логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


(Нов Валаам)

valaam.jpgЕднаш, во месец август, седевме со схи-игуманот Јован во градината на Нов Валаам и разговаравме. Денот беше топол сончев, но веќе се чувствуваше близината на есента. Проѕирен воздух, реска ладовина, тивко утро се златееше на сонцето.

- Кажете ми, отец Јован, за застранувањата во молитвата Исусова и дали ги има?

- Како да ги нема. Бесот (демонот) секаде напаѓа. Ако на мирјанинот, заради искушение му е доделен еден бес, на монахот му се доделени два, а на оној кој се занимава со Исусовата молитва – сите три. Сте читале во Зборникот за молитвата Исусова и Беседите за молитвата Исусова кои ги издаде покојниот игуман Харитон?

- Читав.

- А таму за тоа се зборува прилично многу. А суштината е  при занимавањето со молитвата Исусова дека треба да се има длабоко смирение и во никој случај да не се има високо мислење за самите себе. А некои го имаат. Зошто ние ја кажуваме Исусовата молитва? Да, постојано се сеќаваме на Господа и каејќи се за гревовите се доаѓа до духовно успокојување, внатрешно безмолвие и љубов кон ближниот и вистината. Дури тогаш кога ќе го достигнеме тоа ние ќе живееме во Бога, Кој е љубов. Но, има луѓе кои гледаат на таа молитва како на некоја магија, која ќе им ја прибави моќта да читаат мисли, прозорливост, дар на чудотворство и исцеление, итн. Таков пристап кон молитвата е крајно погрешен. Оние кои така постапуваат се опрелестени од бесови, кои, додуше, им даваат од себе некоја власт, но само затоа сосема да ги погубат, занавек. Ете, јас бев игуман на Печенга. Тоа е многу далеку, на бреговите на Ледениот Океан. Преку лето сонцето не заоѓа три месеци, а преку зима три месеци трае ноќта. Голема е самотијата таму. Бурен океан и бесчовечка, мрачна тундра секаде наоколу. Во такви услови се случува некои монаси, молејќи се неконтролирано,  да се повредат себеси и почнуваат да слушаат невидливи гласови и да имаат виденија... На еден таков монах во ќелијата почнаа да му се јавуваат гласови како од Ангели, кои му сугерираа дека се искачил на чудесна висина и дека може да чини чуда, па дури, како Спасителот, дури и по вода да оди. Тие гласови го убедија несреќникот да се огледа себеси на мразот и да премине преку тенок лед, како веќе да ја достигнал моќта на бестежинското лебдење. Па, тој така и тргнал и пропаднал низ ледот во водата, па иако почнал да вика и потоа бил спасен, од студената вода се разболел и наскоро потоа починал, каејќи се.

Тоа се екстремни случаи, а другите бесот на друг начин ги угнетува. Молејќи се и гледајќи кај себе некаков духовен напредок, тие почнуваат со него да се гордеат и сите останати да ги сметаат за пониски од себеси и недостојни, додека на себе гледаат како на избран сад Божји. Таквите молитвеници обично се осудуваат, лесно се раздразнуваат ако некој ги укори и секогаш се во некоја збрка. Иако кај апостол Павле се вели дека оној кој повика кон Господ Исус Христос за спасение и кој Го исповеда како Син Божји – ќе биде спасен, сепак нас Самиот Спасител не поучува дека „нема секој кој ќе Му каже – ’Господи, Господи’ да биде услишен“, туку „само оној кој ја исполнува волјата на Небескиот Отец“. А тие луѓе, иако Го повикуваат Бога, со срце стојат далеку од Господ. Неопходно е, значи, на молитвата да и се придружи и исполнувањето на Божјите заповеди, оти верата без дела е мртва и со дела верата достигнува совршенство.
- А како да знаеме, отец схи-игуман, кому да му се обратиме за совет?

- Барај за себе Старец добар, смирен, кој пребива во мирот на совеста и во внатрешно безмолвие, то ест никого не осудува. А од оние кои се осудуваат и со се се незадоволни, па уште и среброљубиви, од таквите бегај, оти покрај нив уште и самиот ќе се развратиш. А помни уште и дека со Старецот можеш да живееш до одреден час, извесно време, а штом ќе се научиш на извршувањето на молитвата и чувањето од помисли, што ќе ти е Старецот? Не може цело време да се биде детенце, туку со години човек за се треба сам да одговара. И ти сам можеш да станеш Старец, кога ќе дојде време.

- То ест, како тоа?

- Па, многу просто. Старецот е човек богат со духовен опит (искуство) и мудрост, и со голема љубов кон луѓето. Старци биле и прости монаси, како и незаборавниот Зосим Верховски, кого Достоевски го пресликал во својот старец Зосима (а никако не го зел епископ Тихон или отец Амвросиј Оптински, како што велат некои). Кога ќе го прочиташ житието на старец Зосима, ќе видиш.

Такви беа старецот Василиск Турински, Јован Молдавски, схи-јероѓакон Мелхиседек, прочуениот Старец кој доживеал 125 години. Старец Данило Агински, големиот подвижник и учител, во Сибир, а ете, и Кузма Бирскиј, беа обични мирјани и свештеници, а кај нив за совет доаѓале не само мирјани и свештеници, туку и монаси и епископи, и тоа оние премудри. А зар Старец не е и автор на Кажувањата на еден боготражител?

Во преписката на отец Амвросиј Оптински најдов дека боготражителот потекнувал од орловските селани, а бидејќи ракописот бил пронајден на Атос, во манастирот на Свети Пантелејмон, веројатно таму постои и оригиналот на тој ракопис. Веројатно боготражителот, враќајќи се од Светата Земја назад во Русија, го посетил Атос, како што тоа го правеле многу поклоници, па за своите поклонички патувања му раскажувал на јеросхимонахот Јероним Саломјенцев, а тој наредил тоа да се запише или богомолецот – странствувател, се самиот запишал, па унинието можеби и останало на Атос.

- И таквото странствување е подвиг, отец Јован?
- И тоа уште каков! Само јуродивството е повисоко од него, оти е потешко. Но јуродивството не е допуштено, освен на многу ретките, и тоа по благослов на големите Старци. Ние ни малку не можеме да носиме, па како да се впуштаме во големото. Ете, за старецот Леонид Оптински се раскажува оваа приказна.

Еден монах му досадувал со молбите да го благослови да носи вериги, а Старецот му одговорил: „За што ти се веригите? Самото монаштво веќе претставува тешки вериги, ако се се прави како што треба“. Но, монахот и понатаму молел. На крај, Старецот му дал благослов, а потоа го повикал монахот-ковач и му кажал: „Утре ќе ти дојде монах да те замоли да му направиш вериги, а ти на тоа кажи му: „За што ти се вериги?“ И уште удри го како што треба!“. Идниот ден, пак, дотрчал кај Старецот оној ист монах, сиот разгневен, и му раскажал како тој го замолил ковачот да му направи вериги а овој дека наместо тоа го удрил. „Но ете“, одговорил Старецот, „ти една шлаканица не истрпи, а дотрча овдека да се жалиш! Од каде ти е да носиш вериги! Ете, не треба да се залетуваш над своите сили!“

- Мене отец Михаил ми говореше: сеј, брате, добар збор насекаде – и во трње, и крај патот, и на камен, може да се случи да израсне и да донесе плод, може и стострук. Што мислите вие, отец игуман?

- Но кога веќе така кажал отец Михаил, треба да го послушаш. Сеј добар збор насекаде, па, ете, и ти ќе странствуваш како оној поклоник – странствувател. Тоа, брате, не е мал подвиг.
- А можам ли јас тоа да го издржам, баќушка?
- Со вера ќе возмогнеш, оти е кажано: „Се можам во Исуса Христа Кој ми дава моќ!“. Ете, зафати се за молитвата Исусова и таа ќе те изведе (од сите искушенија).

Подготвиле: Б.М./Б.Ѓ.

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная