логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 Dveri.zlatni.jpgДобри зборови

Дневникови записи
1908 – 1915 година

    Христијанството, како небесна љубов, ја возвишува душата на човекот. Јас сум среќна: колку помалку има надеж, толку посилна е верата. Господ знае што е за нас подобро, а ние не. Во постојаното смирение почнувам да го наоѓам изворот на постојана сила. „Секојдневното умирање – е патека кон секојдневниот живот“.
    Колку поблиску душата се приближува кон Божествениот и Вечен Извор на Љубовта, толку повеќе се откриваат обврските на свештената човечка љубов, и толку поостро (се откриваат) укорите на совеста за пренебрегувањето на најмалата од нив.
    Основа на благородниот карактер – е апсолутната искреност.
    Влијанието на добрите жени – е најголемата сила после милоста Божја, која што формира добри мажи.
    Венец на љубовта – е тишината.
    Срце кое љуби – најнеопходното нешто за нас.
Додека љубиш, простуваш.
Да бидеш неправилно разбран дури и од тие, кои ги љубиш, - тоа е крст и горчина во животот... Тоа е најжестокото искушение на преданоста. Тоа е тоа, што најверојатно најчесто од сè го ранувало срцето на Синот Човечки... Уви! Никогаш да не се отстапува, никогаш да не се пројавува ладност, да се биде трпелив, да се сочуствува, да се искажува нежност. Да се бара цвет во расцвет и срце кое се отвора... Секогаш да се надеваме, како и Бог. Секогаш да се љуби – тоа е долг.
Љубовта не пораснува, не станува голема и совршена наеднаш и сама по себе, но треба време и постојана грижа.
Животот – е ништо, ако не Го знаеме Тој, благодарение на Кого живееме.
Вистинската вера се пројавува во целото наше поведение. Тоа е како сокот на живото дрво, кој што доаѓа и до најдалечните гранчиња.
Преживувајќи тага, знаеш како да им сочувствуваш на другите.
Да се биде голем – значи да се биде среќен, - тоа е едно од погрешните мислења до кое се придржувал речиси секогаш поголемиот дел од човештвото. Да се биде добар – значи да се биде среќен, - тоа е тајната, доступна само на малкуте мудри и добродетелни, кои се украс не само самите по себе, но и украс на ближните и татковината.
Ние сме должни постојано да мислиме не за своите лични дела и комфортства, а за ползата на ближните, која што можеме да им ја принесеме.
Искреното сознание на своето недостоинство го прави исполнувањето на секој благослов велико и бесценето.
Посблиски до Бога сме, кога се сметаме себеси за најнедостојни. И најпријатни за Него сме тогаш, кога се смируваме и раскајуваме до прав и пепел.
Кога неочекувано се накреваат облаци и небото над нас потемнува, радосно ќе ја чекаме од него благословената роса; а кога ќе помине, облаците ќе се расејат, и сонцето ќе засјае посилно, и од претходно.
Никогаш толку нема да ги почувствуваш страдањата на другите луѓе и да ги утешиш, отколку кога разумот твој е опфатен и омекнат од сопствена мака.
Вистинската мудрост се состои не во освојувањето на знаења, а во нивното правилно применување за добро.
Колку е посмирен човекот, толку повеќе мир има во неговата душа.
Нека видат ближните во примерот на вашиот живот, дека верата – е нешто повеќе од учење или следење на некои обреди.
Ние треба да се крепиме и да го молиме Бога, да ни дарува трпение да поднесеме сè што Тој ќе ни испрати. Искушенијата, допуштени од Мудриот и Љубезен Отец, претходат на неговите милости.
Братската добрина и милосрдие обично се пројавуваат во ситници. Малечки знаци на внимание, се ситници, но постојано самоодрекување; краток разговор за желбите и расположението на другите; деликатен, незабележлив излез од сè што може да предизвика болка – тоа се тие ситници кои што создаваат мир и љубов и кои се многу поголеми од надворешната љубезност.
Ние често го губиме драгоценото нешто, што го имаме, бегајќи по недостижното.
Колку можности да направиме нешто добро испуштаме, дури не сознавајќи ја цената на тоа што го сме го испуштиле!
Добрината – е клуч на човечкото срце.
Смирението не е во тоа, да раскажеме за своите недостатоци, а да поднесеме кога другите зборуваат за нив; во тоа, да ги слушаме трпеливо, и дури со благодарност; да ги исправуваме недостатоците за кои ни зборуваат; да не чувствуваме одбивност кон тие што ни зборуваат за нив.
Тој што сака да ги запали срцата на другите луѓе со љубов кон Христос, треба и самиот да е во пламен од таа љубов.
Занимавајќи се со добротворство, важно е да не се потони во себепочитување.
Зборовите, кажани од срце, ќе најдат друго срце, проследено со свето сочувство.
Колку поголемо е сознанието за сопственото недостоинство, толку повеќе дарови може да се примат.
Ако сè е добро одвнатре, ништо нема да ни наштети однадвор.
Спомнувањето на минатите милостињи ќе ја поддржи верата во Бога во искушенијата кои следат.
Смело пушти се брате, по тешкиот пат,
и ќе те одведе таму, кај што тага нема,
Но лесен, без беди и загуба на врат,
Никој уште кон таму, таков пат не видел да има.

Да учам, туѓата болка да ја разбирам,
И недостатоци да простувам без злоба,
За милост кон луѓето почесто да пројавувам,
И кон мене милост да пројавуваат тогаш.

    Смирението – е толку важна состојба на душата, без кое е тешко да го направиш својот живот разумен и благочестив. Невозможно е да се гледа без очи и да се дише без здив, но уште помалку е возможен христијанскиот живот без смирение.
Во сите искушенија барај трпение, а не спасение; ако го заслужуваш него, тоа брзо ќе дојде кај тебе.
Несреќи – тоа е тоа време, кога треба да се поддржи ближниот.
Кој престанува да помага  на другите, тој станува оков и за себеси.
Секое искушение има своја смисла и цел и не ни се дава лесно.
Побрзај да ги направиш среќни своите ближни – тоа е пат кон сопствената среќа.
Велот, кој ги сокрива од нашите очи настаните од идните години, е исткаен од милосрдна рака.
Религиозното воспитување – е најбогатиот дар, кој родителите можат да му го остават на своето дете; наследството никогаш нема да го замени тоа со никакво богатство.
Колку се сладки зборовите на Правдата, носени од здивот на љубовта.

Кога на срцето,од загуба, тежина голема,
И надеж повеќе нема,
Се трудиме, ниту еден поглед,
да не види тага, да ја снема.

И се смееме, а се одвнатре плаче.
И во тежина долги разговори,
И тешко да заспиеш, како безгрижно маче,
До утрото сè да се заборави.

Таков дел многумина ги чека,
Во бурното животно море,
И плеќите нивни тага ќе ги свитка,
Ќе ги пристегне тешко од горе.

И ете, сепак, надежта напред тече,
Ќе ги залечи раните времето,
А мајката – природа, ќе ги поддржи децата свои,
И полесно, помало ќе стане бремето.

Во својата загриженост, која е проследена од првиот потрес од несреќата, има нешто, што нè поддржува исто така, како што острата болка често го стимулира и кратковремено го поддржува организмот. Очајанието се појавува потоа, кога болката веќе отапила, кога исчезнала емоционалната напнатост, која што ни помагала да ја трпиме. И денот го сменува ден во страшна еднообразност, и искушението станува ужасно секојдневие. И имено тогаш почнува нешто да ù недостасува на нашата душа, видот и слухот се напрегнуваат во надеж да ја одгатнат тајната на нашето постоење, која може да го претвори простото трпение во задоволство.
Да бидат љубовта, мирот и благословите вечни,
Венец на твојот расцвет.
О, другару мој!
И ако трњата го претекнат твојот расцвет,
Зарем не треба да биде и кај мене исто така?

Ти пишувам, затоа што било каков израз на човечко сочувство донесува мало олеснување, барем им напомнува на таквите, како тебе, дека ние во светот не сме сами. Знам, дека ништо не може да ти ја надомести загубата. Но, ти можеш да најдеш љубов на земјата околу тебе. Таа љубов не умрела. Ти можеш да најдеш љубов и во друг свет. Зошто тие, кои нè напуштиле нас, ако сега се со Бога, не можат да не бидат поблиску кон нас, молејќи се за нас на небото, и ни помагаат, и нè водат по тој пат, кој ни е потребен. Да, не плаши се да веруваш, дека тој, кого си го љубела, е сеуште покрај тебе, и ти си покрај него, и обата блиску до Бога, Кој, распнувајќи се на Крстот, го оддал за вас Својот живот. Тоа е сè што можам да речам. Но да веруваш во тоа – е голема утеха.
Верувај, дека тие, кои што нè напуштиле, се поблиску до нас од кога и да било, и ако, што во тоа нема сомнеж, тие навистина жалат за нашите несреќи и неправилни постапки, нивната жал не е залудна. Нивното сочувство – е ветување за помош во конечното ослободување од маките на оние, на кого тие гледаат со љубов.
Учи се, заради љубовта кон Бога да се разделуваш дури и со твојот близок и драг човек.
Не паѓајте со духот, а спокојно доверувајте се на волјата Божја, и што и да ви се случи, пренесувајте сè во слава на Господ, зашто после зимата доаѓа лето, после ноќта – ден, а после бурата – тишина.
Ако осознаете, што всушност сте самите вие, нема да обраќате внимание на тоа, што велат другите за вас.

Такви чувства кај луѓето се појавуваат,
Во кои кон небото тие повикуваат.
И ги навлажнува нивните очи тогаш,
Слободна од земните чувства солза.
Таа со таква чистота блиска,
И пред ангелските лица остава чиста.

Знаете ли со каква сила,
Владее милиот цвет?

Биле ли родени тие малечки цветови,
Сознавајќи ја и половина од својата убавина?

    Има многу луѓе, во кои од Бог им е заложена жедта за совршенството, кои не се задоволни со себеси, се срамат од себеси, се растргаат со желби, кои не се способни да ги задоволат, со инстинкти, кои не можат да ги осознаат, со сили, кои што не можат да ги применат, со обврски, кои не можат да ги исполнат, со збунетост, која не можат никому да ја искажат, кои би биле среќни на било каква промена, која биги направила поблагородни, почисти, поправедни, пољубезни, почистосрдечни и поразумни, и кога тие размислуваат за смртта, нивната мисла може да се изрази со зборовите на поетот:
Кон живот, а не кон смрт јас заминувам,
Посилно, пополноцено да живеам се обидувам,
И со малку, со празнина, не сакам да поминувам.
    На тие луѓе може да им се повторат зборовите од Господ: „стани чедо“ (Мт. 9, 2). Бог штедро надарува луѓето. Ако има жед по Божественото, таа несомнено ќе биде задоволена. Ако се стремите да станете подобри, така и ќе биде. Само верувајте им на своите најдобри чувства, не се обидувајте да ја угаснете во себе таа жед на светиот, борете се, не гледајќи на грешките, промаршувањата, дури и на гревовите. За секого, За секого, за кого Бог ќе ве праша, дури кога Тој простува, продолжајте ја борбата, не гледајќи на сите разочарувања. Да бидат благословени тие, кои што жеднеат за правда! Нам ни беше речено: „И Духот и невестата велат: дојди! И кој слуша да каже: дојди! И кој жеднее да дојде, и кој сака бесплатно да прими животна вода“.
    „Зашто требаше Тој, заради Кого е сè и преку кого е сè, кој многу синово ги приведе во слава, Началникот на спасението, да ги соврши нивните страдања“ (Евр. 2, 10).
    „Да видат сиромашните и да се развеселат, побарајте го Бога, и жива ќе биде душата ваша“ (Пс. 68,33).
    Биди мажествен – тоа е најважно.
    Добрите зборови секогаш соединуваат.
Оди напред, згрешувај, паѓај и повторно станувај, само продолжувај да одиш.
Прави нешто, заради кое што вреди да се живее и за што вреди да се умре; нека во делата твои се гледаат и умот, и срцето, и душата.
Од постојани ракоплескања и грижи ние не го откриваме ни половината добро, кое што е во нас.
Кон светоста води толку јасен пат!
Носи го со радост својот крст: Господ ти го дал него.
Смислата на животот не е во тоа, да го правиш тоа што ти се допаѓа, а во тоа, со љубов да го правиш, тоа што си должен.
Додека си жив, можеш да го употребиш животот за помош на ближниот. Животот – е прекрасна работа.
Душата, повеќе отворена за другото, духовното, која што подобро Го знае Бога, повеќе се бои да згреши пред Него, повеќе трепери во мислата за Страшниот Суд.
Вистинска добродетел – е без сведоци да постапуваш така, како што обично постапуваат пред очите на светот.
Ние треба да го бараме своето спасение во таа состојба, во која нè сместила Промислата Божја, а не да градиме воздушни замоци, замислувајќи си, колку добродетелни би биле во некоја друга состојба. И уште, ние треба вистински да веруваме во Бога дури и во малото. Повеќето луѓе го поминуваат животот офкајќи и скрушувајќи се заради своите навики, расудувајќи за тоа дека треба да се сменат, составувајќи си правила за животот за иднината, која ја чекаат, но од која, можеби, ќе бидат лишени, и така, губат време, кое што би требало да го трошат на добри дела на патот кон своето спасение. Кон спасението треба да се стремиме секој ден и секој час. Нема време подобро од тоа, кое Господ по својата милост ни го дава сега, а што ќе ни донесе утрешниот ден, не знаеме. Спасението се достигнува не само со наше мечтаење, а со усрден труд. Постојаната трезвеност Му е угодна на Бога.
Дури ситниците стануваат големи, кога се за Божјата волја. Тие се мали, самите по себе, но веднаш стануваат големи, кога се исполнуваат заради Него, кога водат кон Него и помагаат за вечно да се соединиме со Него. Спомнете што рекол Тој: „Верниот и во малку, и во многу е верен, а неправедниот во малку, и во многу е неправеден“ (Лк. 16, 10).


Душата, која што искрено се стреми кон Бога, никогаш не гледа, големо ли е тоа дело или мало; доволно е да се знае, дека Тој, за Кого се прави тоа, е безгранично Велик, дека сите Негови созданија треба да Му бидат потполно предани, а да се достигне тоа може, само со исполнување на Неговата волја...
Да се страда, но да не се губи храброста – ете во што е величината... Каде и да не води Бог, секаде ќе Го најдеме, и во највознемирувачката работа, и во најспокојното размислување...
Тоа што нè угнетува и ја ранува нашата гордост, повеќе ни принесува полза, отколку тоа што не загрижува и вдахновува.

 

 

Подготви: Златко Дивјаковски

 

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

Друго:

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная