логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 

Како треба верните да се справуваат со нив?

- прв дел -

Што велат светителите Божји за ова?

„Кога луѓето се лоши, Бог им дава лоши епископи и владетели".
- Св. Атанасиј Велики
„Колку што можеш, настојувај да го ослободиш твојот ближен од гревот, без да го навредиш".
- Авва Иперихиј
„Свештеникот не смее да греши во догматите кои се однесуваат на Бога; за се друго, ти не си соодветен судија, зашто ги знаеш своите ограничувања и тоа, дека не си го загубил  целосно твојот ум“.
- Свети Анастасиј Синајски

Оној што го крстил

Еден такси возач ја раскажува оваа случка од неговото село: „Едно дете, на возраст од 4-5 години, секогаш го избегнувало свештеникот од селото. Неговите родители и неговиот кум го советувале да му ја целива раката на свештеникот и да го почитува, но детето го тргало своето лице и дури и не ни сакало да погледне во него".
-„Дете мое", - му велеле тие, - „Тоа е свештеникот што те крсти, целивај ја неговата рака".
Детето на тоа одговарало:
-,,Не, тој не е Оној кој ме крсти!".
Тие сите се чуделе на однесувањето на детето, се додека еден ден во црквата, детето не ја здогледало иконата на Христос, и одеднаш извикало, повикувајќи и покажувајќи со прстот кон неа: - „Тој ме крсти".
Со своите непорочни очи, детето Го виде Оној Кој навистина го крсти, но тоа го игнорираше Неговиот инструмент, свештеникот.

Од раката на севштеникот

Самиот свештеник не ги извршува Таинствата - спротивно на верувањата на западот, каде што се вели: „Јас те крштевам".
Еретиците ниту можат да крштеваат, ниту можат да даваат било каков благослов. Благословите од еретиците се непосточеки.
Благодатта на Таинствата дејствува независно од личноста која ги извршува. Не е свештеникот оној кој крштева, туку Оној Кој беше крстен во водите на реката Јордан - Христос. Православниот свештеник не вели: „Јас го крстив тој и тој", туку, вели: „Тој и тој се крстени"; не само свештеништ го извршува крштевањето, туку Христос сослужува во извршувањето на Тајната заедно со свештеникот, и Он Самиот ја полага Својата десна рака врз главата на оној што се крштева.
Христос не ја употребува фразата „Јас крштевам", туку Он вели: „ќе бидете крстени во името на Светиот Дух", така поучувајќи не нас на смирение. Во оваа насока, се става ограничување на високоумните и гордите кои за себе мислат дека се големи поради тоа што крштаваат, наместо да благодарат за овој дар.
Ке биде од интерес за сите нас доколку ги разгледаме пишувањата на Црквата. Секој може да најде поучни раскази во врска со расудувањето што треба да го имаме при правењето разлика помеѓу гревот и грешникот, особено кога се работи за клирот.

Избор

Се случило еден човек да го види својот духовен отец како греши. Очајувајќи за своето спасение и мислејќи дека сите Таинства на Црквата што ги примил од рацете на свештеникот се невалидни, тој отишол во шумата и одел по течението на еден мал поток, и постојано пиел од чистите води на потокот. Мегутоа, кога зачудено видел дека водите истекуваат од устата на едно мртво куче, тој паднал во очај по втор пат. Сега, тој ја видел пред себе својата смрт Тогаш му се појавил еден ангел и го уверил дека, нема да претрпи било каква штета. Понатаму, ангелот му рекол дека ова му се случило заради негово лично поправање, за да може да научи дека истото се однесува и на духовните работи. Благодатта не може да претрпи штета, таа во никој случај не може да биде осквернета од личните гревови на свештеникот. Идејата дека Светите Таинства се недејствени поради гревовите на свештеникот е донатистичка ерес.
Друг пат, еден свештеник, кој служел недостојно, бил невидливо врзуван со синџири надвор од Црквата, додека, пак, во олтарот служеле ангели наместо него.
Друг пат, пак, еден епископ кој живеел во плотски грев бил врзан од еден ангел за столбот на Црквата за време на Литургијата, и наместо него, истиот ангел служел со свештениците и ѓаконите, продолжувајќи ја Литургијата се до отпустот Потоа ангелот го одврзал епископот и исчезнал.
За време на Литургијата на еден недостоен свештеник, во моментот кога пристапувал кон Светиот Престол, еден ангел се спуштил од Небесата и ја ставил својата рака врз главата на свештеникот Тогаш свештеникот станал како огнен столб, и така Божествената Литургија продолжила.

Тие не се опраедуеаапг себеси

Во некои околности, осудата за неморалност е неоправдана. Свети Макариј Велики бил наклеветен за блудство, но сепак тој ја прифатил клеветата како да е точна. Па и тоа како да не било доволно, тој ја обезбедувал својата „жена" околу потребите на новороденото бебе!
Свети Сава Освештени, свети Симеон Новиот Богослов, свети Симеон Босоногиот од Света Гора, сите тие биле наклеветени од група одметнати монаси, и тие ги поднесувале овие клевети трпеливо.
Служителите Божји немаат навика да се оправдуваат себеси кога тие се наклеветени од други; тие не им се спротиставуваат Сепак, понекогаш и обвинителите на светителите добивале отрезнувачка лекција. Како што е случајот кога една личност била опседната од ѓаволот, и ѓаволот почнал јавно да исповеда: „Јас го наклеветив слугата Божји".
Еден друг брат паднал во искушение, па еден аскет наредил тој да биде избркан, за да се избегне скандал. Но потоа, истото искушение паднало врз аскетот, се додека на крајот, тој не го слушнал гласот на ангелот, кој му рекол дека ова искушение паднало врз него, бидејќи тој бил многу строг кон избрканиот брат за време на неговото испитување.

Карактерот на обвинувачите

Каноните на светите отци непрестајно кажуваат и нагласуваат дека карактерот на обвинувачите исто така треба да се испита. Се разбира, анонимните обвинувачи веднаш се отфрлаат. Основните начела кои се почитуваат во соодветно формиран црковен суд се следните:
а) II вселенски собор, канон 6
б) Помесен картагински собор (419) Канони 134, 138, 139, 140.
ц) IV вселенски собор, канон 21.

Не суди за да не бидеш суден

Како правило, оној што осудува некого, ја има истата страст во себе.
Светителите, дури и со свој пример, не поучуваат да не му судиме на грешникот.
„Едно демонизирано момче дошло еден ден за да се излекува, и браќата од Египетскиот манастир го примиле. Како старец, свети Јован Персиски, излегувајќи, видел еден од браќата како греши со момчето, но тој не го обвинил него, туку само си рекол на себеси: „Ако Бог, Кој ги создал и ги гледа и не ги изгорува, кој сум, пак, јас за да ги обвинувам?"
Свети Нил јасно вели: „ Дури и ако некогаш го видиш нај нечистиот од сите нај нечисти луѓе и најзлобниот од сите најзлобни луѓе, дури и тогаш не треба да го осудуваш тој човек. Прави го ова и Бог нема да го напушти тој човек, и нема да дозволи тој да биде роб на ѓаволот".
„Ако некој верува злобно за верата (т.е. еретички), бегај од него и немај веќе ништо со него - не само ако е човек, туку дури и да е ангел небесен. Сепак, не го критикувај неговиот живот; бидејќи зборовите „Не судете за да не бидете судени" се однесуваат на сите нешта од животот, а не на предметите од верата". - Свети Јован Златоуст,
(втора Омилија на Второто послание до Тимотеј)

Луѓето ја осквернуваат својата уста кога раскажуваат за валканите дела на клирот. Истото се случува кога тие размислуваат за овие нешта во своите умови. Подобро би било ние да се сметаме за грешници заедно со нив. Но подобро е да не се трудиме да ги потврдуваме или дури пресметуваме грешките на другите, туку да се грижиме само за нашите.

Сострадателни утроби

Ние треба со сострадание да го покриваме падот на нашиот брат. Нашите отци секогаш биле сострадателни кон грешниците. Оној кој паднал во страст е болен. Нему му треба молитва и грижа. Особено кога тој е наш духовен отец.
Ние несвесно се издигнуваме себеси над клирикот, дури и без да кажеме збор, кога судиме за неговите падови, како што тоа го правел фарисејот со митникот. Така ја добиваме соодветната „награда" на фарисејот.
Клирикот кој греши е во страшна позиција. Јавно исмевајќи го не е најдобриот начин да му помогнеме. Постојат соодветни авторитети кои треба да ја средат таквата ситуација, и ние мораме да се обратиме кон нив, ако забележиме такво нешто.

Треба ли да ги избегнуваме?

Дали ова значи дека треба да ги избегнуваме службите на грешниот клирик и да избегнуваме комуницирање со него, пред да биде донесена одлука од Црковниот суд? Скраја да е, а ако се случи ова, тогаш нам ни треба помош, како на древните христијани.
Еднаш на старецот Јосиф Оптински му кажале за една жена која починала без Светите Таинства бидејќи не сакала да прими Света Причест од нејзиниот парохиски свештеник, за кого знаела многу лоши работи. Старецот се нажалил за нејзината смрт и рекол дека никој не треба да се вознемирува од животот на свештеникот, бидејќи неговата рака само го извршува Таинството, а благодатта го совршува Таинството. Тогаш тој им раскажала како еден светител, кој заболел од неизлечлива болест, посакал да ги прими Светите Таинства. Најблискиот свештеник бил многу порочен и, очигледно, потполно недостоен за свештенство. Светителот се вознемирил, но тогаш, откако ги совладал своите помисли, го повикал свештеникот. За време на причестувањето, Господ го удостоил за видение: видел дека ангелите му ја даваат Светата Причест.
Сепак, луѓето денес го советуваат сосема спротивно: Тие им велат на другите дека недостојниот клирик треба да се избегнува; и го нарекуваат овој принцип „свет и духовен". Лесно може да се докаже во светлината на живото предание дека овие совети се потполно неисправни.
Христијанинот во никој случај не може да биде повреден од примањето на Света Причест од грешен свештеник, туку може да добие само полза. Порочноста и грешноста на еден православен свештеник во никој случај не може да ги спречи Божјите благослови да слезат врз неговата паства, исто како што добродетелноста на свештеникот не е таа што им ги предава.

Служењешо на развратниот свештеник

Старецот Филотеј Зервакос од островот Парос во Грција сакаше да зборува за еден лаик, кој често одеше на служби во храмот на свети Елисеј во близина на Атина, заедно со Пападијамантис, грчки писател, и со други побожни души кои ги посетувале службите таму. Кога овој лаик ќе слушнел дека некој свештеник со „лош" углед ќе служи некаде, тој веднаш одел на таа служба. Кога некој од љубопитност ќе го прашал зошто го прави ова, тој ќе одговорел: „Таму еден ангел им дава Причест на верните".
Многу луѓе, по некој скандал во Црквата поврзан со пари, мислат дека е доволно да запалат само свеќа, како што велат, бидејќи се разочарани од злоделата и се неволни да и понудат нешто повеќе на Црквата. Овде тие, повторно, грешат. Дај и ги на Црквата првите плодови на твоите богатства и приноси, вели свети Јован Дамаскин, без да испитуваш каде ќе одат и како ќе бидат потрошени.
Би било добро за верните да им дадат на новинарите нешто што ќе им биде од полза, како што е осигурување за невработени, па така овие несреќници да не трпат повеќе осудувања врз своите глави. И наместо да им дозволиме - како што знаат луѓето - да работат дење и ноќе, блуеј ќи нешто толку непоучно, да го примениме она што некој им го рече на оние кои имаат уши да слушаат: „Твојот телевизор има и копче за исклучување".

„Не само на цела Грција"

Германскиот весник Deutsche Zeitung (март, 7, 2005), известувајќи за скандалите кои во последно време ја потресоа Црквата во Грција, ја надградил титулата на Архиепископот Христодолус, нарекувајќи го „Архиепископ на цела Грција и на Содом и Гомор".
Новинарите, и оние домашните и оние од страна, сепак, згрешиле тотално, во нивните проценки. Моралот на клирот не е проблем.
За време на една дискусија во Синодот за овие престапи од морална и канонска природа, митрополитот на Месогија, Николај, изјавил дека е вчудовиден од нештата што ги слушнал: „Што треба да правам јас со ваков Синод? Ова не е ерархија. Јас се срамам од тоа што сум Митрополит. Светиот Дух не пребива тука" - кажал тој.
Ниту, пак, ова е проблемот. Светиот Дух не се повлекува од Црквата како последица на личните гревови на нејзиниот клир.
Свети Анастасиј прецизно вели: - „Свештеникот не смее да греши во догматите кои се однесуваат на Бога; за се друго, ти не си соодветен судија, зашто ги знаеш своите ограничувања и тоа, дека не си го загубил целосно твојот ум".
Свети Јован Златоуст вели: „Сите да си ја гледаме својата работа. Зашто ако некој проповеда изопачено учење, па дури и да е ангел, не го слушајте; но ако некој ја проповеда вистината, внимавајте на неговите зборови, не на неговиот живот".

Што се однесува до верата, никој не прозборе ниту збор

Верата е токму суштинското прашање. Но се чини дека ниту новинарите, ниту ерарсите не ја сфаќаат важноста на верата.
Гревот не го одвојува верниот човек од Црквата, но лажните учења овозможуваат да биде растргнат како од диви животни.
Заедничарењето со православен свештеник, дури и да е грешен, во никој случај не го повредува оној кој пристапува кон Причест. Недостојниот свештеник може да ги извршува спасителните Свети Таинства, дури може да прави и чуда, наспроти неговата недостојност.
Ереста, сепак е полоша од плотските гревови. Благодатта ги напуштила неправославните. Само во тој случај се препорачува свештеникот да биде отфрлен; дури и ако делата на еретикот се беспрекорни, неговата светост е прочуена и тој е фален од страна на сите. Православниот верник нема друга можност, освен да ја одвои болната овца од заедницата. Во спротивно, тој ќе биде осквернет од заедничарењето со ереста.
„Не судете за да не бидете судени" оваа фраза е добра, посебно за личните гревови на свештениците. Но што се однесува до нивната вера, нивното јавно исповедање, се применуваат спротивните зборови: Суди, испитувај.
Мегу сите еретички учења кои се распространети во изобилие и успеваат денес во помесните „Православни" цркви, завршуваме со еден неодамнешен цитат од еден теолог и универзитетски професор од Грција, кој ги коментира следниве зборови на неговиот надлежен епископ:
„Црквата е силата на елинизмот и духовно прибежиште на нашиот народ. Токму затоа сите ние сме обврзани да ја штитиме во позитивна смисла" (Архиепископ Христодолус)
„Да, Црквата за архиепископот Христодолус не претставува Егангелие на надеж, ниту извор на просветлување во нашиот живот. Попрво таа е потпора на национализмот... Оваа изјава сама по себе покажува неспоредливо многу побезнадежно пропаѓање, од многуте објавени гревови на некои неморални клирици. Ова е оддалечување од Црковната вистина."
Тоа е проблемот.


Превод од англиски јазик: Никола Цилаков, дипл. политиколог
Наслов на изворникот:Ѕсandalѕ in the chuch, How should the faithful deal with them? Part one.

 Извор: Десетто издание на „Православна светлина“

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная