логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ЗАМИНУВАЊЕ ВО МАНАСТИР – ЛЕСЕН ИЛИ ТЕЖОК ПАТ?


Протојереј Александар Авдјуги

 



 

Писмо на една девојка упатено до отец Сергеј (Рибко), Оптинска пустина.
***
Здраво!
Ако имате малку слободно време, помогнете ми, ве молам. Се викам Н. Имам 16 години. Живеам во Петербург. Не ве познавам, но мислам дека можете да ми дадете совет.
Се работи за тоа што – како што обично се случува со луѓе на моја возраст – се обидувам да најдам љубов. Но, имам големи проблеми со родителите. Тие прават се што е потребно за мене (и за мојот брат и сестра): еве, на пр., ме запишаа во приватно училиште. Но, тие не можат да се поднесат еден со друг. Постојано се расправаат, а татко ми ги тепа мајка ми и сестра ми. Татко ми многу нешта не ни дозволува. Но, сепак, ние живееме од неговите пари. Тој нè сака по негово, но неверојатно е тешко да се поднесува таа љубов. Од тие причини, јас практично со никого не контактирам, и имам малку другари.
Ми се роди идеја дека, ако станам монахиња, ќе избегам од сето тоа зло. Освен тоа, не сакам да и завидувам на онаа жена, којашто ќе се омажи за човек што некогаш сум го сакала. А тоа, кога-тогаш, ќе се случи. Но, потоа си помислив: да не биде заминувањето во манастир тешко за мене?  
Ако можете да ми кажете нешто во врска со тоа, ве молам да ми одговорите. Н.
***
Одговор на о. Сергиј
Здраво, Н.!
Во ваште 16 години е рано да се донесуваат животно важни одлуки. Една од таквите одлуки е и желбата да се замине во манастир, зашто таму се заминува еднаш и засекогаш. Се разбира, во почетокот има период на запознавање со манастирскиот живот, со манастирот и со сестринството, но и со самото монаштво, како послушница. Од вашето писмо се гледа дека за монаштвото речиси ништо не знаете. Затоа и вашата желба навистина наликува на избор на „полесниот пат“. Но, нема  лесен пат во монаштвото. Господ на сите оние што ќе одлучат да Го следат им ветил тесен и трнлив пат, по кој малкумина се решаваат да зачекорат.
Монаштвото е пат кој е уште потежок од христијанскиот пат во светот, затоа понекогаш и се нарекува „мачеништво без крв“.

Вашите претстави за манастирите, најверојатно, се формирале преку читањето уметничка литература и гледањето филмови. Но, православното монаштво е скриено, и не брза да ги открие своите тајни при првата средба. Затоа во уметничката литература, со ретки исклучоци, отсуствуваат веродостојни ликови на православни монаси. Вие, најверојатно, и не сте читале посериозни книги за монаштвото. А и доколку сте читале, тешко дека сте се сретнале со некој кој би можел правилно да ви го објасни тоа што е напишано во тие книги. Доколку знаете што е современ женски манастир, не оној од вашите фантазии, туку реален, вие тешко дека би посакале да одлучите да ги решите вашите животни проблеми со заминување во манастир.

Во филмовите и во романите во манастир заминуваат главно луѓе коишто се несреќни во љубовта или во други животни прилики. Тоа е заблуда. На лажно прославениот разум му е својствено сите нешта да ги мери со свои мерки, затоа тој и не претпоставува дека можат да постојат и други причини, нему непознати. Какви и да се животните проблеми, манастирскиот живот е многу потежок, бара поголеми одрекувања, а главното нешто е - самопожртвувањето и самодавањето. Тоа е таков живот што во човекот просто не преостануваат ниту време, ниту сили. Затоа не треба да се замине во манастир пред да се разбере зошто е потребен монашки живот, и пред да се засака тој живот, без оглед на сите негови видливи тешкотии. Како што, впрочем, е невозможно да се појде во манастир а да не се засака Бог, на Кого монахот Му се принесува себеси како жртва. Жртвата се состои во тоа што, минувајќи го прагот на светата обител, монахот веќе не си припаѓа себеси, туку само на Бога. Сиот негов живот од тој миг претставува постојано исполнување на Божјите заповеди, односно на Божјата волја.

Ако сиот наш живот претставува борба – а тоа, имено, е така – животот на христијанинот е борба против демоните на поднебесјето (Ефесјаните 6:12), со темните демонски сили. Монасите во таа војна се – „специјалци“, односно тие се оние воини коишто ги добиваат најтешките, најопасните, најодговорните „задачи“; тие воини мора да се добро подготвени за исполнување на таквите задачи, да знаат и да умеат многу нешта коишто обичните војници не се должни да ги знаат.
А сега, неколку збора за работниот ден во современиот женски манастир. 

Подготвени ли сте секојдневно, без слободно време, да работите 10 – 14 часови во штала, во градина, на градилиште, во кујна, во перална, во пекара, итн.? Треба да се извршува тешка и нечиста работа, на која не би се нафатиле дури ни мажи. Дали ја сакате таа работа или не, нема да ве прашаат! Денот во манастирот започнува од 5 часот наутро, завршува во најдобар случај во 23 часот, а понекогаш и по полноќ. Преку ден мошне ретко се укажува прилика за одмор. 

Неколку часа дневно жителите на манастирот се занимаваат со молитва и со богослужби. А тоа, верувајте ми (зашто живеев многу години во манастир), воопшто не е лесно. За оние коишто не навикнале и не го засакале, овој сегмент од манастирскиот живот е несовладлив. Општо земено, монахињата мора постојано да се моли во умот. Тоа, покрај богослужбата, трае и по осум часови дневно. Но секој ден на богослужба можат да одат само монахињи коишто го примиле монашкиот потстриг. Потстригот не се извршува веднаш по доаѓањето во манастир – пред да се облече мантија може да поминат и неколку години послушнички стаж. Послушниците обично одат на празнични служби, и тоа не на сите; тие повеќето време го минуваат во работа. Така се проверува колку сериозна е нивната одлука, и се воспитува квалитетот потребен за понатамошeн монашки живот.
Исхраната во манастирот е скудна. Месо воопшто не се јаде. Постите се спроведуваат строго, целосно. Освен редовните пости во среда и петок, во манастирите сe пости и во понеделник. Повеќето женски манастири, особено поновите, се сиромашни, така што дури и во дозволени денови не можат да си дозволат млечни производи, јајца или риба. Храната ја јадат само во трпезарија, и немаат свои лични прехрамбени производи. Воопшто, монахот нема никаква лична сопственост, освен најнужното.  

Сестрите излегуваат надвор од манастирот само во случај на потреба. Понекогаш можат да се сретнат со роднини. Отсуство можат да добија еднаш во неколку години – за посета на родители, но најчесто за посета на свети места. Во манастирот не се читаат весници, списанија, не се гледа телевизија, не се слуша радио, во ретки случаи – може да се слушаат духовни песнопеења. 
Ако мислите дека монахињите се ангели, грешите. Тие, исто така, се луѓе со свои недостатоци и слабости. Човек доаѓа во манастир за да ја лекува својата душа. За тоа е потребно време. Ако некои и достигнат светост, тоа обично се случува во нивната старост. Таму каде што се собираат многу луѓе, особено во женските колективи, задолжително доаѓа до расправии во заемните односи – луѓето си се луѓе. Неопходно е многу мудрост, љубов, снисходење, а главно –трпение, за да се зачува мирот.
Подготвени ли сте вие, Н., на таков живот? Нема ли да ви стане животот потежок одошто е сега? Нормално е, после сето ова, да си го поставите прашањето зошто воопшто да одите во манастир. Ќе се обидам да ви одговорам.

Во манастир не заминува секој, туку оние што се избрани. Човек не може да прими ништо, ако не му е дадено одозгора, од небото (Јован 3:27). Мошне ретки се оние луѓе, меѓу нив и големите верници, коишто се повикани и коишто се способни да живеат во манастир. Гоелмиот учител на монаштвото од 7-ми век, преп. Јован Лествичник, вели: „Кога би знаеле какви грижи ги очекуваат монасите, никој никогаш не би дошол во манастир“ – мене, како монах, мошне добро ми е познато што значат овие зборови. Но, истиот светител вели понатаму: „Кога би знаеле каква радост ги очекува монасите во Царството Небесно, сите, без размислување, би заминале во манастир“. Би додал: Не само во Царството Небесно, туку и тука, во земниот живот, оној кој води вистински монашки живот, со тек на време доживува неискажлива благодатна радост. Во почетокот поретко, а потоа сè почесто и посилно. Радост на монахот е – Господ, Кој го посетува неговото срце. 

Да го разбере монашкиот живот – и да посака да живее таков живот - може само оној кој, имајќи длабока вера, со години водел црковен живот: редовно посетувал богослужби, многу и често се молел дома, строго се придржувал до постите, често се причестувал, читал духовни книги – но најважно од сè, своите односи спрема оние што се околу него ги градел според Божјите заповеди искажани во Евангелието. Не е доволно да се посетува храмот, да се запазуваат православните обичаи. Не е доволно да се има вера којашто е само културно-историска традиција. Таа мора да биде жива, да го исполни сиот човечки живот без исклучок. Да ги исполнува умот, срцето и душата.  

Монашкиот живот е „испоснички“ живот, затоа хртистијанинот треба да се научи на монашки пост. Човекот треба да јаде претежно проста и ефтина храна, треба сосема да го изостави месото од исхраната (а младите и – виното), да пости и во понеделник, да се навикнува на воздржување, односно неземање храна. Не помалку важен е и духовниот пост – воздржување од световните задоволства. Оној што сака да стане монах, се откажува од посети на световни манифестации и места: барови, дискотеки, ресторани, концерти, театри, фестивали и сл. Одењето на гости треба да биде обмислено; најдобро е дружењето со благочестиви луѓе. „Со преподобниот ќе станеш преподобен, со нечестивиот ќе станеш – развратен“

Животот на монахот е – постојана молитва на Бога. Тешко дека таков живот може да води оној кој уште во светот не се потрудил да ја стекне молитвената навика. Молитвата не е лесна активност. Во манастир може да живее само оној кој најмногу од сè на светот ја засакал молитвата и сето она што е поврзано со неа: храмот, богослужбите, духовното читање, богомислието. Уште во светот е нужно човек да си постави молитвено правило. Тоа се исполнува наутро и навечер, во траење до еден час; повеќе од тоа не е потребно. Преку денот, доколку се укаже можност, треба да се молиме дополнително, според желба.

Суштинската страна на молитвеното правило е искажана во апостолската заповед: молете се постојано (1 Солунјаните 5:17). Најдобро е постојано да се кажува Исусовата молитва: „Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (грешната)“. Таа може да се кажува во сите прилики, од утро до навечер, стоејќи, лежејќи, одејќи, патувајќи, јадејќи, при сите работи – постојано и со внимание да се повторува за себе во умот, гласно или со шепот. За исполнување на Исусовата молитва помага бројаницата.  

Оној што ја засакал молитвата, задолжително ќе го засака и храмот Божји. Божјиот дом за него ќе стане роден дом. Таквиот човек ќе користи секоја прилика да присуствува на богослужба, а ако нема богослужба – да се поклони пред иконите. Таквиот човек особено ќе ја засака Божествената литургија, зашто во текот на Литургијата се извршува Таинството на Евхаристијата (Причест). Лебот и виното, под дејство на Божјата благодат, стануваат вистинско Тело и Крв Христови, и христијанинот што се причестува со нив, во своето срце го прима Самиот Син Божји. Оваа тајна е огромна. Кој вкусил колку е благ Господ, ќе се погрижи да се причестува почесто, не обѕирајќи се на трудот за подготовката – постот и молитвата.

Сето ова треба да се прави постепено, не на своја рака, туку по благословение и под духовно раководство на искусен монах, задолжително со свештенички чин. Еден од монашките завети е заветот на послушанието. Монахот е обврзан да го слуша монашкото началство и духовниот отец. Монахот ништо не прави без благослов. Односто меѓу духовникот и монасите е приближно ист како и односот меѓу родителите и децата, со единствена разлика што во светот децата понекогаш можат да се спротистават и да не ги послушаат родителите, додека во духовниот живот такво нешто не е замисливо.

Макар што надворешно изгледа лесно и просто, потребен е голем труд човек да се научи на послушание. Оваа христијанска добродетел претставува една од основните добродетели, којашто има особено значење во монаштвото. На пост, на послушание и на други монашки добродетели човек што сака да замине во манастир треба да се навикнува со време, уште додека е во светот. За таа цел, треба да побара духовен раководител. Кога ќе најде духовен отец, со него треба да се советува за сите нешта, да го слуша за сè, да му открива сè што се однесува на внатрешниот и на надворешниот живот, но пред сè на односите со другите луѓе. Духовен отец треба да се побара порано, зашто може да се случи во манастирот да не се најде соодветен духовник во кого би имале целосна духовна доверба во поглед на духовните прашања. Св. Теофан Затворник уште во 19 век напишал дека е најдобро духовникот да се најде пред заминувањето во манастир. Но, за да се разбере правилно сето ова, треба да се читаат светите отци на аскетски теми. 

Н., јас накратко одговорив на вашето прашање што е потребно за да се замине во манастир. А за да се стане вистинска монахиња потребни се уште многу нешта. Но, за тоа не е сега време да ви говорам. За тоа се напишани томови книги. Кога ќе го прочитате ова писмо, ќе разберете дека вашата желба да заминете во манастир е предвремена, и во голема мера е резултат на незнаење. Најверојатно се работи за порив на душата кој веќе минал. Ако не сте се разочарале, вие сте силна личност. 

Дајте да погледнеме што реално може да се направи во вашиот случај. Како прво, не треба да се донесуваат брзи решенија, коишто по правило се покажуваат лекомислени. Цената за животните грешки се – грижите. Нив и така ги има многу, и затоа не треба да се зголемуваат. Правилните решенија, како и лековитите плодови, созреваат долго. Тие зависат од многу нешта, особено од промената на ситуациите кои човек треба да се научи трпеливо да ги поднесува. Трпеливиот човек е мудар. Во трпението човек се учи на проштевање, особено на проштевање на оние луѓе коишто го сакаат, па макар во таа љубов да пројавиле и некаква неразумност.

Би било добро, Н., да почнете да се молите дома и да одите во црква. Треба да се трудите да одите во црква секоја недела, како и на секој поголем празник, и да останете во текот на целата служба. Таму не само што можете да се помолите, туку можете да се посоветувате со некој свештеник. Меѓу вашите врсници можете да најдете добри пријатели, а можно е и да најдете човек со кој ќе го споделите животниот пат. Зашто, во црква се собираат луѓе, а меѓу нив и млади, за кои главното нешто во животот е да се возљуби ближниот како самиот себеси. Колку ли се разликува ова од модниот современ морал: „возљуби се самиот себеси и по секоја цена погрижи се да те сакаат другите!“
Простете за многусловие. Можеби нема да се согласите во сè, но се надевам дека макар нешто ќе ви биде од полза.
Со љубов во Христа, јеромонах Сергиј.


подготви: д-р Драган Михајловиќ


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная