логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

   
zaguben.jpgГревот, прикрепувајќи се за човекот како дива гранка накалемена на благородно дрво, ги исцрпува соковите на својот хранител, ја потчинува под себе сета човечка природа и раѓа кисели и горчливи плодови  нови гревови и страсти. Гревот не е способен да роди нешто полезно и благородно, зашто со своите корени проникнува длабоко во адот, од каде и ги црпи деструктивните сили. Така и мошне раширениот порок на пијанството, кое брзо прераснува во алкохолизам, односно во зависност на душата и на телото од хемиска супстанца и од ефектите што таа ги предизвикива, расте врз гревот и ги раѓа своите горчливи плодови  разурнувачките страсти.

„Христијанинот верува дека човекот е создаден за да се стреми кон духовна полнота, кон стекнување единство со Бога, кон соединување со Него. Но, како последица на првородниот грев, од самото зачнување човечкото битие носи во себе некаква празнотија, неисполнета со Духот, како некаков волумен на бездуховност. Растејќи, детето почнува да се спознава како посебна личност. И, паралелно со тоа, почнува несвесно да ја чувствува својата духовна неполнота. А тоа раѓа силна потреба (најчесто  несвесна) со нешто да ја исполни таа празнотија. Но недостиг на Духот може да се исполни само со Духот, при што тоа исполнување не му е достапно на самиот човек, туку само на Оној од Кого исходи Тој Дух, односно на Бога. Човек може само да посака (или да не посака) целосно да се предаде на Божјата волја. Ако не постои желба да се следи Божјата волја, тогаш стремежот да се исполни внатрешната празнина води кон обиди таа да се замени, да се „исполни“ со нешто што за извесно време може да се манифестира како илузија на живот, на лична духовна полнота и хармонија. Таква илузија можат да ја манифестираат најразлични „сурогати“  меѓу нив и оние коишто безусловно се осудуваат од страна на општеството (наркотици, насилство, алчност), како и оние што во општеството предизвикуваат различни реакции (алкохол, хазардни игри, богати јадења, секс, власт). Згора на тоа, дури и голем број несомнени вредности (работа, дружење, човечка љубов, добротворност, религија), доколку престанат да бидат средство и за човекот се претвораат во цел на неговите активностите, исто така можат да станат за него еден вид наркотик. Човекот може да стане зависник од секој таков наркотик, губејќи ја слободата дарувана од Бога.“

Во односот спрема алкохолизмот постојат две крајности: едни сметаат дека тоа е само грев, други  дека е само болест. Познато е дека во мозокот, според теоријата на А. Ухтомски, во текот на пијанството се формира патолошко жариште кое бара постојано внесување алкохол. Тоа ја определува физичката зависнот, Но ако сè е поврзано само со патолошкото жариште, коешто се наоѓа во кората на големиот мозок, зошто не би можело да се „пресмета“ каде е тоа место и потоа физички да се отстрани? Имено, така расудувале научниците од Институтот за човечки мозок во Санкт Петербург. Од нивна страна е отркиено местото во мозокот во кое се формира зоната на зависност, и е предложена метода за замрзнување на тој дел од мозокот преку отвор во черепот.

Да ја оставиме на страна етичката страна на оваа метода, којашто потсетува на паролата: „Најдобро средство против првутот е  гилјотината“. Но самите хирурзи, коишто спроведувале слична постапка, едногласно тврдат дека нивната метода само му дава шанса на човекот да престане да биде наркоман, ликвидирајќи го само елементот на физичката зависност. Самиот човек останува истиот. Ако повторно проба наркотик, тој повторно станува наркоман. Притоа, според набљудувањата на лекарите, „дупката“ заостаната по операцијата го втурнува човекот во пренагласена сексуалност, во склоност спрема агресија или во гнев. Позната е евангелската сторија за „седумте зли духови“ коишто влегуваат во исчистен дом од кој бил избркан еден нечист дух (Лука 11:2426). Истото може да се случи и со човек кој се надева само на медицината и на нејзините средства, а не на милоста Божја.

Се работи за тоа дека алкохолот не уништува само одреден орган или дел од организмот, туку страда целиот човек. Не постои ниту еден личносен квалитет кој не подлежи на изопаченото влијание на таа страст. Се работи за најтесна врска меѓу пијанството и моралната и духовната сфера, и оној што ја дозволува таа врска ризикува да биде победен во борбата за вечен живот. „Не лажете се: ... ни пијаниците... нема да го наследат царството Божјо“ (1 Коринтјаните 6:9-10).

Но, постои и друга крајност. Во православна средина е распространето мислењето дека алкохолизмот е само гревовна страст, и човек треба само да посака да се ослободи од неа за да повторно почне да води трезвен живот. Ваквата претстава е многу блиска со јуридичката теорија, којашто го третира гревот пред сè како нарушување на Божјата заповед, од каде и следи: „За грев треба да се суди, нарушувањето на нормите на Божествениот закон бара одмазда и казна.“

Напоредо со тоа, повеќето од Источните отци гледаат на гревот не толку како престап против моралниот закон, туку повеќе како „заболување на душата“. Духовните лекари помалку ги интересирал правниот аспект на прашањето, а повеќе начините на исцелувањето на душата повредена од грев. Таквото разбирање на гервот во голема мера е карактеристично за руското православие. За рускиот народ е карактеристичен стремежот да сочувствува со човек заболен од грев. Тука има место и за милосрдие, и за спознавање на тежината на ослободувањето од таа тешка страст.
Тешко е човек да не се согласи со американските истражувачи А. Спикард и Б. Томпсон, дека „алкохолизмот претставува проблем на севкупната личност: за да се излечи од општата болна состојба, на човекот му се потребни напрегнат труд, специфичен тренинг и време. Макар што алкохоличарот понекогаш може на чудесен начин да се излечи од својата физичка зависност од алкохолот, не постои моментално исцелување од духовни и психолошки оштетувања, предизвикани од наркозависноста.“

Тешко е да се опише колку таа „болест“ предизвикува болка кај човекот и кај неговите блиски. И сите ние повторно слушаме: „болен“, „страдален“... нека биде така, нека љубовта на човековото срце не секнува, зашто само таа може да биде вистинско лекарсто за секоја „слабост“. Но, ако човекот сака да се ослободи од тешките пранги на зависноста од алкохол, тој мора јасно да спознае: јас не сум само болен, јас сум  грешник кој го губи својот живот. И нека милосрдието на оние што се околу мене не биде причина за самосожалување и самооправдување.


Причини за алкохолизмот

Пред сè, треба да се напомене дека на човекот за неговото опстојување не му е потребен алкохол, како што му се потребни, на пр., воздухот, водата и храната. „Таа потреба .. се јавува затоа што општеството, како прво, произведува алкохолни напитоци и, како второ, „создава“ и „пресоздава“ обичаи, форми, навики и предрасуди, поврзани со нивната употреба.“
Постојат одредени фактори на ризик, кои придонесуваа човекот полесно да падне во алкохолна зависност:

1. Наследен фактор. Деца на алкохоличари воопшто не мора задолжително да почнат да пијат, како што сакаат да покажат некои истражувачи, но шансите за тоа кај нив се поголеми.
2. „Традиција на пиење“, „алкохолна атмосфера“ што царува во голем број колективи и семејства.
3. Присуство на „алкохолни лидери“, коишто измислуваат повод за пиење, пропишуваат „процедура“.
4. Луѓе со проблеми при општењето, особено млади луѓе и личности со шизофреничен стил, често се обидуваат со помош на алкохол да ја урнат бариерата и постепено паѓаат во зависност.
5. Постојани стресови, непријатности во семејството и на работа, коишто се „решаваат“ со помош на алкохол.

Се издвојуваат неколку форми на мотивации на употреба на алкохол

Најчеста, според нашето мислење, е атарактичката мотивација. Нејзината суштина е обидот човекот да го ублажи отсуството на внатрешниот комфор. На православните христијани им е познато дека главната причина на душевна дисхармонија е гревот, и наивно е обидувањето да се најде спокој во виното. Зашто, во спротивно, произлегува дека човек се обидува да го реши проблемот на своето битие со помош на проста хемиска сусптанца. Алкохолот не е помошник во сложените животни ситуации. А такви ситуации може да бидат „отказ од работа, неуспех во некоја работа, болест, развод, смрт. Ниту еден од нас не е имун на лични кризи, и во текот на таквите периоди сите ние сме изложени на мошне висок ризик од созадвање погубна навика на консумирање алкохол“.

„Алкохолниот пијалак секогаш ни ја поддава раката кога доживуваме неуспех, кога слабееме, кога сме исцрпени  пишува Д. Лондон, кој оваа тема не ја знае само од слушање.  Но, неговите ветувања се лажни: физичката сила, којашто ја ветува алкохолт, е призрачна, душевниот подем е лажен“.
Во една пригода, на една тренинг-група за психолози професионалци станало збор за алкохолната зависност. Во текот на работата на групата неколкумина присутни замолиле да одглумат друштво на маса, и да одигаат улога на другари по чашка. Кога дејствието се завршило, учесниците продолжиле да седат околу „масата“ и не сакале да ја напуштат сцената... како што подоцна објасниле, сцената на заедничко пиење давала силно чувство на спокојство, топлина, човечка соработка, заштитеност и ослободеност од животни тешкотии и проблеми. Таму секој може да биде природен и притоа да смета на целосно прифаќање и разбирање од страна на присутните. И затоа не сакале да го напуштат таквиот прекрасен и безопасен свет.

Со разрешување на кризната ситуација често ја снемува и потребата од алкохол. Секако, многу нешта зависат од тоа како човекот го прима тоа што се случува со него  како испратено од Бога за негово спасение, или како случаен сплет околности, или, пак, како „одмазда на злата судбина“. Особено често алкохолот се злоупотребува за „ослободување од стрес“ од страна на депресивните личности. Шизоидите можат да се навикнат да користат мали количества жестоки алкохолни напитоци, за да можат полесно да комуницираат.

На спротивниот крај на емоционалниот спектар се наоѓа хедонистичката мотивација. Ако консумирањето алкохол поради атарактични мотиви се оправдува со нормализирање на влошеното расположение, тогаш хедонистичката цел претставува обид уште повеќе да се подобри и онака нормалната состојба. Хедонистичката мотивација може да се смета најмалку штетна. Колку и да ни е убаво, ние сепак пиеме алкохол во празнични денови, затоа што „виното го весели срцето на човекот“ (Псалм 103:15)

Треба да се напомене дека, и покрај раширеното мислење во општеството, алкохолот не претставува средство за генерирање возбуда, туку средство за угнетување. Само мали дози алкохол, земени во соодветна пригода, водат кон развеселување. „Постепено манифестираната привлечност на алкохолното пијанство, којашто може да се зголемува, се крои ... во обемната несвесна психолошка мотивација на свртување кон виното, во желбите и во потребите коишто човекот се обидува да ги задоволи со негова помош“. Со други зборови, за нормален, здрав човек многу поголемо значење има не самиот алкохол, туку она што тој очекува од него. А, инаку, во алкохолните напитоци луѓето бараат многу повеќе отколку што тие може да им пружат, заборавајќи дека „лагата не води кон спасение“.

„Најчеста желба тука е човекот да се провесели, да се зголеми расположението на свадбената веселба, на роденденската прослава, при средба на пријатели, односно, во случаи во кои традицијата на пиење вино е особено силна. Празникот обично се исчекува, се вршат благовремени подготовки, се создава празнично расположение, се облекува празнична облека, што само по себе ја создава онаа атмосфера којашто и без вино го прави човекот возбуден, празнично настроен, радосен. Консумирањето алкохол, со што се менува состојбата на организмот и на нервниот систем, дава само слаб психофизиолошки фон на кој силно се проектира психолошкото очекување и сета претходна психолошка подготовка за дадениот настан. Самиот човек не е свесен за тој механизам, за него тој е сокриен, што и создава општоприфатена претстава за особените својства на алкохолот.“

За да се провери реалното дејство на алкохолот на човековиот организам, истражувачите прибегнале кон методата на плацебо. Таа метода се состои во тоа што на одредена група болни божемно им се дава еден и ист медикамент. Всушност, на еден дел од групата навистина им се дава медицински препарат, а на преостанатиот  „плацебо“, односно „празна“ таблета, која по надворешен изглед и вкус наликува на медикаментот, но којашто е изработена од неутрална супстанца. Таков експеримент успеал да спроведе П. И. Сидоров. При „анонимно“ внесување алкохол, испитаниците по извесно време се пожалиле на лесна возбуда, зголемен тонус, проследени подоцна со слабост и сонливост. Притоа не се манифестирала некаква јасно изразена личносна, карактерна компонента. Но, ако пациентот претходно бил предупреден за природата на инјекцијата, можеле да се забележат познати емоционални реакции: живост, шеговитост, коментирање. Со други зборови, се демонстрирала типична слика на пијанство.

Во дадениот случај може да се повлече аналогија со примањето наркотици. Познато е, на пример, дека неискусен човек, откако ќе испуши цигара со хашиш, може да доживее единствено промена во восприемањето на просторот, волуменот, боите и сл. Истовремено, „кај лицата коишто за прв пат пушат хашиш, но коишто знаат што пушат и го очекуваат наркотичниот ефект, сликата на дејството на наркотикот е сосема поинаква. Таа е поубава и емоционално заситена“. Наркоманите пред примањето наркотик честопати посебно се подготвуваат. Истото може да се каже и за алкохолот. Постои цела „алкохолна култура“: како да се нареди масата, за што да се наздрави, колку да се наточи во чашите и сл. Тоа е нормално сè дотогаш додека за човекот главни остануваа вистинските вредности: семејството, дружењето, пријателството и сл. За алкохоличарот во прв план избива чувството коешто го „подарува“ самата физичка супстанца.

На тој начин, „не алкохолот сам по себе, ниту неговото физиолошко дејство земено само по себе, туку, пред сè, проекцијата на психолошкото очекување, на актуелните потреби и мотиви врз психофизиолошкиот фон на пијанството ја создава онаа внатрешна субјективна слика којашто човек почнува да ја припишува на дејството на алкохолниот напиток“. „Оттука започнува процес кој е крајно опасен според последиците врз животот и кардинален за генезата на пијанството  сè поголема децентрација, деформација на восприемањата: човекот почнува во алкохолот да ја гледа главната причина за состојбата којашто го привлекува.“ Како што гледаме, митот за алкохолот, за неговата способност да ги решава проблемите, е многу посилен од дејството на самата хемиска материја. Да се потсетиме дека Ное, откако се опијанил, не покажувал симптоми на пијанство коишто ни се општопознати, туку едноставно легнал да спие (Битие 9:20).

Наивно би било да се мисли дека единствено стремежот за избавување од неудопството или желбата за насладување го раководат човекот при консумирањето алкохол. „Псевдокултурната мотивација се заснова на светогледните поставености и на естетските наклонетости на личноста.“ При таквата мотивација важна е приликата во која се консумира алкохолот, суптилниот вкус, проучувањето по вкусувањето, демонстрацијата на самиот процес на вкусување пред присутните. Дегустацијата на различни сорти пиво може да стане предмет на долга „естетска“ дискусија. Мотото на ваквата мотивација би можела да стане античката девиза „In vino veritas“.

Понекогаш човекот зачекорува по патот на барањето на надворешната или на внатрешната слобода, доживувајќи некаков „духовен пробив“ за време на консумирањето алкохол. Голем број пеачи, музиканти, „творечки“ луѓе, го сметаат алкохолот за некаков неодминлив услов за ослободување на творечките сили.

„Зошто луѓето пијат?  прашува А. Ками.  Затоа што по пиењето сè се исполнува со смисла, сите нешта ја достигнуваат највисока напнатост. Заклучок: луѓето пијат заради беспомошност, или во знак на протест.“ Во тинејџерските „журки“, коишто тие ги сметаат за вистинска смисла на постоењето, во студентските собирања, предизвикани од незадоволството од просечниот живот и бездуховноста на надворешното опкружување, миговите на вистината се бараат во опијанување со алкохол. Според мислењето на учесниците на таквите „вжештени“ собирања, луѓето притоа се поблиски еден на друг, односите се потопли и подушевни, присутни се искреноста и заемното помагање. Земајќи го предвид сето тоа, тука се работи за барање на нешто подобро во самите себе и во своите пријатели. Тоа е оној миг на „слободата“ на стадото, за која се чуваат спомени во срцето, се создаваат легенди во рамките на групата, тоа е лајтмотив на сите пијанки и „журки“. Тука, навистина, има нешто подобро, нешто позитивно. Но тоа „нешто“ е само нејасен одблесок на она што во човекот треба да блесне како силно сонце, осветлувајќи сè наоколу, просветлувајќи го умот, срцето и волјата. Дотолку повеќе што празнината, којашто настапува по сличните блесоци на измачениот дух, е премногу реална и немилосрдна. „Ние сме повикани да бидеме носители на Светиот Дух во овој живот; во нас треба да ликува вечниот живот, треба да блеска Божјиот живот преку преизобилен восхит, љубов, творечко вдахновение. Но, колку често го бараме вдахновението и пијанството во нешто други  во материјалното вино коешто на човекот му дава илузија дека му е добро, дека е цврст, силен...“

„Ако човекот не најде во себе сили да Му се довери на Бога и на Неговата љубов, ако не може да ја почувствува во животните настани и во односите со луѓето, во него се формира длабока празнина којашто тој, најверојатно, ќе се обиде да ја исполни со некаков сурогат.“ Луѓе коишто го бараат „слаткиот миг на слободата“ во виното и во наркотиците, ја имаат предвид доволно вистинитата мисла дека надворешната слобода (односно, слобода од надворешните околности) не е идентична со внатрешната слобода. Меѓутоа, прекршувајќи ги природните закони („душата не ги создава законите, туку им се потчинува и не може да ги измени по своја волја“), човекот сака да се насити надвор од духовната сфера, не во верата, во молитвата, во духовното творештво и во љубовта, туку во земното, душевното, бесовското (споредете Јаков 3:15).


(А.С. Бочаров, А.В. Чернышев. Очерки современной церковной психологии)


 Подготви: д- р Драган Михајловиќ


посети: {moshits}
 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная