логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Што ни нуди магијата

Во текот на своето постоење, човекот развил два вида на однос кон невидливото: мистичен и магичен. Мистиката нуди заедница со Бога, а магијата е заедница со природатa. Обично се случува луѓето да ги поистоветат овие два односи, што е неправилно. Магијата се заснова врз верувањето во постоење на натприродни сили врз коишто човекот би можел да влијае, за преку нивна помош да изврши определени сакани промени коишто не може да ги оствари преку природни средства. Магичното постапување е постапување на принуда; тука не постои ни морал, ни почит кон слободната волја на другиот, а се бара само корист во овој свет, макар и по цена на нанесување на најголема штета на другиот.

Додека во религијата се признава зависност од едно повисоко битие, во магијата се заповеда на одредени сили; човекот не се чувствува ниту како син, ни како слуга Божји, туку како суверен, макар и вообразен, господар на светот. Магијата не признава дека постои Бог Кој управува со светот; таа се заснова врз верата во постоење на непознати, невидливи, окултни слики без некаква лична свест, а во случај и да им се припишува свест, тогаш тоа се демони кои маѓепсникот, преку својата тајна вештина, ги повикува за да ја творат неговата волја.

Магијата најчесто ја делат на бела, со која се тежнее кон остварување на некаков поволен, позитивен ефект (на пр. нечие заздравување, успешен лов и др.), и на црна, со која се тежнее некому да се нанесе некакво зло (урок, вражби). Меѓутоа, ова е само формална поделба, зашто суштината во многу нешта е иста.

Постојат извесни облици на религии во кои магијата легално се користи, како на пример фетишизам, таоизам, шаманизам и др. Меѓутоа, магијата успеала да пушти корени кај поединечни луѓе дури и во оние религии што изрично се противат на користењето на магија, така што таа има свои следбеници, за жал, и во христијанството. И самите честопати сме во можност да видиме или чуеме за постоењето на луѓе коишто палат свеќи наопаку, врзуваат крпички по гранките од дрвјата во близина на некоја црква, носат различни амајлии против „уроци“, мали потковици за среќа, и што сѐ не друго. Сето ова нема никаква врска со Православието. Западниот окултизам (чие влијание е сѐ поприсутно на нашиве простори) е преполн со магични елементи, започнувајќи од спиритизмот, преку теософијата и антропософијата, па сѐ до ткн. „црни миси“ кои се составен дел од богохулните церемонијали на сатанистичките секти.

Многу од овие правци се обидуваат да се сокријат зад христијанството, да се „провлечат“ под името на христијанските начела, обреди или традиции, додека некои други пак, да речеме „сатанистите“, се отворено завртени против христијанскиот Бог, некриејќи притоа дека му служат директно на сатаната. Нивните собранија се крајно богохулни, полни со страшни нешта, настраности, блуд, повикување на сатаната, честопати преку користење на крв од жртвувано животно, но и од човечка жртва.

Магијата е широко застапена. Вака заталканите луѓе се обврзани од определен строг „морален“ кодекс, такашто не е мал бројот на извршените самоубиства, па и убиства (во име на царството на сатаната), а поодделни лабилни членови честопати стануваат инструмент за извршување на „нечисти работи“ на определени политички моќници. Значи, сето тоа наспроти Божјите заповеди, наспроти редот, поредокот и мирот меѓу луѓето во светот, со штедра помош од демонските сили.
Потекло на магијата

Корените на магијата задираат длабоко во нашето минато; многу научници сметаат дека дури и предисторискиот човек знаел за магијата. Нејзиното појавување може да се поврзе со нарушениот природен однос во прародителскиот грев меѓу луѓето и прородата од една, и Бог од друга страна.

Имено, Бог го создал човекот според Својот образ како лично, свесно и слободно битие, со изразена способност за создавање. Првиот човек, Адам, имал општење и заедница со Бога, и требал слободно и во љубов да го достигне своето полно соединување со Бога, да ја оствари полнотата на своето битие за којашто е назначен, да го оствари своето обожување. Токму обожувањето на човекот е целта на севкупното божјо создание. Сам по себе човекот, без Бога, како создадено битие а со тоа и дел од севкупното божјо создание, не бил во состојба да го оствари ова.

Меѓутоа, ѓаволот, тој „човекоубиец од почеткот“, му предлага на човекот сосем спротивен, и еден разрушителен пат за него, како лично и слободно битие, пат на стекнување на она што инаку за човекот е невозможно и неостварливо – да биде како Бог. Значи, ѓаволот им советувал на луѓето обожување без Бога, да станат богови без Бога, и тоа така што ќе јадат од плодот на забранетото дрво за познание на доброто и злото. Како да можел човекот да се изедначи со „вечноживиот и вистински Бог“ преку јадење на некој плод од било кое и какво дрво! Зарем не е тоа магичен начин којшто ѓаволот му го предложил на човекот, начин на автоматско, магиско „станување бог“, т.е. лажен и измамнички, лажен и убиствен, безличен и обезличувачки начин, а со самото тоа и нечовечен, противчовечен и противбожји чин?

Од злоупотребата на слободната волја и нарушувањето на првобитниот однос со Бога, т.е. од „изгонувањето до рајот“, човекот и понатаму во себе го носи ликот на својот Творец, и понатаму Создателот го повикува да ги разбие оковите на своето гревољубие и со слободна одлука и од љубов да се врати во заедница со Него; меѓутоа човекот, воден од својата гревољубива природа и сатанското лукавство, во неможност да се одрече или да побегне од Бога, сѐ повеќе го замаглува Божјиот лик во себе, како и самиот поим за Бога, па го прекројувал и вообличувал според својот вкус и фантазија. Така, некој Бога Го наоѓал во светлите небесни тела, некој во билките, животните и каменот, а некој во својата дива фантазија којашто го водела кон најкрволочните церемении.

„Ѓаволскиот предлог им бил пат и метод на секоја лажна религија и магија, и тој метод подоцна се појавил и се појавува шреку многуте псевдорелигии, преку разлите магични, механички, насилни обиди за ‘усреќување’ на човекот и човештвото, што секогаш е идолопоклонство и идолодулство. Наместо Живиот и Вистински и Човекољубив Бог, ѓаволот во Рајот на човекот му предложил мртов идол, без разлика дали тој идол е самиот ѓавол, или човекот како сопствен самоидол“.

[продолжува]

Извор: Тавор бр. 2
Презвитер Радиша Јовановиќ

Преземено од: Кумановско- осоговска епархија

11-ти април, лето Господово 2014



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная