква вода, какви само кристални изворски води има, извираат од планините и во таква количина. што би било доволно, мислам, за целиот Петроград. Какви шумички со дабови, со вековни дабови, какви ливади, Волга, каква тишина, каква едноставност!
 
Ја отворам книгата на аскетскиот писател, ја читам, гледам дека тука можат да се исполнат советите нејзини во стварноста­, додека во Петроград  тие можат да се исполнат само во фантазиите и желбите.
Со едне збор: за моето земно странствување, во овој  час, не би сакал  друго, подобро уточиште.
 
Мило ми е во срцето кога ќе се сетам на моите пријатели петроградски, со благодарност се сеќавам на нив, го призивам врз нив благословот Божји. Пријателите, Бог ми ги дал, таа награда сум ја примил од Сесветата Десница Негова, за помислата за самоодрекувањето која  ја следев од деновите на младоста моја.
Веќе самото искуство убедува во Евангелската вистина,  која заповеда да се остави се`, за да се наследи – се`. Евангелието го лишува човека од она, со кое  тој неправилно владее. Од тивкото пристаниште, од далечната пустина го повторувам истото она што сум го говорел од пустината блиска:
 „ Не се занесувајте  со бучната, бурната буица на овој свет!“  
Ушите на срцата ваши нека го чујат гласот   на молитвите мои!...
 
4. септемвра 1847.
Христос со Вас!
 

  • 180. Ние сме странци и дојденци на земјата. Цртите на лицето се забораваат, душата не.  За трпението:

 
Писмото Ваше многу ми се бендиса.
Постапките Ваши, поттикнати се од љубовта спрема ближниот, тоа многу ми се бендисува. Советот Ваш, сосема ми е по волја и јас го исполнувам, како што гледате по приложеното писмо кое го испраќам во Париз.
Најпосле, Вие многу ми се допаднавте во Вашето писмо, така сте мирни, така спокојни. Не сакам туѓинците и дојденците земни  да бидат безумно весели. Тоа не им прилега на  туѓинците и дојденците, изгнанствениците, кои ги очекува смрт, суд , вечност блажена или  жалосна. Сакам тие спокојни да бидат, спокојството е знак  дека странецот е со благословена надеж во срцето.
 
 Живеам осамено и се лечам. Дејството на лекот е спасоносно,  но истовремено и силно, заради што лежам по цели денови. Од моите прозорци  прекрасен е погледот на Волга кој го фалам, но, во кој ретко уживам, ретко, на проаѓање.

Кога ќе се потсетам на себе си во детството, телесните сетила мои не беа приемчливи, слабо со нивно посредство  на мене делуваше светот.  Не бев љубопитен , спрема се` бев ладен.
Но, на човекот, никогаш не можев да гледам равнодушно! Создаден сум да ги љубам душите човечки, да им се восхитувам на душите човечки!
 Затоа и тие пред мене стојат како некакви Ангели, стојат пред очите на срцето мое толку восхитувачки, толку утешителни. Тоа е призорот на сликата на  која што гледам, се загледувам,  повторно гледам, не можам да се изнагледам.
 И чудно: лицето, обликот, цртите, во истиот час ги заборавам, душата ја паметам.
 Многу се души, прекрасни души  на мојата слика, која што ја наслика љубовта, која што верното  сеќавање  ги чува во целост, во живоста на колоритот. Тој колорит заради осаменоста, станува уште појасен, уште посјаен. На мојата слика  сте и Вие со Вашиот брат. Често ве гледам. Душата моја е исполнета  со добри желби за Вас.

Да ли сме во раскошна облека  или во проста, зарем е важно? Ќе го завршиме нашето земно туѓинување , носејќи го светилникот  на вистинската, жива вера. Тој светилник ќе не воведе нас цо Царството  Божјо, пред чиј влез се слекува подеднакво и простата , износена облека од  груба ткаенина и раскошните облеки.
И самата раскошна облека во спордба со светата одежда духовна, не е ништо друго освен презрените партали.
Со трпението свое спасувајте ги душите свои,   речено им е на туѓинците и придојдените на земјата, зашто патот наш е тесен и жалосен,  ние слаби, Силата  Божја во немоќта се докажува , не поучува Писмото.
Кога моето писмо би имало очи, тогаш со нив би го заветил да го гледаат братот Ваш  внимателно, долготрајно и така дружељубиво, за тој вечниот страдалник и несакајќи пријатно да се насмевне.
Христос со Вас.
 

  • 181. Чувајте се од гревот

 
Вие сте во Париз. Брановите на животното море не расфрлаа нас  на различни страни.  Јас пребивам на осамената обала на Волга. Вие сте фрлени во Париз, во престолнината на модата, престолнината на образованието на овој свет и, може да да се каже, во престолнината на темнината и на гревот.
 Во престплнината на мракот и на гревот  чувајте се од помраченоста, чувајте се од гревот.  Каде што има повеќе опасности , таму е потребна поголема претпазливост.  
Доколку околностите бараат  и принудуваат  да се биде во градовите , каде што пустоши и беснее  чумата или другите заразни болести, тогаш треба да се настојува , таму да се завршат работите  што е возможно побрзо , и да се замине, што е можно   побрзо.  Уште повеќе  така треба да се постапува  во градот, престолнината на гревот.
Кој знае, нема ли сезлобниот грев  да нанесе рана!  
Којзнае каква  рана тој ќе нанесе! Тој може  да зададе и рана смртоносна , неисцелива.
 

  • 184. Како треба да се покајува мирјанинот. Самообмана. Поука за спасението

 
Со Божја  помош одговарам на писмо Ваше.
Рече Господ: "Никој не може  да дојде  при мене  ако га не го  привлече  Отецот, кој ме прати"
 (Јн. 6,44).  
Значи, иако е орудието за призив човекот, сепак е призивот Божји;
 Оној кој што призива  е Бог. Откако ќе го почувствувате  ова призивање, кое што можеме да го чуеме, бидејќи веќе поминавме  долг пат во земното странствување, нека не се огорчува срцето Ваше.
 А се озлобува тоа преку гревовната измама,  како што рече Свето Апостол Павле:
" Браќа гледајте , да не би во некого од вас, да има лошо срце за верата, та да отстапи од живиот Бог“, говори тој .
(Евр. 3,12).

Не би ви советувал да влегувате  во подробно и детално претресување на гревовите  и на гревовните особини ваши. Соберете ги сите  во еден сад со покајание и фрлете ги во бездната на милосрдието Божјо.
 Деталното испитување на гревовите свои не му прилега на човек кој води светски живот, тоа само ќе го фрли во униние  и недоумица. Бог ги знае  нашите гревови и ако ние постојано прибегнуваме кон Него на покајание, Он, тогаш ќе ја исцели нашата гревовност, т.е.   гревовните навики , својствата на срцето.
Гревовите извршени со збор, со создавање на помисли, треба да се искажат на исповедтта на духовниот отец, а во подетално претресување  на духовните особини, повторувам, световниот човек не треба да се впушта: тоа е замка која што ја поставува ловецот на душите наши.
А таа се препознава по тоа што во нас предизвикува  збунетост и униние, иако по надворешноста е облечена  во пријатен изглед на доброто.
Мораме да  признаеме и тоа признавање ќе биде сосема праведно, мораме да признаеме, дека сите  ние ја носиме обманата во себе. Toа е последица  на нашиот пад кој што се случил со прифаќањето на лагата како вистина.
Така  секогаш, така и сега паѓаме. Затоа во нас е таквата непостојаност.
 Наутро сум ваков, на пладне поинаков, , после пладне, уште поинаков и така натаму.

Двата света влијаат врз мене, потчинет сум им на обата. Светот на духовите  дејствува низ помислите на чувствата на срцето, светот плотски преку сетилата световни. Обата мамат на искушение  за забранетиот плод.
Со телесните сетила на видот, слухот, го допираат тој плод кој се чини прекрасен. Помислата, зборот на невидливото битие советува, повторува:
 „Вкуси, спознај!“
Привлекува љубопитноста, ја потикнува суетата. Се разлева во душата наша гласот на заводникот,  гласот кој што како први го слушнаа, нашите прародители во рајот, се слуша,  одекнува гласот:
„Ќе бидете како богови“.
Се разлева и соблазнува и убива.
Токму затоа  на луѓето им е дадена новата добродетел:
 „смирението“,
дадено име новото, внатрешно делување :
 „покајанието“.

И дејствувања и добродетели, навистина необични. Тие се радикално спротивни  од оној пат на кој што паднавме.  Со покајанието се усмртува погубното влијание на сетилата телесни, а со смирението, се уништува високоумието, суетата, гордоста, со еден збор, се` она што човекот, едноставно кажано, го излудува.

И што да се прави! Не треба  да се биде вознемирен  заради промените кои што настапуваат, како со нешто невообичаено. Не треба да се навлегува  во детално претресување на гревовите, туку да се поминува животот во непрестајно покајание,   сметајќи се себе си грешен во секој поглед и верувајќи дека милосрдниот Господ, секого, кој што само ќе ја увиди гревовноста своја, ќе го прими во прегратката на Своето милосрдие, во прегратката на спасението.

Тука не се подразбираат смртните гревови  за кои Бог   го прифаќа покајанието само тогаш, кога човекот ќе го остави смртниот грев.

  Занимавањето со  работа во домот  и домакинството, многу се корисни:  оддалечуваат од мрзеливоста и му ја олеснуваат на умот невидливата борба. Борбaта против мрзеливоста воведува во голем подвиг, кој што е дозволен само на оној кој на него  е принуден  заради околностите,  или до него го довел  Бог.
 Благоразумноста бара да не се влегува во борба   која ги надминува нашите сили, туку напротив, таа да се олеснува според можностите.
 
Верувајте  во Семожниот Бог, надевајте се на Него, живејте постојано во трпение, живејте  во простота , во покајание и смирение, предајте се на волјата Божја, а  кога ќе се случи да скршнете од правиот пат, повторно по него упатете се -   и ќе се спасите.

ќе продолжи...
Превод: М. Даниловска


http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Bogoslovlje/PismaSvetiIgnjatijeBrjancaninov/PismaSvetiIgnjatijeBrjancaninov04.htm

 

23 ти јуни, лето Господово 2013

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная