логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Епископ Велички Методиј

(денес Митрополит Американско- канадски )

metodijvosoboren.jpgИ покрај фактот дека носиме иста човечка природа и дека дури и најфантазмагоричните еволуционистички теории не можат да ја поколебаат кохеренцијата на нашата човештина, сепак секоја историска епоха, секоја генерација, по нешто е особена и има свои болести, свои фаустовски компромиси, конечно, свои фобии. Она што денес сериозно и не без основа му ја тресе душичката на современиот човек е тероризмот. Тој е истовремено показател за моралниот амбис кој зјае меѓу она што сме и она за што сме создадени, без разлика на која страна од линијата на тероризмот всушност припаѓаме. Секоја анти-изам може да биде дури и поголема демагогија од изворниот -изам. Тука, се разбира, не мислам само на оној политичкиот, односно идеолошкиот тероризам, тероризмот (што се гледа) на Си-Ен-Ен, туку и на емотивниот, семејниот, сексуалниот, естетскиот, трговскиот и т.н. Токму затоа најзлогласната и најпежоративната налепница која денес е во употреба со цел да се дисквалификува лојалната (или нелојалната) конкуренција во секој домен на нашето цивилизирано живеење е на некој начин врзана (каузално) за тероризмот.

Во рамките на религиозното искуство, тероризмот, во колоквијалниот дискурс, главно се врзува за два мошне често експлоатирани поима: фундаментализам и фанатизам. И едниот и другиот имаат конфесионална провиниенција, јасно дефинирано становиште и, секако, обата имплицираат извесен антагонизам. Но оваа констатација ни од далеку не значи дека точно знаеме што тие подразбираат, а што е уште поважно, за каков методолошки концепт во рамките на едно религиозно учење се врзуваат и во каква релација се со тероризмот имено.

Прво, ако појдеме од она што го имплицира етимиологијата, тие се противречни уште на ниво на елементарната религиска онтологија. Фундаментализмот подразбира внатрешно-доктринарна иницијатива за постојано враќање кон фундаментот, кон темелот, на основните начела или премиси на определено религиозно учење, па и на одредена идеолошка предлошка генерално. Во таа смисла фундаментализмот значи реафирмирање на древните, архетипските вредности, што на извесен начин е чекорење на назад. Така фундаментализмот, христијанскиот, исламскиот, јудеистичкиот или од било кој друг происход се врзува за конзервативизмот и тадиционалистичките струи или крила во определена верска заедница или конфесија. Фанатизмот, од друга страна, како симптоматично патолошка појава, заговара афирмирање на определена индивидуализирана диопртија на религиозниот систем и тој се пројавува најчесто како коректив или презерватив од аспект на определена историска фаза во развојот на едено религиозно учење или идеологија. Ваквата апсолутизација на една вештачки замрзната фаза во еволуцијата на религиозното учење не само што се претвара во антитеза на изворното учење, туку таа како по правило престанува да функционира како религиозно учење и се претвора во идеолошка матрица без предзнак, подготвена да биде изманипулирана и злоупотребена дури и со најплитки политички или политикантски концепти. Тогаш таа како новокомпонирана конфесија (како псевдо-догма) го изведува својот флеш-бек кон базата, т.е. кон конзументите за вешто испопулизираната анти-религија. Таргет група се токму оние кои и не можат да ја направат разликата помеѓу изворното учење и неговата антитеза. Затоа фанатизмот како религиозна травестија во контекст на христијанската етика, на пример, се дефинира како грев против љубовта кон Бога. Примарно пресуден е контекстот на волјата. Секое религиозно учење почива на авторитетот на божествената волја која е причина и архî на битието, светот, животот, човекот и т.н. Религиозниот или идеолошкиот фанатизам се воспоставува себе си како негација на божествената волја, или преку поистоветување на својата волја со божествената (субституција), или со релативизирање (негирање) на метафизичката волја преку воспоставување на диктатот на некоја идеолошки попревасходна, пооправдана во дадените историски услови, односно поцелисходна волја (дисквалификација). Со други зборови, религиозните вистини задобиваат идолопоклонички, или поточно идеопоклонички димензии.

Но, да се вратиме на феноменот на тероризмот како верување, како конфесија. Оваа многуобразна појава, како акреп од некоја пестротна митологија, го обележува нашето историско битисување особено со два мошне актуелни вида. Патолошките појави никогаш не се еднострани (едноглави). Со сета свест дека сепак немаме доволно добра позиција во смисла на историска дистанца на пример, пред очите ни се диференцираат од една страна фанатизмот на религиозната травестија на определените револуционерни групи, секти, ордени, ложи и редови, а од друга страна фанатизмот на диктатурата на либерализмот, анти-религиозниот анархизам кој на кумирот на човековите права и слободи ги жртвува сите вредносни критериуми и конвенции за кои знае опитот на човековите култури. И едната и другата форма на фанатизам се движечка сила на актуелниот тероризам. Навидум спротивставени тие синергиски го уништуваат секој здрав и продуктивен поредок во светот.

Едната форма се обидува да го ослободи светот по секоја цена, без јасен критериум, всушност плашејќи се од било каков критериум и, што е најстрашно, слепо робувајќи на сопствената непогрешливост и просветеност. Точно е тоа, сî ни е дозволено, но, како што вели светиот апостол Павле, не ни е сî полезно. По приницопт на слепец што води слепи, слободопоклонството постојано ја пречекорува границата на елементарната човечка култура каде личниот либерален став малициозно мора да има форма на бласфемија, карикатурата и пародијата стануваат директна и задолжителна навреда на верувањето и религиозноста на другиот, а јаловата бесловерсност и конформизмот се поттик личното сеирџиство да се проецира во божественото битие.

Другата форма се обидува да го напика светот во калапот на својата искривоколчена верзија на догматизаторска квазирелигија која по правило грубо ја пречекорува линијата на слободата на верувањето и изразувањето на религиозните чувства. Повторно слепци што водат слепи. Слепилото на религиозниот, односно идеолошкиот фанатизам продуцира постојана колизија која за свое единствено чедо го има тероризмот. Тероризмот кој е судир на два типа карикатури од верувања. Тероризмот кој човекот-бомба, автомобилот-бомба, авионот-бомба, народот-бомба, суеверието-бомба ги има за свое сретство, за свој контрааргумент, или за параван зад кој ќе се крие гадоста на еден само поинаков тероризам. Демонското семе на фанатизмот, и оној на слободоумните и оној на квази-религиозните ја осквернуваат светињата на човековата слобода да верува, да се надева и, пред сî, да љуби. Да го љуби ближниот токму заради неговата поинаквост. Затоа што зборува поинаку, затоа што мисли поинаку, затоа што верува поинаку. Во таа љубов нема место за карикирање. Во таа љубов слободата на изразување не се остварува преку навреда на другиот, на ближниот, во што тој и да верува.

 

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная