Просветата, образованието и воспитанието не можат да се одделат од верата, тие се родени заедно на ова поднебје и неприродно е да ги спортиставуваме кога самите не се исклучуваат едни со други
Повторно по 2002 година една тема на себе го презеде интересот и вниманието на луѓе од различни профили, професии и општествени слоеви. Веронаука, да или не? Тоа што за оваа тема коментираат или расправаат луѓето за или против, сведочи од православна гледна точка дека Богочовекот Христос се воплоти, се роди, пострада и Воскресна за сите нас, за сиот свет без разлика дали сме за или против! Да, токму за сите и за се! И сето тоа за да му го врати на човекот достоинството односно образот на човек, и не само тоа туку и да го приведе кон живот со вечни вредности и неисцрпни благодатни потенцијали, а на светот да му го врати сјајот преку обожениот човек кој се грижи за тој свет.
Бидејќи станува збор за тема актуелна во Македонија и по 17 години плуралистичко и демократско уредување ќе укажам на историските факти од Македонија, а кои се однесуваат на веронауката. Во Македонија, освен периодот 1950-2001 година, и 2003 година, односно од волјата на Уставниот суд до измените во Законот за образование, денес, а со кои се овозможува веронауката, постои соврШен синергизам помеЃу науката и теологијата. ПочнувајЌи од првиот македонски универзитет на свети Климент во Охрид, каде писменоста, уметноста и културата се пренесуваа на тогаШните ученици и на сиот народ заедно со просветата од Евангелието на Христос Спасителот. За време, пак, на османлиското владеење во келијните училиШта на македонските манастири културната и образовната преродба повторно започна и течеше заедно со живиот и исихастички опит на просветителите во верата. Во 19 век, во црковно-училишните општини кои се зачетоци на современото системско образование во Македонија, повторно веронауката беше носител на воспитниот процес. Со формирањето на македонската државност во 1944 година и неколку години подоцна (кога се предваше и Дарвиновата теорија), поучувањето во верата стана дел од модерната педагогија на образовните институции, во основните училишта и гимназиите. Ако не веруваме на фактите, да веруваме на почитуваните професори-вероучители по II Светска војна кои сега се академици во МАНУ. За сиот овој историски период, ниту науката и попречувала на теологијата, ниту теологијата на науката, значи во Македонија тоа бил природен процес, кои постоел неколку години дури и во време на идеолошкиот систем, кој пак само од идеолошки причини го прекинал тој синергизам. За историјата толку, бидејќи и од неа слабо учиме, а сега да се вратам на етимолошкото значење на зборовите кои ги подвлеков погоре. Сите оние погоре подвлечени термини во македонскиот јазик означуваат работи повразани со еден процес кој барем во современото живеење се случува од министерство до градинки, училишта, гимназии, факулети, институти, а се однесува на стекнување на знаење, искуство, култура итн. заради напредок на човекот и остварување на целта, која Ќе биде полезна за него и за целото општество. Сите овие зборови кои што го означуват овој процес богомудро ни се предадени од светите Методиј и Кирил, а и тогаш овие зборови означувале она што и денес, односно дека образованието е процес во кој човекот се изградува себе си, а изграден е според образот на Својот Творец и Создател, па затоа и човекот е битие кое твори и создава, понатаму тој во процесот на своето образување се воспитува односно храни (воспитатИ-да се нахрани) со вредностите кои му се нудат, а кои ги избира по својата слободна волја бидејЌи е создаден како слободна личност. Ако се храни со добродетели, култура, етика, чесност, почит, љубов, вистина, скромност, верност, милост тогаш ќе се просвети, ќе ја постигне својата цел која ќе биде вечна придобивка - живот за него, но и за сите и за се околу него. Сите овие термини за нашите просветители имаа само еден именител, Христос Богочовекот. Просветата, образованието и воспитанието не можат да се одделат од верата, тие се родени заедно на ова поднебје и неприродно е да ги спортиставуваме кога самите не се исклучуваат едни со други.
Веронауката нема да значи вовед во теократско општество кое историски, а и во некои земји и денес, носи свои многу негативни последици, туку ќе значи избор, а моментот на избор е момент кога човекот ја изразува својата слобода на личноста во сета своја полнота, таа слобода не смееме да му ја одземеме на никој, ниту на најмладите.
Нова Македонија 22.07. 2008
Посети:{moshits}