логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 (извадок)


Така што,  биди убеден брате, дека само Бог е вистинскиот лекар на душите и на телата, а маѓесниците и демоните не лекуваат вистински туку - навидум.
 
Да претпоставиме дека по Божјо допуштение го лекуваат телото, но знај дека го лекуваат со цел да ти ја умртват душата.


Како?
Со тоа што ќе те оделат од верата во Христа, привлекувајќи те да им веруваш и да им служиш. Следствено, каква полза ке добиеш, брате,
дури и при услов да ти се излекува телото, кое денес е живо а утре - мртво, за времето во коешто се умртвува твојата бесмртна душа?
 
Каква печалба ќе спечалиш, ако тука добиеш малку здравје, а таму си измачуван вечно?
 
Плукам на таквото здравје!
Плукам на таквиот живот!
 
Десетилјади пати попретпочитана од таквиот живот и здравје е смртта, како што кажува Златоустиот Јован:
 
„Дури ако дејствително лекуваат, подобро е да умреш отколку да се соединиш кон Божјите непријатели и на тој начин да се излекуваш.
 
Зашто каква полза има да се излекува телото, откако душата погинала. И каква печалба ќе имаат оние, кои што ќе бидат испратени во неизгасливиот оган, ако тука добијат некакво излекување?“
 
И повторно вели:
„Иако излекувал, демонот повеќе наштетил отколку што помогнал, зашто му помогнал на телото кое бездруго целосно ќе умре, малку подоцна и ќе изгние, а ја повредил бесмртната душа“!
 
Ѓаволот, браќа, е најлукав.
 
Ќе ви даде малку здравје, само да ве лиши од рајот,
ќе ви го продолжи малку животот за да ве мачи вечно.
 
„Не гледаш ли“ вели Светиот Златоуст,
„дека хромиот беше триесети осум години на одар полумртов, а храбро ја трпеше болеста, очекувајќи ја Божјата помош, без да побара да му баат или да му дадат амајлии.
 
А, ти христијанину, откако си боледувал малку дни, зошто си толку нетрпелив и трчаш при бајачи и гатачи?
 
Не гледаш ли дека Лазар преку целиот свој живот лежеше пред вратата на богатиот, со толку многу рани, така што од големата немоќ неможеше дури да ги изгони ниту кучињата кои му ги лижеа раните; и, при сето тоа претпочиташе да умре во таква немоќ, откако да побара амајлии и баења?
А ти, каква прошка ќе добиеш штом за мала температура трчаш при пијани и зли старици?
 
Зар не го гледаш оној храбар Јов, кој што подоцна откако ги загуби децата и имотот, толку многу рани имаше та од секаде му излегуваа црви и леб не можеше да јаде од смрдеата? И при сето тоа, можеше да се избави со тоа што ќе похули и умре, како што му велеше жена му: „
Кажи некој збор против Бога и умри“.
 
Но тој, истрпи мажествено и ниту еден хулен збор не изрече од својата уста, а ти зошто имаш толку големо нетрпение и за една сосема мала рана го презираш Христа Бога, и верата, и светителите, та трчаш при непријателите на Бога - бајачите, гатачите, сновидејците, демоните, за да се излекуваш?
 
И, каква прошка ќе добиеш за тоа“, прашува Свети Јован Златоуст:
„Навистина, каква прошка ќе добиеме ние, откако оние поднесоа такви нешта покажувајќи мажественост, а ние трчаме  при демонските слуги, бајачите, гатачите и ги каниме во нашите куќи.“
 
Превод: Мина Даниловска



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2019
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2040
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 488
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная