логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

o.partenij10.jpg

 ЦРКВАТА – МЕСТОТО КАДЕ ШТО ЦВЕТА СВЕТИОТ ДУХ



o.igor.krst3.jpgТекстот што е овде приложен и е познат под името Апостолско предание е ранохристијански текст што потекнува од III век по Христа. Во подготовката и издавањето на овој текст не се водевме од археолошки побуди, не сакавме да прилож
име само еден споменик од минатото, туку, пред сè, да му овозможиме на читателот самиот да заклучи за континуитетот и дисконтинуитетот во преданието на Црквата. Сепак, нему тоа нема да му биде можно без да добие неколку основни информации
за текстот и за времето кога е тој пишуван, информации што ќе му помогнат да не ги помеша суштествените работи (пројавата на Духот) со несуштествените (формата).
Прво што ќе забележи е одредена фамилијарност во тонот на текстот, која е една од основните карактеристики на раната Црква, во која сите верници обично учествувале во сите работи на Црквата. Очигледно е дека таа фамилијарност денеска ја нема. Но, треба да се има на ум дека времето од кое потекнува Апостолско предание е време на Црквата „на едно место” (т. е. кога целата Црква од еден град било можно да се собере на едно место, на една литургија, на една евхаристија), време на „малото стадо”. Денес работите се променети, но сообразноста, сепак, треба да се бара и споредува,
но – во парохијата (или денешната црковна општина, т. е. Дали и колку целиот народ учествува во сите работи на Црквата, дали и колку меѓу верните во една парохија постои таа фамилијарност).
Второ што би било, исто така, збунувачко за читателот е одредена неформалност на раната Црква. Многу често денеска Црквата ја гледаме како систем од правила, одредби и што уште не, што го вкалапуваат начинот на живот, и на свеш-
теникот и на верникот. Но, треба да сме свесни дека е тоа, сепак, само плод на еден „поглед однадвор” на Црквата (или реално однадвор, или во смисла на светскост=секуларизам на членовите на Црквата), како и плод на тенденцијата за формализирање на многуполезните упатства (дадени во форма на правила и одредби со различно значење), што Црквата ги изнедрила од својот реален секојдневен живот. Зашто, Цркватабила – а и денес е – над сè, местото каде што се пројавува
(или треба да се пројавува) силата на Духот.
Ќе наведеме неколку примери за ова од Апостолско предание. Денес е познато дека сите свештенички чинови – епископски, презвитерски (во народот познат како свештенички) и ѓаконски – се добиваат преку ракополагање. Во Апостолското
предание, пак, кога се говори за исповедниците (т. е.оние кои биле затворани и мачени за името Христово, односно не сакале да принесуваат жртви и да се поклонуваат пред статуите и во храмовите на паганските божества), го читаме следново:
„На исповедникот, ако бил окован за името Господово, да не се положува рака ни за ѓаконство ни за презвитерство. Зашто, тој веќе ја има честа од презвитерството по силата на своето исповедништво.” (гл. 9) Значи, силата на Духот, очигледната
потврда на силата на Духот, е таа која е суштествено важна. Денеска, исто така, молитвата се доживува како читање на дефинирани обрасци пред иконата (што само по себе не е проблем, бидејќи запишаните молитви се, исто како и правилата,
плод на многувековното искуство на Црквата), но останува фактот дека молитвата, пред сè, и според зборовите на апостол Павле, е воздишка на душата („ние не знаеме како треба да се молиме... (но) Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување” – Рим. 8, 26). Врз основа на ова поимање, Црквата до денес ја зачувала праксата на исихастичката молитва (којашто е кратка и едноставна, а се состои само од
повторување на зборовите: Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот, а цели кон тоа на едноставен начин да ги искаже сите потреби на поединецот кој се моли и на целата Црква; дури оваа молитва во некои право5
славни манастири се користи како замена за сложените и разновидни
молитви, од кои се составени чиновите на Вечерната, Утрената и другите секојдневни богослужби). Па така, во истата глава од Апостолското предание, кога се говори за молитвата на епископот, читаме: „Воопшто не е потребно (епископот) да ги кажува истите зборови што ги кажавме погоре и да ги учи напамет... туку секој нека се моли според своите можности”. Дури, спротивно на денешното вообичаено поимање,
авторот ги советува верните, „ако некој, молејќи се, вознесува умерена молитва во согласност со утврдениот образец, да не се противите”, т. е. „да не се противите” ако се користи запишана молитва. „Доволно е,” вели натаму, „неговата молитва да биде здрава и правилна во учењето”. Веќе рековме дека сообразноста со ова поимање не треба да се бара формално – во „ослободување” од запишаните молитви за разните богослужби во Црквата, туку во сочуваната пракса на исихастичката молитва (која, патем кажано, не е наменета само за монасите). Следно што може да го збуни читателот се описите на подготовката за крштевање, односно третманот на така наре-
чените „огласени”. Огласувањето и денес постои во Црквата, особено за возрасни луѓе кои сакаат да станат членови на Црквата. Сепак, сообразноста овде можеби најмалку се забележува. Имено, во раната Црква, како што читаме во Апостолско предание, подготовките траеле подолго време (се споменуваат три години), иако и овде ја забележуваме истата карактеристична неформалност, зашто авторот, сепак, вели: „Ако е некој срдечен и врши добри дела, да не се внимава на времето, туку единствено на поведението, бидејќи само тоа и треба да се цени” (гл. 17). Значи, сообразноста овде не треба да се бара во формалното придржување до времетраењето од толку и
толку години, туку во реалната подготвеност на огласените за крштевање (која се состои од вистинска желба, како плод на вистинска вера=увереност во реалноста на Христовото сведоштво, ослободување од сите пречки за крштевање /на пример,
несоодветно занимање и начин на живот – дел од ова се опишува во гл. 16/, запознавање со откровението /денешното вероучение/, и правење добри дела /односно, потврда дека верата кај човекот станала негов живот/). Патем, треба да се
спомене дека авторот сведочи за постоењето на праксата на крштевање на деца веќе во ИИИ век по Христа (и тоа како нешто што никого не збунувало), нешто за што протестантските заедници тврдат дека е воведено дури откако Црквата била признаена
од Римската држава во ИВ век (тие тоа пежоративно и со потценување го нарекуваат „крштевање на бебиња”). Најпосле, на описите на евхаристијата (односно Литургијата)
во текстот директно се надоврзуваат описи на заедничките вечери на светиите, т. е. членовите на Црквата. Станува збор за така наречените агапи (трпези на љубовта), кои биле поврзани со евхаристијата (молитвите кажувани пред причестувањето
и самото причестување со телото и крвта на Исуса Христа) и кои уште доста рано, односно набргу по пишувањето на Апостолско предание, поради разните злоупотреби на агапите, биле одвоени од евхаристијата. Далечно ехо на овие трпези на љубовта се денешните често несмасни трпези поврзани со селски, храмовни или манастирски слави.
Како автор на Апостолско предание традиционално се смета епископот на Рим и светител на Црквата Божја Иполит (ок. 170. – ок. 236.), кој бил огнен поборник на црковното правоверие и се борел и со збор и со дело против лажните учења.
Сепак, во последно време сè погласно е мислењето дека текстот не е опис на римската традиција, туку на александриската (египетската), па, според тоа, не му припаѓа на свети Иполит Римски. За нас овде тоа не е толку важно, бидејќи нашиот интерес е, пред сè, за традицијата на раната Црква, била таа Римска или Александриска. За нас овде е важно да ја споредиме и препознаеме сообразноста на денешниот црковен живот со животот на раната Црква (која и тогаш била а и денес е) – местото каде што цвета Светиот Дух.

(продолжува)

 

Предговор и превод од руски:
Презвитер Игор Калпаковски

Издавач:
списание ПРАВОСЛАВЕН ПАТ

За издавачот:
Методиј
Митрополит Американско-канадски



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная