логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

†Александар, Епископ на Буенос Аирес и Јужна Америка


oltar.sv.nikola.jpgСмирението, како природна состојба на душата, го става човека во правилна позиција во неговиот однос кон Бога, самиот себеси и ближниот свој. На тој начин тоа воведува мир меѓу луѓето и ги подобрува семејството и општеството.

Навистина, смирениот човек ги согледува своите мани и злодела; заради тоа тој, наместо да истрајува во нив, како што прават гордите, се кае и настојува да се подобри. Во исто време, свесен за Божјата моќ, смирениот човек ја почитува Неговата волја и стравува да не ги прекрши Неговите заповеди. Да беа сите луѓе смирени, ќе живеевме во најсреќното општество што може да се заимсли. Би немало разбојништва, силувања, измами, навреди... Би било рај на земјата.

Како што детето е нежно и послушно кон своите родители, таков е и смирениот човек кон Небесниот Отец. Заради тоа Господ ги сака смирените и им дава целосна помош, како што самиот кажа: “Живеам на возвишено и свето место, со оној кој има скрушено срце и смирен дух, оживувајќи го духот на смирените и оживувајќи го срцето на скрушените” (Ис. 57, 15). И древните мудреци забележале дека многумина се величани и моќни, но на смирените тајните им се откриени. Окото Божје е на оние кои се плашат и на оние кои ја чекаат милоста Негова (Пс. 33:18). Спротивно на тоа, Господ им го свртува грбот на самоуверените и гордите, како што е кажано: “Господ им се спротивставува на гордите а на понизните им дава благодат” (Јак.4,6) Ако Семоќниот е против гордиот, тогаш сиот напор на вториов е залуден. Светите Отци ја поистоветуваат гордоста со бакарен ѕид издигнат помеѓу човекот и Бога; низ него не може да продре никаква светлост, благодат, или помош одозгора. Заради ова, гордиот човек е најбедниот меѓу најбедните.

Смирението на човека му дава реален поглед на неговите сили и способности. Додека самоуверениот често настојува во нешто што е далеку над неговите способности и заради тоа се упропастува, смирениот, повикувајќи ја Божјата помош, прима мудрост и поткрепа од Него. Без непотребно рекламирање, тој често ќе стори повеќе отколку кога би делувал сам.

Смирението, влевајќи мир во душата, служи како инструмент за избегнување соперништво и расправии. “Земете го мојот јарем на себе и научете се од мене, зашто јас сум кроток и смирен по срце; а вие ќе најдете починка во вашите души” (Мат. 11,29). Праведниот отец Јован Кронштадски не учи: “Не давај злото да те победи, туку победи го злото со добро” (Рим. 12, 21). Кога некој е груб и неучтив спрема тебе, кога си искушуван, кога ти дишат в лице со презир и гнев, не возвраќај со иста мера, туку биди тивок, кроток и благ, полн со почит и љубов кон оние што недостојно се однесуваат кон тебе. Зашто ако си потресен и им возвраќаш на нивните ѕборови без мир, ако се расправаш со грубост и презир, значи дека се совладан од злото и треба на себе да ја употребиш изреката:  “Лекару, излекувај се себе самиот” (Лука 3,23), или пак ”Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во сопственото око? ... Извади ја најнапред гредата од твоето око” (Мат. 7,3-5). Сожали се над оној што те навредил, зашто тој е толку лесно совладан од своите страсти и има болежлива душа. Што е погруб и попотресен, толку повеќе треба да го возљубиш. На ваков начин лесно ќе го совладаш. Доброто е секогаш појако од злото и затоа победува. Запомни, исто така, дека сите ние сме многу слаби и лесно совладани од страстите. Заради ова, биди кроток и попустлив кон оние што ти згрешиле. Ја имаш истата болест како и братот твој. Прости им на своите должници за да и твојот Отец на Небесата ти ги прости твоите долгови.

Смирението му дава на човека скромна, тивка и благонаклона природа. Навистина, кога тој ќе сфати дека сите совршенства на човековата природа се многу условни, како ќе негодува и ќе се поставува непријателски кон другите? Господ го воздигна цариникот-покајник над “праведниот” Фарисеј, како што ни прикажува Евангелието (Лука 18,10-14). Додека горделивиот е нестрплив да им ја покаже на сите својата надмоќ и заради тоа е немирен и агресивен, смирениот се однесува кон другите со разбирање и човекољубие. Ова, пак, помага да се воспостави клима на пријателство и мир и во семејството и во општеството како целина.

Смирението, коешто не носи кон Бога, е неизбежниот услов за духовен раст. “Бидејќи секој што се воздига ќе биде понижен, а кој се понижува ќе биде воздигнат” (Лука 14,11). Свети Исаак Сирин напиша: “Како противотров на суптилното славољубие, исповедај ја искрено својата слабост и незнаење, за да не те напушти Бог и да не станеш плен на нечистите страсти”.

Според едногласното сведоштво од Светите Отци, самата светост не е толку чудотворна колку што е смирението.

Подготви: Б.Ѓ

Посети:{moshits}

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная