77.
9 август 1953 г.
Писмо до истата Христос помеѓу нас!
Јас во потполност сочувствувам со тебе во твојот душевен немир, тебе сега те вознемируваат и гревови од младоста. Гаволот, непријателот на човечкиот род, ти влеал страв од тоа да ми го откриеш своето болно срце кога беше во манастирот.
Така станува секогаш: кога човекот прави грев, мисли — ќе добие утеха, но по правењето на гревот, напротив доаѓаат голема жал и мака на духот и несреќната душа се прпелка како риба исфрлена на брегот. Тоа е тешка состојба и го доведува човекот скоро до очај. Во такви тешки мигови би било убаво да се посоветува со искусен човек, кој, секако, без сомнение, би можел да помогне.
Нема таков грев што би го надвишил Божјото милосрдие и гревовивте од целиот свет се како рака песок фрлена во море. А ти пишуваш: „Дали
Господ ќе ти опрости?" Си станала свесна за своите гревови и си се покајала, Господ ти опростил и нема да ги спомене твоите гревови. Во тоа биди уверена (пр. Езекил). Во минатиот тежок период, твојата несреќна душа се намачи, плаќајќи данок за гревот, но сега биди спокојна и благодари Му на Бога за Неговото свето милосрдие.
Исусовата молитва и сеќавањето на Бога Бог подеднакво ги прима. При твојот начин на живот чудесно е да се има сеќавање на Бога. Умната молитва треба да се учи под раководство на опитен човек, кој таа работа ја знае од искуство.
Господ нека те варди! Молам за твоите свети молитви!
Извор:
Издавачка установа „Канео“ при Дебарско- кичевската епархија ,Охрид 2001
Главен и одговорен уредник
Митрополит Тимотеј
Друго:
Писма на валаамскиот старец (1)
Писма на валаамскиот старец (2)
Писма на валаамскиот старец (3)
Писма на валаамскиот старец (4)