логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Еротеј, Митрополит на Нафлакт

Во размислувањата што следуваат би сакал да погледнеме една круцијална тема со којашто има потреба да се соочиме. Тоа е големото прашање за секуларизмот=светскоста∗во Црквата, богословието и пастирската грижа.Светскост е загубата на вистинскиот живот на Црквата, отуѓувањето на членовите на Црквата од вистинскиот дух на Црквата. Светскост е отфрлањето на црковната нарав и пронижувањето на нашиот живот со така наречениот светски дух. Треба да се нагласи дека светскоста на членовите на Црквата е една сериозна опасност. Црквата има неколку „непријатели”. Најлошиот и најопасен од нив е светскоста, којашто ја јаде срцевината на Црквата. Самата Црква, се разбира, не се наоѓа во вистинска опасност, бидејќи таа е благословеното Христово тело, но постои опасност за членовите на Црквата.

Да бидеме прецизни, би рекле дека светскоста, којашто се состои од фалшификација (кривотворење, изопачување) на начинот на живеење и на вистинската вера, е поврзана со страстите и, нормално, демне во Црквата уште од почетокот на нејзиното постоење. Во рајот Адам се обидел разумски да ги протолкува Божјите заповеди. Дури и по Педесетница имало случаи што го откривале човекоцентричниот начин на мислење и живеење на некои христијани.Гностиците и некои други се очигледните докази за тоа.

Но светскоста главно започнала по прекинот на прогоните. За време на прогоните христијаните верувале и живееле во вистината. Кога христијанството станало официјална државна религија, започнала фалшификација на христијанската вера и христијанскиот начин на живеење. Отшелништвото∗и, подоцна, монаштвото се развиле како реакција на оваа секуларизација. Како што илустрира Светото

Писмо, особено Посланијата на светите апостоли, во древната Црква сите христијани живееле монашки**. А кога кон Црквата почнале да пристапуваат луѓе од целесообразност***, заедно со нив почнала да се појавува и светскоста.Развитокот на монаштвото дошол како одговор на тоа. Монаштвото не е нешто туѓо на Црквата, туку поскоро живот според Евангелието што некои го издигнале овој начин на живеење. Дури може да се докажува дека и најексцентричниот монах е здрава реакција на светскиот дух што ги измачува христијаните од нашево време.Пред да продолжиме и да видиме како ја искусуваме светскоста во Црквата, богословието и пастирската грижа, би сакал да го испитаме повнимателно светскиот дух и значењето на светот во библиско-светоотечката традиција (=предание), бидејќи зборот „свет” го сочинува главниот поим на терминот „светскост”.


1. Двојното значење на зборот „свет”
sekularizmot.vocrkvata.jpgЗборот свет има две значења во Библијата и делата на светите отци. Првото е дека свет е Божјото создание, целокупното создание; второто е – страстите и сè што го карактеризира духот на телото на кое му недостасува Светиот Дух. Да почнеме со тоа дека свет е созданието.
Тоа е наречено така зашто е украс, накит („козмос” – свет, на грчки, а „козмема”, што е од истиот корен – украс, накит). Ние во православното предание велиме дека светот е позитивно дело на Бога. Тој не е копија на некој друг реален свет, светот на идеите, тој не е остаток од урнатината на вистинскиот свет, ниту создание на некој помалечок бог. Изразот во Символот на верата – „Верувам во единиот Бог, Седржител, Творец на небото и земјата, на сè видливо и невидливо” – била артикулирана за да пресретне едно еретичко учење на извесни древни еретици кои тврделе дека светот е создание (творба) на еден помалечок бог.Значи, светот е Божјо создание, украс, накит. Бог го создал светот со Неговата несоздадена енергија, зашто Бог е создател според енергијата, а не според суштината.

Карактеристично е што на крајот од создавањето, Библијата забележува: „и Бог виде дека беше добро”.Бог не само што го создал светот, Тој исто така го одржува светот со Своите несоздадени промислувачки енергии. Значајно е Христовото искажување коешто ја демонстрира Божјата љубов за светот: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот” (Јован 3,16). Главниот израз на Божјата љубов кон светот беше Христовото воплотување и спасението на човекот. Најпосле, човекот е мал свет (микрокосмос) во големиот свет (макрокосмосот) и сумирање на целото создание.Зборот „свет” во смислата на Божјо создание може да се најде во неколку библиски пасуси. Кога Јован зборува за Христос И воплотувањето на Синот и Слово Божјо, вели: „Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна” (Јован 1,10). Во неколку пасуси е, исто така, кажано дека иако светот е Божјо создание, тој може да стане мамка на злиот, бидејќи злиот го измамил Адама во рајот преку светот, преку созданието. Затоа Господ заклучува:„зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја и’ напакости?”(Матеј 16,26).

Второто значење на зборот „свет” е –грев, страсти на телото (плотта), духот на телото, духот кој е лишен од животот и енергијата на Светиот Дух. Во оваа смисла зборот „свет” го среќаваме во Библијата неколку пати. Јован често го користи зборот „свет” за да означи Божјо создание, целокупното создание. Во други случаи го користи истиот збор за да ги означи страстите на плотта, сè што го држИ човекот настрана од Бога или што го држИ човековиот живот надвор од Бога. Типичен пасус е следниов: “сè што е во светот... од овој свет” (1.Јов. 2,16). Јован не бара од нас да не го сакаме созданието, Божјото создание, туку да не ја сакаме желбата на телото, желбата на очите И гордоста на животот, што всушност го сочинува она што се нарекува свет.Во Посланијата на апостол Павле постои еден карактеристичен пасус што покажува дека светот, од една страна, е желбата на очите И гордоста на животот, сите надворешни нешта кои стануваат мамката на злиот и нè мамат; од друга страна, светот се страстите на душата, т.е.противприродното движење на силите на душата. Свети Павле вели, „а мене, да не ми даде Господ да се фалам со ништо друго, освен со крстот на нашиот Господ Исус Христос, преку Кого за мене светот е распнат, а и јас за светот” (Гал. 6,14).Апостолот не се гордее со неговото потекло, со неговиот статус на римски граѓанин, со фактот дека Го видел Христа во Неговата слава, туку само со крстот Христов преку кој тој го усмртил светот.А тоа се случило на два начини. Прво, светот бил распнат за него, потоа тој бил распнат за светот.

Во првиот случај, ѓаволот повеќе не можел да го мами со надворешна дразба. Во вториот случај, тој целосно се ослободил од светот на страстите И желбите, кој постои во него.Во светоотечките текстови зборот „свет” го среќаваме во овие две значења. Свети Григориј Палама поучува дека светот како Божјо создание не треба ниту да се презира, ниту да се мрази. Во ова значење човекот треба да го користи светот за свое одржување. Но постои опасност, во секој случај, и кога човекот го гледа светот како Божјо создание, да го гледа исто така и како ѓаволска измама; зашто ѓаволот навистина знае како да го искористи светот за да го измами човекот.Во Светото Писмо се вели дека ѓаволот е цар на светот. Толкувајќи го овој термин, свети Григориј Палама укажува на тоа дека Бог, Кој го створил светот, е вистинскиот цар на светот. Ѓаволот е наречен така бидејќи господари со светот на неправдата и гревот. Навистина,злоупотребувањето на битијата, нашето страствено владеење со светот, светот на неправдата, расипаната желба и ароганцијата”, овие нешта го сочинуваат светот чиј цар е ѓаволот. Овде е јасно дека „свет” значи грев И страсти.Свети Василиј Велики, расправајќи за заминувањето на човекот од светот, вели дека тоа не претставува бегство од светот, не е излегување на душата од телото, како што тврделе старите философи. Тоа е попрвин отсуство на приврзаност кај душата за телото. Обично, кога Отците зборуваат за телото, тие не мислат на телото како такво, туку на духот на похотата, страстите на плотта и обожувањето на телото. Отците зборуваат за светот токму во овој контекст. Теолепт Филаделфиски вели, „ја нарекувам ‘свет’ љубовта кон материјалните предмети и кон плотта”. Оној што е ослободен од овие нешта, „станува сличен на Христа и ја стекнува Неговата љубов”. Уште поопшто, да го цитираме свети Исак Сирин, „кога сакаме да ги именуваме сите страсти, ги нарекуваме свет”. Токму оваа смисла на зборот „свет” е употребена во терминот „светскост” и истата смисла ќе ја употребуваме понатаму. Светскост е искривување на човекот од духот на плотта и страстите. Кога нашиот живот е пронижан од страсти, од светот на неправдата, и кога водиме еден таков живот внатре во Црквата, и размислуваме и се обидуваме да бидеме богослови на таков начин, тоа се нарекува светскост. Светскост е отуѓување на животот од Бога, кога не бараме заедница И единство со Него, кога се приврзуваме за земни работи и кога сите работи и сите прашања во нашиот живот ги разгледуваме надвор од Божјата волја. Човек може да тврди дека светскоста е синоним за овекоцентричност.
Понатаму ќе го анализираме терминот светскост во горе дадената рамка, се разбира, проширувајќи ги неговите димензии

.
2. Светскост во црковниот живот
Уште на почеток треба да се нагласи дека кога зборуваме за светскост во Црквата, богословието и пастирската грижа, не подразбираме дека Црквата, богословието И пастирската грижа стануваат светски и се уништуваат. Тоа би значело дека вистинскиот живот и вистинскиот начин на лечење на човекот се загубени. Не, туку членовите на Црквата се тие кои стануваат светски и, затоа, ги гледаат Црквата, богословието и пастирската грижа различно. Сепак, низ сите столетија има членови на Црквата кои ја чуваат вистината во поглед наЦрквата, богословието и православната пастирска грижа.


а) Светскост во Црквата
Во други пригоди сме го анализирале значењето на терминот Црква. Главната поента е дека Црквата е Христово тело. Таа не е човечка организација, туку богочовечкото Христово тело. Исто така, сме рекле дека Црквата е обожување. Тоа значи дека нејзина цел е да ги води нејзините членови до обожување, што е пак основната цел на човековото создавање.Во Посланието на свети Павле кон христијаните од Ефес може да се најде еден важен извадок кој ја илустрира целта на пастирите на Црквата. Апостолот вели: „И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота” (Ефес. 4,11-13). Според свети Никодим Светогорец, со изразот „познанието на Синот Божји” свети Павле не подразбира „познание на Бога до кое се стигнува преку набљудување на создадените нешта и преку божествените Писма; и нечистите исто така можат да имаат такво знаење; но тој мисли на натприродното познание на Синот Божји, до кое се дошло преку божествено осветлување (=осветување) и прославување, што се дарува само на совршените, односно исчистените од страстите на плотта и на душата. Тој посакува сите христијани да стигнат токму до тоа познание”.Исто така, изразот „до состојба на совршен (зрел) човек, до мера на возраста на Христовата полнота” го предава поимот на обожувањето. Вистинското постоење на Црквата се покажува преку нејзиниот успех во лечење на човекот. Од учењата на светите отци знаеме дека Црквата е духовен здравствен центар, духовна болница што го лечи човекот. Кога зборуваме за олеста и лечењето, мислиме дека умот е болен И се лечи. Лечењето на умот не е независно од очистувањето, просветлувањето (=просветување, просвештение) и обожувањето.

Целта на Црквата е да го излечи овој спознателен центар, така што човек да може да го стекнува познанието на Бога коешто го сочинува неговото спасение. Оттаму, постоењето на вистинската Црква може да се види во степенот на успехот, во резултатите од лечењето. Ако го лечи човекот, ако дава точна дијагноза на болеста и ако го знае патот и методот на лечењето, тогаш таа е вистинска а не секуларна (=светска) Црква.Постојат неколку знаци кои откриваат дека дадена Црква го чува знаењето на терапијата И успехот во истата. Еден од нив се правилните социјални односи на човекот. Навистина, нарушувањето на социјалните, меѓучовечките односи е производ, резултат на болеста на умот.Лечењето на умот, коешто се состои од негово очистување и негово просветлување, исто така, има и социолошки консеквенци. Затоа она што е важно во лечењето на умот треба да го проучува денешната таканаречена социолошка наука. Ние, православните, гледаме на преобразбата на општеството од таа перспектива. Токму затоа сме реалисти. Утопија е да сакаш да го преобразиш општеството обидувајќи се да најдеш погоден општествен систем. Тоа што е важно не е системот, туку начинот на живот. Ова не значИ дека не го поздравуваме секој напор за подобрување на одредени лоши услови во болните општества после падот, кои во најголем дел не го прифаќаат Божјото слово. Но најделотворниот И најреалистичен начин е преку лечењето на умот.

Друг пример што го открива степенот на успешноста на Црквата во лечењето е присуството и постоењето на свети мошти. Светите мошти се доказ за човековата излеченост. Кога умот е очистен и просветен и кога човек ќе достигне обожување, тогаш тој е целосно обожен, бидејќи Божјата благодат е пренесена од душата на телото. Моштите на светителите, кои се нетрулежни, благомирисни и чудотворни, се доказ дека методот и начинот на лекување се сочувани,дека Црквата го води човекот до обожување.Оттаму карактеристичното тврдење дека целта на Црквата е да прави свети мошти, во смисла дека гледа да го води човекот до обожување. Црква која не произведува мошти покажува дека не го води човекот до обожување и, значи, не го поседува вистинскиот метод на лекување на човекот. Значи, постоењето на вистинската Црква се покажува со степенот на успех. Во медицината се вели дека една точна медицинска теорија се разликува од погрешна според степенот на успехот. Слично на тоа, еден доктор е добар зависно од степенот на успехот во лекувањето.Слично е и со Црквата. Организирана Црква е онаа која го лекува човекот.

 


∗секуларизам=светскост; ќе го користиме де едниот де другиот термин како синоними, зависно од тоа кој термин во која ситуација појасно го предава значењето (заб. на прев.). ∗Отшелништвото или анахоретството се врзува со почетоците на монаштвото, односно е негова претходница. Се појавува во Египет кога некои христијани (меѓу првите е свети Антониј Велики) буквално го напуштаат светот, заминуваат во пустините и живеат осаменички живот, целосно предаден на молитва и разни подвизи. (заб. На прев.)

 

** Под „монашко живеење” овде не се подразбира безбрачноста (којашто прва се врзува денеска со претставата за монаштвото: „тоа се луѓе што не се
женат/мажат”), туку целосната предаденост на Бога во Откровението на Исуса Христа. Имено, првите христијани претежно биле конвертити, станувале христијани крштевајќи се како возрасни и главно со одговорност на возрасен човек го живееле христијанскиот живот. (заб. на прев.)

*** Особено во времето кога државата престанала да ја гони Црквата, па дури и овде-онде високо ја почитувала. Оттогаш во Црквата почнале да влегуваат (преку крштевањето) и луѓе кои не биле сосема уверени во вистинитоста на Откровението;на пример, сметале дека да се биде член на Црквата е корисно од разни причини - културни, економски итн. (заб. на прев.)

(продолжува)

Извор:Православен пат

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная