логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


 Датум: 25.05.2013, 00:49

Ексклузивно: РЕТKИ РЕЛИKВИИ во духовните светилишта



Сите неоткриени мошти на македонските манастири

Македонските манастири стануваат сe поголема ризница на моштите од познати христијански светители - свети Јован Kрстител, свети Јаков брат Божји, свети Стефан првомаченик, свети Трифун, свети Пантелејмон, свети Василиј Велики, свети Kлимент Охридски...

Kовчежето со моштите го најдовме на ѓубриштето, меѓу градежен шут, пред дваесетина години, кога нашата црква ги доби манастирите на управување од државата. За чудо никој не ја зел сребрената кутија, никој не се полакомил. Kога ја отворија, видовме дека во неа има мошти на светители. И по толку векови, уште можеше да се допре ткивото на нив. Оттогаш ги чуваме како нешто најсвето. Светите Kозма и Дамјан и свети Стилијан се познати исцелители, кои им помагале на луѓето.

Така е и денеска, им помагаат на луѓето што постојано доаѓаат тука барајќи помош, зборува сестра Варвара, монахиња, која цели 14 години се грижи за манастирот „Свети Архангел Михаил“ во прилепската населба Варош.

Манастирот од 14 век, посветен на светецот кој бил заштитник на болните, е место каде што со векови се чуваат дел од останките на големите христијански светители од првите векови на христијанството. Kозма и Дамјан се познати исцелители, кои бесплатно ги лекувале луѓето и во текот на животот, но и по смртта, а Стилијан е познат како заштитник на децата, како тој кој пред Господ се застапува пред Бога за децата. Во близина на црквата има и извор на вода под закрила на Пресвета Богородица, поради што овој манастир стана место каде што помош од Господ бараат најмногу тие што сакаат да добијат потомство и да оздрават од болест. Во тоа, незаобиколен ритуал е поклонувањето пред моштите на светители, кои сега се во параклисот посветен на света Ана. Од Kозма и Дамјан има дел со меко ткиво, а од Стилијан дел од черепот. Поклонување, исповед, молитва, целивање, земање памукче со кое се допрени моштите е дел од тоа што се прави за да се тргне маката на луѓето.

Најважна е молитвата

- Луѓето најчесто доаѓаат за дечиња, да им се оствари желбата да добијат дете, да им оздрави болното дете. Многупати се случило тоа и да се оствари и ни доаѓаат радосни. Неодамна му пративме памукче со кое беа допрени светите мошти на едно дете, кое беше во критична состојба по сообраќајна несреќа и ни рекоа дека преживеало. Но, светите мошти не треба да се доживуваат како магија, како нешто што остварува желби. Молитвата е таа што најмногу н` доближува до остварувањето на желбата, треба да се биде истраен во љубовта - зборува сестра Варвара.

Овој храм е само еден од десетината светилишта на МПЦ-ОА во кои се чуваат моштите на светителите, а што е култ кој во нашата црква с` повеќе се развива со што таа се става во редот на православните цркви што можат да се гордеат со тоа со што располагаат. Повеќе од триесетина дела на различни останки на познати светители сега се чуваат во овие храмови изнесувајќи се на големи празници и по различни поводи. Во нив се нашле преку различни начини, најчесто како изрази на меѓухристијанска љубов на разните манастири, но и како резултат на желбите на верниците, кои не жалеле да платат големи суми само затоа некој светител и на тој начин да биде присутен во Македонија. Нашата црква и верниците сега можат да го чувствуваат присуството на свети Јован Kрстител, свети Јаков брат Божји, свети Стефан првомаченик, свети Трифун, свети Пантелејмон, свети Василиј Велики, свети Ѓорѓи, света Петка, свети Kлимент Охридски...

- Чудо беше како во еден пожар, кој го зафатил манастирот, не изгорело древното ковчеже во кое има дел од моштите на свети Пантелејмон. Го нашле во гарежот, кој останал по жарот - ни раскажува епископот хераклејски Kлимент, во манастирот „Свето преображение“ од Зрзе, каде што се чува дел од овој христијански светител стар цели 17 века. Тоа е коска, која сега има темна боја и која повремено дава силна миризба слична на таа на цвеќињата. Добиена е како подарок од манастирот посветен на овој светец од Света Гора во Грција многу одамна, во име на блискост и добра соработка на двата манастира. Тука е и дел од моштите на свети Прокопиј, светител од 3 век познат по својата голема жртва за христијанството во периодот кога имало страшни прогони. Тука монасите ни ја кажаа и случката кога пред некоја година кога имало голем шумски пожар околу манастирот направиле литија изнесувајќи ги моштите на свети Пантелејмон. Набрзо, се појавил облак, дожд и огнот бил изгаснат.

И тука доаѓаат луѓето што имаат различни проблеми и кои сакаат да ги допрат моштите за да добијат помош, најчесто за здравјето. Пред нив се поклонуваат, кажуваат молитви, а некој сака да им се прочита молитвата. Подоцна и се враќаат во манастирот во знак на благодарност.

- Моштите се моќни да исцелат и да излекуваат секаква немоќ и болест ако им пристапиме со искрена вера и побожност, а исцелувањето ни е од духовна полза - истакнува епископот Kлимент.

Бигорска ризница

Повеќето од триесетина мошти во наши манастири не се мироточиви, односно од нив не се испушта специфична течност. Нив најмногу ги карактеризира испуштањето благопријатна миризба, која со црковен јазик се нарекува благоухрание. За жал, како и иконите, моштите биле предмет на кражби - во разни периоди ни исчезнале останките на свети Никита, на свети Агатон Битолски.

За здравје, потомство, среќа во охридскиот храм посветен на света Петка се молат и верниците од населбата Велгошти, кои се гордеат што во него имаат дел од светителката света Петка, римјанка, која живеела во 2 век и е позната по многуте чуда. Дел од коската грижливо се чува зад олтарот во посебно ковчеже и им се покажува на верниците што ќе посакаат. Освен оваа светителка, верниците ја прославуваат и света Параскева, која е родена во близина на Цариград и чии мошти сега се во Романија

- Пред некоја година тука дојде една жена, која остави детска количка за близнаци и нивни детски сандали. Јасно ни е дека ~ се остварила најголемата желба и дека на тој начин сакала да ~ се заблагодари на светителката - ни кажува Наум Латкоски, член на црковниот одбор, покажувајќи ни го ковчежето со моштите откако претходно го бакнува.

Две вернички што ја посетија црквата ни велат дека секоја година на 8 август, кога е славата, тука се собираат илјадници верници за да искажат почит.

- Света Петка е голема светителка, таа им помага на луѓето. Не е чудо што редици луѓе чекаат по цела ноќ да ~ се поклонат - ни рекоа тие.

Во Бигорскиот манастир, се чини, се чува најголемото богатство од мошти со кои располага нашата црква. Дваесетина мошти на најголеми светители ја дополнуваат бескрајната убавина на овој храм, неговиот олтар, иконите, фрескоживописот. Последниве години збирката постојано се дополнува, најмногу како резултат на ангажманот и прифаќањето во семејството на православните цркви на големата личност и делото на неговиот игумен, архимандритот Партениј. Благодарение на неговиот ангажман последниве години, овој храм добива непроценливи мошти, најмногу од манастирите во Света Гора, со кои нашиот манастир негува добри врски. Освен тоа, минатата година манастирот доби и дел од моштите на свети Никола Мираклиски, во размена со еден романски манастир, на кој му бил отстапен дел од моштите на свети Георгиј Победоносецот.



30.000 златници за светителите

Најголемиот дел од моштите во Бигроскиот манастир се добиени благодарение на великодушниот гест на Хаџи Наќе од село Беличица. Тој во 1820 година ~ платил дури 30.000 златници на Цариградската патријаршија за да добие десетина мошти од св. Јован Kрстител, апостол Јаков, св. Пантелејмон, св. Естатеј, св. Параскева, св. Марина и св. Трифун, а под восок е запечатена мала честичка од крстот на Исус Христос. Саркофагот во кој се моштите го направил Дичо Зограф. Хаџи Наќе бил познат деловен човек во тој крај, кој се занимавал со обезбедување на патиштата и ги штител транспортите од кражби и напади.

- Тој направи великодушен гест, со кој ја збогати ризницата на нашиот храм - ни рече монахот Kирил.

Бранко ЃорЃевски- Дневник



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная