логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Епископ Велички Методиј

(денес Митрополит Американско- канадски

metodij.svpelagija8.jpgКога Фоербах за прв пат ја искажа оваа радикално материјалистичка мисла, ставајќи равенство меѓу човекот и содржината на неговиот дигестивен тракт, тој мислеше дека преку неа за секогаш е раскрстено со философскиот идеализам. Сепак, неговата намисла во себе содржи најмалку две заблуди. Прво, тој воопшто не беше првиот кој на овој начин го дефинира човекот, тоа пред него веќе го беше направила Библијата, а второ, идејата дека “Човекот е она што го јаде” го изразува најдлабокиот религиозен хуманизам кој не е омеѓен ниту од доктрините на философските школи, ниту од личните теолошки погледи на определени учители. Со оваа контекстуализација отец Александар Шмеман ја започнува својата исклучителна книга “За животот на светот”. Човекот е она што го јаде. За современиот човек тоа може да биде само една луцидна метафора, наследство од древните и храбри епохи кога луѓето гласно размислувале, пред да бидат замолчени со посредство на електронските огништа - телевизирите. Но, културата на исхраната или барем самата физичка потреба од храна и денес останува мошне важен сегмент од нашето постоење, а со тоа, и горе споменатата философска мисла е нешто околу што повторно и повторно треба да размислуваме.
Човекот не престанува да биде гладно битие. Гладот, во таа смисла, се артикулира на различни начини. Она што е општо и универзално е дека човештвото гладува. Еден дел, а тоа е третиот свет, гладува не по личен избор, туку заради дебалансот во материјалните добра, кој од самиот почеток на нашата цивилизација ја раслоил човечката заедница на класи. Пота, вториот свет гладува по личен избор, во форма на разновидни диети, макробиотичко пургерство, страв од генетски мутирани прехрамбени производи и т.н. Првиот свет пости. Сите имаат добра причина за нејадење, а човекот сепак е она што го јаде и, би додал, тој е и она како јаде.
Човештвото генерално, а особено оној во многу што наш најважен дел, младите, секојдневно ја конзумира таканаречената брза храна. Тоа не е храна која брзо се подготвува или брзо поминува низ телото, туку само брзо се јаде. Во движење. Во трчање. Во корелација, пак, со Фоербаховата крилатица овој факт добива загрижувачки, апокалиптички димензии. Дали тој фаст-фуд или џанк-фуд (ѓубре-храна) како популарно се вели, е навистина образот на човештвото денес? Безлична и обезличнувачка храна која се купува на секое ќоше и се голта набрзина, без внимание, без културен однос. Зашто сите важни нешта во животот на човекот, а ова е универзална премиса, се случуваат на трпеза. Од раѓањето до смртта, сî е поврзано со културата на исхраната, или ако сакате со култниот, т.е. свештениот однос кон она што го јадеме. Во раскошноста на човечките култури: формата, бојата, соодносот, симболиката, начините на подготовка и многу други чинители во земањето на плодовите од природата и нивно претворање во храна се клучните генератори на цивилизациите. Придобивката не е само во разнообразните зборници со рецепти на националните кујни, богато украсени со колор фотографии. Денес, ние го јадеме светот набрзина. Без ред. Без свештен трепет. Ваквата (не)култура на исхрана нî прави уништувачи не само на светот, туку и на сопстевното битие: на телто, на свеста и на добриот обичај.
Еколошките идеологии и стравот од неповратно уништување на сината планета и нејзините природни ресурси кај многумина предизвикува потреба да го делат светот на чист и нечист. Овој повампирен дуализам отфрла значителен дел не само од природата, почвата, флората и фауната, туку и од човештвото во полза на идејата за чиста околина за мене и за моите. Стравот од контаминација на телото оди до таму што се измислуваат најбизарни методи за проверка на чистотата или методи за очистување на сето она што се внесува во организмот. На психолошко ниво ваквиот однос создава патолошка потреба да се оградиме и изолираме од оној загадениот свет. Параноја. Од валканата храна. Од валканите луѓе кои ја произведуваат и употребуваат. Овој феноменален антипод на генерациите пек-мени кои се хранат со брза храна се создавачи на една сосема нова идеологија и култура на исхрана. Храната за нив не е културен ентитет туку идол. Новите пагани обожувачи на макробиотиката, генетски исправната храна, ослободена од било каква хемија, со разбирливото чистотништво во себе го внесуваат и отровот на солипсизмот. Таа саможивост, пак, ги тера да се плашат од оние другите, нечистите, или од она другото, нечистото. Но, не е доволно само јас и моите да бидеме чисти, да јадеме чисто, да живееме чисто. Тоа го заслужува и целиот свет. Идолопоклоничкиот однос кон чистата храна, конечно, исто како и индиферентноста на конзументите на хамбургерите и хот-договите, подеднакво го расипува добриот обичај кој нî потсетува дека сме она што го јадеме.
Сега е време на пост. Всушност, секогаш е време на пост. Нели рековме дека човештвото глобално гладува. Но, дали постот е просто гладување? Според библиската повест, првиот човек, Адам, и првата човечица, Ева, од Бога добиле заповед да се хранат од сите прекрасни плодови во Едемската градина, освен од дрвото на познанието на доброто и злото. И тоа е првата заповед за пост. Ова историско, или поточно предисториско место, со векови предизвикува огромни дилеми за човековото рацио. Зошто Бог воопшто го посадил во рајската градина тој камен на сопнување за нашите предци, особено кога знаел дека тие лесно можат да бидат заведени од неговата убавина и да паднат во непослушание? Дали рајот е совршен со присуството на ова дрво? Која е потребата од таква искушувачка заповед? Одговорот секако не е во “генијалното” прогласување на Бога за сеирџија. Човекот, и во овој примордијален случај, требаше да покаже дека е она што го јаде. Послушно бите? Добро битие? Разумно битие? Слободно битие? Секој нека одбере според верата и силите на свеста. Послушно битие и слободно битие истовремено, зарем е тоа можно? Постот, пак, на еден парадоксален начин е сето тоа. Ако немаше заповед за селективност во исхраната, слично на денешната џанк-фуд индиферентност, како човекот ќе ја реализираше својата разумност? Со што ќе покажевме и ќе си покажевме дека сме разумни? Со што ќе се разликувавме од останатите живи суштества, ако јадевме сî што ќе ни дојдеше под носот? И неразумните пчели со својата селективност ќе беа посовршени од нас. Потоа, како ќе ја изразевме својата апсолутна слобода, ако немавме можност да непослушаме? Не смото непослушание, се разбира, туку можноста да избереме ни го даде вкусот и опитот во богоизворната слобода. Постот е послушание, послушност, но послушност од љубов. Слободно избираме да се сообразиме со заповедта да бидеме селективни во она што го примаме во себе како храна. Слободно избираме да се сообразиме со добриот обичај. Јадењето нема власт над нас, не е цел за себе, ниту е загадување кое нî обезличува. Човекот е она што го јаде.
Во автодеструктивниот диктат на либерализмот, современиот човек ги поистоветил слободата и непослушноста. Тоа се рефлектира и во културата на исхрана. Точно е тоа дека и самите можеме да си зададеме некакво правило за пост, или тоа може да го стори некој нутриционистички гуру. Според бојата или формата. Денес, на пример, треба да јадеме само црвени, утре само бели, задутре само зелени плодови. Или, денес само елипсовидни, утре само издолжени, задутре повеќеаголни и т.н. Но послушанието мора да има смисла и таа треба да се базира на здрава онтологија. Постот има и свој телесен и свој духовен аспект. Духовниот пост секако е поважен. Инаку нема разлика меѓу постот, како израз на религиозната култура на еден човек или на една човечка заедница, и диетата. Човештвото гладува. За жал секое гладување не е пост.

 

Посети:{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная