А потоа?
мај20 by Маран Ата
Еднаш, некој благороден млад човек кој штотуку го завршил своето образование и стапил на самостоен животен пат, дошол кај некој свет старец. Тој мечтаел за неговите идни заслуги и награди, за слава, почести, богатство и власт, и се’ му изгледало убаво во таа неизвесна, но светла и среќна иднина. Му се чинело дека е толку среќен што поседувал вишок сила и бил подготвен да ја преземе врз себе и исполни и најтешката задача. Сиот радосен брза тој кон својот почитуван духовен отец за со него да ја сподели својата радост.
А што направил старецот?
Како одговор на изјавите на младиот човек за неговото успешно завршување на студиите, светиот старец одговорил со едно прашање:
- А потоа?
- Потоа ќе станам научник, ќе го прославам своето име, ќе станам познат и ќе стекнат угледна позиција во општеството, – одговорил младиот човек воодушевено.
- А потоа? – прашал старецот.
- Потоа ќе се оженам за добра девојка и ќе станам среќен татко на семејство.
- А потоа? – прашал старецот.
- Потоа, – одговорил лекомислено младиот човек, – ќе живеам опкружен со богатство и почести. Но, старецот повторно го прашал:
- А потоа?
- Потоа … потоа … рекол младиот човекот, сега веќе мумлајќи, потоа јас ќе остарам и … умирам.
- А потоа? – уште еднаш го прашал старецот.
Но, тогаш младиот човек ја сфатил мислата на благодатниот старец и молчел се’ додека не му се појавиле солзи во очите.
Не треба ли оваа кратка приказна секој од нас да нè наведе на сериозни размислувања за краткотрајноста на нашиот живот и на блиското доаѓање на смртта телесна и на судот после смрта? Блазе на оној кој често се сеќава на својата смрт, тој нема лесно да падне во грев, и ако падне, брзо ќе се покае, зашто е опашан со стравот Божји и молитвата.
Извор: А после тога?
Извор: Маран Ата
11-ти март, лето Господово 2013