Старецот го посети еден универзитетски професор и му рече:
,,Старче, тешко ми е да поверувам дека постои Бог. Знаеш, јас сум образован човек, живеам на Запад, и сето тоа што то го правиш и што го зборуваш, можам логички да го објаснам. Најпосле, можеби и постои некоја сила, но не можам да го прифатам тоа што го зборуваш за Христа и за Светите Тајни”.
Старецот го ислуша и кусо му одговори:
,, Поглупав си од гуштер.”
Тој се навреди од овие зботови и почна да негодува. Мегутоа, старецот беше упорен:
,,Вистина ти велам. Поглупав си и од гуштер јас ќе ти го докажам тоа.”
Таму , покрај старецот живееше и еден гуштер и тој го повика. Животинчето му притрча и тој побара да каже дали постои Бог. Гуштерот застана на двете нозе и кимна со главичката, како со тоа движење да дава потврден одговор. Научникот сосема се збуни и почна да плаче. Старецот на тоа му рече:
,,Гледаш ли сега дека си поглупав од гуштер? Гуштерот знае дека постои Бог, а ти, кој имаш мозок, не сваќаш дека постои Бог!”
Професорот си замина од ќелијата на старецот длабоко потресен.
Преземено од :