логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Korica.Duhzivoten.jpg

Ослободување на духот 

Учењето за молитвата е тесно поврзано со православната антропологија . На антрополошки план молитвата се јавува како средство на ослободување на духот од деформираните, изопачени чувства на душата, што се наоѓаат во хаотична состојба, без да ги управува некој, борејќи се една со друга.

Светот ја разбира слободата како можност на човекот да ја следи својата главна страст, која времено ги истиснала останатите, и наоѓа услови и средства за да ја задоволи. Од религиозна гледна точка, пак, таа “слобода” е состојба на постојано ропство кај различни “господари” што постојано се менуваат. Страстите наоѓаат основа, како поле на дејствување, во човечкото тело. Телото, “обединувајќи се” со душата, го притиснува духот - така сојузничката војска го освојува градот, одделувајќи го од секоја комуникација. Но, еден од сојузниците на таа непријателска војска, разумот, помалку отколку другите сили на душата, е поразен од гревот и страстите, затоа тој повремено станува на страната на духот и прави обиди да го ослободи.

Борбата за ослободување на духот има своја стратегија, свои закономерности и постепеност. Таа започнува од надворешното. Ако, с# уште наоѓајќи се во страсна состојба, човекот се обидува да ги разбуди силите на духот, тогаш или ќе ја види бесплодноста на своите обиди, или, што е уште полошо, со посредство на горди фантазии ќе ја доведе својата душа во состојба на егзалтација, нервна возбуденост, илузорни, мечтателски претстави, кои поради својата неопитност ќе ги прими како духовни откровенија. Таквата душевна, екстатичка љубов подробно се опишува во книгите на западните “аскети”. Католичките ентузијасти ги примале сличните состојби за појави на Божествената светлина, додека православните подвижници би рекле дека тоа е само чадлив пламен на човечките страсти, доведени до состојба на екстаза.

Борбата треба да се започне од телото, да се научи тоа на дисциплина. Прво - знаење за мерка, воздржание. Мерка во јадењето и спиењето, во одморот и во работата. Ластовицата му дава на своето пиле одредена количина храна, колку и да пишти птичката: ако се најаде до ситост, таа ќе умре. На телото треба да му се дава неопходното и да се зема од него данокот - трудот и будноста во молитвата. Кога човекот дреме, неговите мускули се отпуштени; кога човекот напрегнато мисли, концентрацијата на мислите влече со себе определена напрегнатост, како да го одржува телото во тонус. Ако човекот за време на молитвата ги раслабува мускулите, тогаш почнува да дреме и да мечтае, затоа при молитвата е полезно да се стои собрано, како во строј, и да се изведуваат поклони, кои се “помошен јазик” на молитвата. При умор и болест може да се седи, но не испружено, без подлактување, без навалување на потпирката на столицата, туку право, соединувајќи ги нозете заедно, лесно повлекувајќи го стомакот и навалувајќи ја главата, сето ова помага да се бориме со дремливоста.

Душевно-телесни добродетели се молчанието, чувањето на погледот и слухот. Душевни сили се следниве: словесна, посакувачка и раздразнувачка. Словесна сила е: способноста да се мисли на ниво на зборови и претстави, да се има сеќавање, да се претпоставува, да се планира, да се мечтае, да се набљудува, да се наоѓаат причинско-последични врски, да се анализира, да се синтетизира, да се спроведуваат експерименти, да се откриваат закономерности, да се составуваат хипотези и теории, да се применуваат откриените закони во практиката, да се составуваат различни знакови системи и да се користат истите. Така се раѓаат научното, философското, уметничкото творештво, законите, правата, манифестите и конституциите. Тоа е неопфатливо поле на дејствија на човечкиот интелект во два негови аспекта - разумот и вообразбата. Тука лежат главните корени на цивилизацијата: во собирањето, чувањето и примената на информациите, кои доаѓаат однадвор. Човекот најмногу се гордее со својот разум. Во него е основата на неверието, онаа интелектуална гордост која за човекот од неговиот разум прави малечко божество, идол, од кој тој чека помош и спасение. Во исто време, тој разум повремено ја чувствува својата ограниченост, беспомошност, духовна слепота, и тогаш го бара Бога. 

Втората сила е посакувачката: на неа се оденесуваат сите видови наслада. Овде припаѓаат - семејната, пријателската, родителската и чувствената љубов; овде се патриотизмот и општествената солидарност, љубовта кон уметноста, насладата од поезијата, музиката, сликарството; овде е радоста на општењето со природата. Овде припаѓаат и човечките страсти: егоизмот, самољубието, среброљубието, похотта, приврзаноста кон предметите, чувството на зависност од надворешното, и притоа такви високи чувства какви што се сопреживувањето, милосрдието, состраданието. Во посакувачките делови на душата спаѓаат и смеата и шегите, во кои е сокриен таен блуд. Такви поими, како задоволства, нежности, внимателност, елегантност, такт, привлечност, убавина, исто така се однесуваат на посакувачката сила на душата. Понекогаш таа се открива како стремеж кон натсветската Божествена убавина и тага за изгубениот рај (тоа нејасно чувство е слично на зрак светлина, кој ненадејно проникнал во подземјето). И во нејзина област, во област на посакувачката сила, припаѓаат демонската мистика и екстатичките култови. Воопшто, секоја мистика, освен православната, во целина се наоѓа во полето на душевните сили. Православната пак, според својата суштина, е духовна (иако, бидејќи го вклучува во себе сиот човек, може да се пројавува истовремено и на душевно и на телесно ниво).

Изопачени пројави на посакувачката сила се исто така скриената љубов кон злото и порокот, која човек повремено јасно ја чувствува во своето срце.
Третата сила на душата е раздразнувачка. Нејзе &  е својствено, како на секој жив организам, да го истргне од себе сето она што е туѓо, другородно, да го неутрализира навлезениот во крвта отров и да ја умртви причината што предизвикува болест. Раздразнувачката сила е крепост и војска на душата, тоа е способност да се разликува доброто од злото, заштитна сила, психички филтер, предопределен за тоа да ги задржи нечистотијата и згурата, тоа е способност на душата да реагира на она што стои меѓу неа и Бога, и свето мразејќи ја таа пречка, да ја урива. Раздразнувачката сила може да се пројавува во стремежот кон добро, во заштитата на ближниот од неправедност, во самопожртвуваност. Но, во гревовната, падната состојба на човекот таа најчесто се открива во високото мислење за себе, рамнодушноста и индиференоста, во постојано незадоволство и ропот, нетрпеливост, завист, злоба, соперништво, гнев кон луѓето, омраза, одмазда, насилство, жестокост, таен садизам - од семеен деспотизам до тиранија и некроманија на владетелите. 

Воопшто, во душевните пројави треба да се разграничат следните нивоа: штетно, непотребно, подносливо (или индиферентно), нужно, неопходно, крајно неопходно, и потоа да се води духовна борба со себе, отсекувајќи го прво штетното, а потоа непотребното.

Штетни во областа на дејствување на словесната сила се: свесната лага, лукавството, итрината, потсмевот, задевањето, клетвите, проклетствата, пцостите, празнословието, осудата - извори на лажна и изопачена информација. Подобро да не се знае отколку да се имаат лажни, изопачени сведоштва. По зборовите на Соломон, подобро е малото со вистина, отколку големото со лага . Само зауздувајќи го својот јазик, припитомувајќи го, како див ѕвер, човекот може да се занимава со очистување на умот од различни мисли, мечтаења и чувствени помисли, што се јавуваат во свеста.
Штетна појава на посакувачките сили е секој вид задоволувања на похотта. Не зборувам за плотски гревови: тоа му е јасно на секој, но има и други, попрефинети видови похот и сладострастие: средба и општење со луѓе кон кои имаме нечиста приврзаност и пристрастност, читање страстни книги и набљудување слики и претстави што ја возбудуваат чувственоста, гледање телевизиски програми и видеофилмови кои станале извор на душевна зараза и разврат. Борбата со таквите тешки видови изопачена наслада, како што се земањето алкохол и дрога (тука насладата јасно го покажува својот демонски лик), откажувањето од непристојни разговори, вицеви и слично - е неопходно. Без такви надворешни мерки за заштита на душата од порокот, невозможно е да се дојде до чистота на желбите, како што не може да ја измие од себе нечистотијата оној што стои во кал. Ако човек им служи на своите страсти и во исто време се обидува да се моли со срце, тој ќе се растрои нервно или пак ќе се најде во таква демонска состојба која се нарекува прелест.

Штетни во областа на раздразнувачката сила на душата се ропотот на Бога и гневот кон човекот (причината за гнев и омразата што се јавува од него често станува неисполнувањето на желбите, чувството на навредено самољубие, затоа е невозможно да се победи гневот, без прво да се заузда похотта). Гревовните пројави на раздразнувачката сила се вакви: одмазда, лукавство, злопамтење, насилие над волјата на другиот човек, понекогаш, дури под изговор дека е тоа добро. Високите животни цели, кои човек ги поставува пред себе, како и ограничувањето на своите желби, помагаат во победата над гневот. Гневот се победува со покајание и самоукор. Прво треба гневот да се надмине со молчание (како што вели преподобниот Јован Колов - скорпијата оставена во затворен сад умира), а потоа да се бориме со него во мислите и срцето. 

Следниот степен е подносливото (она што не е зло, но без што може да се помине). Во однос на словесната сила тоа се однесува на занимавањето со наука и философија, уметност, читање литература и периодика; во однос на посакувачката сила - слушање на сериозна класична музика, посетување музеи и галерии, пеење светски песни, патувања; во однос на раздразнувачката - стремеж кон општествена дејност, натпревари, игри и останато, слично на тоа. 

Степенот на нужно во областа на словесната сила - знаењето на својата професија, општествените, а исто така и семејни права и должности, познавањето на окружувачката природа, изучувањето на богогословијата имаат практично значење. На план на посакувачката сила потребни се пријателската, семејната, родителската љубов, патриотизмот и општествената солидарност, општењето со природата, жалта и сострадувањето со живите суштества. На план на раздразнувачката - сеќавањето на смртта, принудувањето себеси на добро, борбата со страстите, трпението, покорноста на волјата Божја, сеќавање на своите гревови.

Најдобро од неопходното за словесната сила е концентрација во молитвата, за посакувачката - учество на богослужбите како предосеќање на небесната убавина, за раздразнувачката - исполнување на заповедите како волев акт. Разбудениот дух, дејствувајќи на словесната сила, дава можност за непосредно, интуитивно познание на духовниот свет, на она што лежи подлабоко од зборовите; неговото влијание на посакувачката сила го соопштува чувството за Бога како единствено богатство, во споредба со која земните наслади изгледаат бедно. Дејствувајќи на раздразнувачката сила, духот ја буди волјата, поттикнува стремеж кон Бога, ја заштитува душата од дејствијата на гревот и страстите и ја возобновува, ги преродува во душата чистотата и целомудрието.

При будењето на духовните сили, човекот разбира дека треба да се стекнува само она што ќе помине во вечноста, а тоа може да се најде само во Бога. Пробудениот дух може да се пројави во тајното знаење на духовниот свет како бесконечен свет, чие делче е тој самиот, и во исто време свет одразен во него, како сонце во капка вода; во она што го доживува човекот со сето негово битие дека духовниот свет е виши живот и во обратеноста кон него, како кон извор на светлина и единствена вистина на реалното битие. Тогаш, како виша духовна вредност се открива безмолвието на срцето, пред кое сите останати добродетели се чинат само стапала на скала која води кон него. Тоа може да им се чини жестоко на душевните луѓе, кои забораваат дека с# е од Бога, а не од нашите сили. Бог може да создаде голема милост за сиот свет, ако најде во тој свет чисто срце, онака како што по молитвите на такви светители, како преподобните Арсениј и Макариј, спасувал цели народи и земји, примајќи го како благоугодна жртва безмолвието на нивните срца .

Човекот добил од Бога голем дар - способност да заборава, не помалку вреден за душата од умеењето да се запомнува. Кога не би имале способност да забораваме, животот би бил неподнослив. Една од причините на нервните искомплексираности е задржувањето на некој настан во сеќавањето и несакањето во клопчето емоции истиот да се заборави, односно да се симне душевната пренапрегнатост. Нервните комплекси се слични на катарални зони во нашето тело, на неугасливи жаришта на воспаление, кои болат на допир. Да се заборава е исто така неопходно, како и да се исфрла ѓубре и старудија од станот.

Умеењето да се заборава, да се ослободува сознанието од непотребна информација е особено вредно за молитвата. Ние се сеќаваме со посредство на асоцијативни врски, затоа треба да се потрудиме тие врски да се уништат. Такви можат да бидат предметите, луѓето, местата и слично на нив. Треба да се избегнуваат средби со оние кои потсетуваат на претходниот грешен живот: најсилно асоцијативно влијание врши жив човек. Често е неопходно да се раскине дружењето со оној со кој се грешело, дури и да не се молиме за него, инаку гревот ќе се обновува во сеќавањето. Треба да се исфрлат предметите што носат печат на грев. Ако е тоа невозможно, тогаш предметите во одајата да се наместат поинаку. Особена атмосфера создаваат книгите, затоа во одајата не треба да се чува страсна светска литература. Тоа е еден од источниците на уништувачката “радијација”, која постојано го зрачи човекот. Пожелно е да се посетуваат места каде што човек порано ретко одел за да ја искине мрежата на спомени. Понекогаш за време на молитвата добро е убаво да се затворат завесите на прозорците во својата одаја и да се молиме во темница.

Ако не можеме да се откажеме од некој тежок за нас разговор, тогаш за време на разговорот треба да молчиме и да се молиме, па зборовите на собеседникот само ќе лизгаат по површината на нашата свест, не проникнувајќи во срцето. За време на таквите разговори често правиме грешки, паѓаме во незгодна ситуација, а имено, сакајќи да го убедиме човекот и демонстрирајќи го пред него својот ум, се вовлекуваме во разговорот и тој н# обзема или, плашејќи се да не го огорчиме човекот, го огорчуваме Бога. Тоа е изопачено сфаќање на добрината - повладувајќи му на страстите на другиот, кога ние, за да ја сокриеме збунетоста, се насмевнуваме и се смееме. Меѓутоа, смеењето е нешто како опијанувањето, состојба на духовна раслабеност, кога човек престанува да го контролира своето срце и како резултат на тоа останува незаштитен. Во смеата има блуд, а во шегата - дрскост, затоа тие незабележливо за нас ја распалуваат нашата чувственост. Ако самиот не пројавуваш внатрешен интерес за зборовите на штетен за душата разговор, тогаш разговорот ќе прекине. Човекот чувствува со какво расположение го слушаат, затоа ако сакаш разговорот да се прекине, сметај ги зборовите на собеседникот за ништо повеќе (не более) од шум на поток. Некои луѓе за да држат неопходна дистанца од другите или за да им ја кажат вистината в очи, без да се плашат дека ќе навредат некого, или јуродивствувале, или се правеле будали. Кој му замерува на будалата?! Но, тоа не е пат за сите.

За побрзо да се заборави гревовното минато, треба да се изменат сопствените навики: манирот како се оди, како се лежи и се зборува, како се седи покрај масата и така натаму, затоа што исто така уништува одредени асоцијативни врски. Општо земено, најмоќни средства за очистување на душата од сеќавањата на минатото се покајанието и молитвата. Простениот грев се заборава полесно, а благодатта, добиена во молитвата, како да ги заклучува вратите на подземјето на нашата свест, каде што се “чуваат” нашите гревови . Со својот мал опит испитав дека кога навистина се молам, веќе не се сеќавам на светските книги што сум ги прочитал, како никогаш да не сум ги држел во рацете, а кога се приклонувам кон одобрување на страстите, сеќавањата за прочитаното повторно испливуваат во свеста, како морските влекачи од длабочините на водите на површината. За да се заборави минатото, треба човек да се поедностави самиот себеси, својата свест, својот говор - како што борачот го мачка своето тело за да не можат лесно да го зграпчат. Ако веќе мора да се слушаат раскажувањата за нечии туѓи гревови, треба да му се изрази сочувство на грешникот и да се каже дека и самите сме виновни за слични гревови, потоа да предложиме да се каже молитва за оној за чија немоќ станува збор, и тогаш таквиот разговор брзо ќе прекине.

 

Издавач : манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче


Друго:

    Man.Zurce2.jpg

 

Од издавачката дејност на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче

sv.Serafim.Sarovski1d.jpgСв.Серафим Саровски - Сеќавањата на Богданович 

 

 

арх. Рафаил (Карелин) - Дух животен 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная