логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

otec.Kliment1a.jpgТукушто вратен од овогодинешното поклоничко патување на црковната делегација во Рим и се уште под импресии на беседата изговорена на гробот на Св. Кирил Солунски, дознав за жестоката официјална реакција на нашиот јужен сосед кој си дозволи да инструментализира и политизира чисто лексичка тема. Немав ниту желба, ниту сила да се впуштам во замката на дневнополитичките баналности и коментари и сакав, час поскоро, наспроти сите бури и фортуни, бродот  да  го вкотвам  во моето тивко зрзеско пристаниште.

Изморен од патувањето имав потреба да стивнам во келијата над бигорната карпа и најмалку што очекував беше посетата на повеќечлена екипа на грчки новинари од телевизијата Алфа, за кои ниту оддалеченоста на манастирот, ниту правливиот земјен пат не беа пречка од Солун да се упатат до Зрзе. Со оглед на големиот интерес за темата со која грчката јавност веќе три дена беше преокупирана, мотивот за нивната прва посета на манастирот беше да добијат изјава за нашата перцепција за беседата на Архиепископот во Рим.

Иако по пречекорувањето на манастирскиот праг, последното нешто што сакав да ми се случи е да бидам интервјуиран, сепак веднаш го надминав чувството. Јазикот и менталитетот на Грците го научив за време на мојот неколкугодишен престој на Света Гора, па токму затоа интервјуто се одвиваше на грчки. Онолку колку што ме служи сеќавањето ќе пренесам фрагменти од разговорот.

„2008-та година УНЕСКО ја посвети на јазиците што се зборуваат во светот, меѓу кои е и македонскиот“. Нашиот Архиепископ по повод светската година на јазиците одбра во својата овогодинешна беседа молитвено да ја сподели својата болка за јазикот на светителот родум од Солун, кој за жал е девастиран токму во пределите на неговата татковина. Беседата на Неговото Блаженство на гробот на Свети Кирил ја доживеав како молитва до борецот со ереста на тројазичниците и молба неговата борба на тој план да продолжи секогаш кога некому се одзема правото на јазик.

„Таму стана збор за јазикот од кој по зборовите на Вашиот Архиепископ не останало камен на камен во Солун и солунско?“, ме прашаа. „Ние во Република Македонија говориме македонски јазик на кој говорат и Вашите државјани кои имаат македонско потекло, сконцентрирани најмногу во леринската, костурската и воденската област во Република Грција. Додека живеев во Грција многумина од нив среќавав на Света Гора и со нив зборував на нашиот мајчин македонски јазик кој не е србизиран бугарски дијалект како што злонамерно тврдат некои грчки лингвисти туку е древен и происходи од основата на јазикот на свети Кирил Солунски“ - одговорив.

„Каде го научивте грчкиот јазик?“ - следеше прашање. „Вашиот јазик го научив на Света Гора. Го учев не од книги бидејќи немаше време за тоа, туку по слух, од уво....“. Помнам дека иако на почетокот бев привлечен од благородните звуци на за мене непознатиот јазик на Елада, не само што не се удавив во неговата длабочина од која бев постојано потопуван, туку по неколку месеци совладувајќи лепеза на зборови се осмелив да прозборам на јазикот на којшто зборуваа отците во Григоријатскиот манастир. Оттогаш за мене грчкиот јазик беше и остана јазикот на Отците.

Како сега се сеќавам, еден ден минувајќи низ градината на манастирот сакајќи да укажам на убавината на цвеќињата за кои се грижеше отецот кој беше градинар, ги пропелтечив следниве грчки зборови: „Ти ореа та лулудија!“(понашено: „што убави цвеќиња“). Очекував одговорот да биде на грчки, но светогорецот ми одговори на архаичен македонски со типично егејски нагласок: „Убави ни се китките“. Моето изненадување беше големо. На прашањето од каде знае да го зборува мојот јазик, тој ми одговори дека тоа е и негов мајчин јазик на кој говореле неговите предци. Со текот на времето ваквите ситуации зачестија, а се менуваа само личностите.

Можеби не им се допаднаа изјавите, но сепак, моето лично доживување за Македонците во Грција грчките новинари го забележаа електронски, со видео и аудио запис, снимајќи  разговор од речиси половина час. Пред да заминат влегоа во црквата, запалија свеќи пред Богородица Пелагонитиса која е прекрасен пример на културолошката симбиоза меѓу византискиот образец и изразноста на словенскиот менталитет. Испраќајќи ги се понадевав дека можеби снимениот прилог ќе придонесе  во топењето на мразот наталожен и натоварен како глечер помеѓу двата соседни народи, кои како да изумеле дека меѓу другото се и браќа по вера.

За жал, многу скоро бев демантиран. Утредента, отворајќи ја интернет страницата на овој грчки телевизиски канал го прочитав следново: „... Во меѓувреме, непосредно после провокацијата на Архиепископ Стефан, кој тврдеше дека Солун припаѓа на територијата на Скопје, неговата десна рака, владиката Климент даде изјава за АЛФА во која зборувајќи за словенскиот јазик, истакна дека тој насилно исчезнал кај Грците во Лерин...“. Прилогот не содржеше никаква изјава, туку само коментар од редакцијата која оценила дека доволно е толку за текстот насловен како „Националистички делириум во Скопје и Австралија“.

Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. Тогаш нашите сонародници во Беломорието лулудјата не само во домовите, туку и во црквите и во училиштата ќе ги викаат онака како што од памтивек ги викале: китки и цвеќиња.


zrze.Kliment.jpg

Посети:{moshits}

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная