Старец Мојсеј Оптински
На Вашето барање да дознаете од мене „дали сте Вие овца и дали сте од моето стадо“, со ова писмо со чисто срце Ви одговарам: ако сакате да знаете – дали сте овца, во тој случај треба да замислите вистинска овца, во нејзиниот реален облик и особини, и со неа да се споредите себеси.
Вистинската овца нема рогови, нема глас против оној кој ја пасе, не подбуцнува, не се турка, и не гризе. Не се озлобува на пастирот, дури ни кога ја казнува, не се кара и никако никого не злослови. Пастирот, пак, во секој случај го слуша, пред него спокојно и со надеж оди, и неговите краеви не ги напушта; туѓиот глас не го слуша и кај туѓите не оди. Гласот на пастирот, пак, така го слуша, и така следи по него, што нема никакви предрасуди и предубедувања, и макар и да ја понел на место без треба, макар и да ја одвел во мочварни предели, таа нема да ропта, да злослови и да се жали на него. Ете, тоа се особините на вистинската овца, колку јас можев да ја претставам и замислам.
Погледнете, сега, на себе: дали Вие сте овца? Ако Вие навистина се сметате себеси за овца, незлобива и безгласна, на мене само ми останува да Ви кажам на кое стадо му припаѓате, оти овца без стадо и пастир – храна му е на волкот. Јас, пак, тоа не можам сосема точно да го одредам. Самата овца знае на чие стадо му припаѓа и кој и е пастир. Се знае дека овцата надвод од своето трло во туѓо не оди, од што следи дека таа самата знае на кое стадо му припаѓа, кој и е пастир и кое и е трлото: “го позна волот оној кој го впрегна и магарето јаслите на господарот свој. Израел пак Мене не Ме позна. Слушај го небото и кажи и на земјата.“
Што се однесува до мене, бидете спокојни: јас на Вас не се гневам за ништо; туку со искрено расположение, со љубов и добронамерност и останувам засекогаш на располагање на Вашата душа.
(Од писмото на старец Мојсеј Оптински на една духовна ќерка)
Подготви:Б.Ѓ.
Посети: {moshits}