логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Бог проектира, но и човекот ја има таа способност, како слика Божја. Ако дојде до средба на овие две проекции, се случува феноменот на среќата.Затоа, сé што имаш дај му го на Другиот и не се плаши дека ќе останеш без ништо. Надминувањето на овој страв значи искачување едно скалило погоре, каде што се случува она „што на човека на ум не би му паднало...“
 

Само сегашноста е Стварност. Сé друго е на граница да не постои и меѓите на ова околчување ги одредува свеста за Матрицата.

Од каде се? Колкава е моќта на матриксот? За да не испадне дека човекот е марионетка во рацете на Универзумот, втурнат не по своја волја во приказната на Животот, човекот ја има слободата да моли. Тоа е врвот на неговата автентична креативност.

Молитвата има моќ да го ослободува човекот од врзаноста со умот. Го обожава човекот, го реконектира со неговиот божествен извор, го враќа во неговиот Почеток, каде што се крие ковчежето со скапоценото богатство. Цветот на личноста, круната на сé создадено.
Но пред да биде крунисана, главата мора да биде подготвена. Една обична забоболка може многу да помогне во изнаоѓањето на одговорите.

БОЛКАТА ЧКРАПАЛО

Болката го заробува (го држи) вниманието на умот и го принудува на пренасочување. Нервниот систем е во грч, напнатост.

Има две можности: да се остане во болката или да се ослободи од неа. Дури и во најдолните слоеви на пеколот, и во седмото небо на задоволството, ТИ си тој што одбира, само несвесно.

Си го поставуваш прашањето, полека, многу полека, за да можеш да одговориш, да не биде формалност што ќе помине незабележано: сакам ли да боли?
Сакам ли да е вака?
Треба да се најде местото на тоа „сакам“.
Тоа „сакам“ е навигатор потиснат длабоко во себе, закопан под прашината на нештата што се случуваат на површина.

Треба да се оди таму длабоко.

Прашината, и површината во која живееме, се илузиите. Привидот што сами си го создаваме. Заборавеноста нема крај. Човек може да се роди, да живее и да умре без да се сети.
Затоа, исчистена од психопатски моменти на мазохизам, болката има позитивна (и примитивна) функција да нé потсети. Сакам ли? Ако не сакам, зошто? И како? Во смисла на „чкрапало“.
Треба да се оди длабоко.

Вистината не боли. Вистината смирува и го враќа умот во состојба на едност со себството, со Бог. Еден вид истост. Во истост со Себе.

Оној што е сум јас, ама не како его. Како состојба на свеста. Како светлина. Нешто што свети однатре.
Значи, има внатре едно сонце, или нешто уште поголемо – извор на енергија. Кога сме закачени на овој извор, „имаме енергија“. Кога ни е прекинат дотурот, не нé фаќа место на овој свет, облечени сме во Умор. Уморот е состојба на истрошеност, кога целото битие вапи за енергија, од која е испразнето. Овој енергетски вакуум е природна состојба на човечката одвоеност од изворот. Смртта е одвоеноста, празнината, ништотата. Што прави Господ за да го воскресне Лазар? Го повикува од мртвите. И Лазар оживува.

Просто, што попросто не може да биде. Кој ги комплицира работите? Централниот нервен систем. Мозокот. Треба да се поведе кампања против неговите трикови, блефови и какви ти не мајстории во областа на илузионизмот. Целиот град осамнува со графити: не си верувај себеси, не се поистоветувај, не мисли, не примај, не верглај, НЕЕЕ...

Запри го умот. Стивни. Одмори. Поистовети се со неделивото. Ти си атом, индивидуа. Што има зад таа неделивост? Тоа си Ти.

Ајде да речеме Љубов. Но треба длабоко да се копа. Лесно им е на оние што се веќе потонати, треба само да поверуваат.

Зошто е Бог – „тајна“?

Затоа што и тоа е место повеќе за проекција на човечката себичност. Ако некој ја открие тајната, таа веќе не е тајна. А тоа е опасно, нешто да биде достапно за сите, универзално. Нешто како што е воздухот, или водата. Бидејќи е бесконечен и беспочетен, Бог не може да биде потрошен, резервите се неисцрпни. Но ако е така, има за сите, и нема потреба од организирано чекање во ред, а потоа и тепачки. Тогаш редарите и чуварите на тајни би останале без работа. Затоа тие се прогласуваат себеси за неприкосновени и вечни наследници на правото на авторизирање на тајните, а потоа го организираат Духот во прописи, правила и обичаи.

Значи, Бог не е тајна. Тој е проста реалност, повеќе од очигледна. Но секој добар менаџер на сопствената судбина ќе биде претпазлив во начинот на соопштување на ова необично откровение – дека Он е љубов, а љубовта е животот на сé што постои. Колку опасно! Љубовта не може да биде потрошена како изворите на нафта во Саудиска Арабија, туку колку повеќе се троши, толку повеќе ја има! Нејзиното присуство е смирувачко и претставува директна закана за секаков тип неуроза. Во нејзино присуство неурозата се тресе од страв и чувствува одвратност на ниво на инстинкт.

Бог проектира, но и човекот ја има таа способност, како слика Божја. Ако дојде до средба на овие две проекции, се случува феноменот на среќата.

Затоа, сé што имаш дај му го на Другиот и не се плаши дека ќе останеш без ништо. Надминувањето на овој страв значи искачување едно скалило погоре, каде што се случува она „што на човека на ум не би му паднало...“ На тоа друго скалило не само што ќе добиеш двојно од тоа што си го дал со љубов, туку искусуваш и состојби што се зад вообичаената сила на зборовите. Цената е стравот. Стравот нема тебе да те ослободи, никогаш. ТИ се ослободуваш од него, кога ја совладуваш вештината на запирање на Умот.   
   
Автор: Сестра Макрина    

 

 Извор: Нова Македонија

 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=261299344&id=13&prilog=0&setIzdanie=22498

 


  



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2023

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная