Не постои општ изглед за сите нешта. Еднаш го прашав еден човек: „Пречи ли да сме со различни мненија и да се сакаме, да имаме љубов еден кон друг? Ни пречи ли да се согласуваме во нашето несогласување?“ И да останеме поврзани и покрај тоа. Христос имал дванаесет ученици, секој со свој карактер.
Божјиот благослов доаѓа кога ние даваме благослов
Старецот Сава од манастирот Филотеј ми раскажа дека за време на големиот глад во 1917 година, монасите од манастирот Ивирон, гледајќи дека залихите во нивните магацини се намалуваат, го редуцирале давањето милостиња. Всушност, скржавиот надзорник инсистирал сосема да се престане со давањето милостиња.